1На денешен ден пред 19 години загина македонскиот славеј Тоше Проески, неговите песни живеат и денес
МакедонијаНова потенцијална инвестиција на швајцарската компанија Баумер во ТИРЗ Скопје 1Димовски нагласи дека дирекцијата за ТИРЗ ја поддржува секоја нова инвестиција која ќе донесе поголем економски раст за државата и ќе отвори нови работни места.Досегашните активности на фабриката, како и плановите за во иднина и потенцијалната нова инвестиција во ТИРЗ Скопје 1, беа тема на разговор на денешната работна средба на директорот на дирекцијата на ТИРЗ Гоце Димовски со менаџментот на фабриката Баумер која работи во рамките на ТИРЗ Скопје 1, по што беше реализирана и обиколка низ производствениот погон. Димовски нагласи дека дирекцијата за ТИРЗ ја поддржува секоја нова инвестиција која ќе донесе поголем економски раст за државата и ќе отвори нови работни места. -Како институција активно работиме за уште поголем развој на постоечките компании во рамки на зоните, но и за нови потенцијални инвестиции кои дополнително ќе влијаат позитивно на националната економија. Оваа Влада, уште од самиот почеток како главни цели ги постави економскиот раст, новите инвестиции и новите работни места, а со досегашните резултати по повеќе од една година, верувам дека можеме уште повеќе, рече Димовски. Од страна на менаџментот на Баумер беше изразено задоволство за досегашната соработка, при што беа претставени и плановите за во иднина. Соња Стефановска, директор на фабриката посочи дека според резултатите кои се постигнати од страна на компанијата во изминатиот период, постојат можности за потенцијално зголемување на производните капацитети и воведување на нови технологии со што ќе се отворат и нови работни места. Швајцарската компанија Баумер произведува напредна сензорска технологија, енкодери, мерни инструменти од областа на електрониката. Компанијата е присутна со 39 подружници низ 19 земји од светот, а во Македонија е присутна од 2019 година, кога официјално го отвори производствениот капацитет во ТИРЗ Скопје 1, каде се наоѓа и истражувачкиот центар во кој работат инженери од областа на електрониката, информатиката и машинската технологија.Тагови: ТИРЗ Баумер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПриведен 27-годишен гостиварец, со мотор возел 188 километри на час каде што е дозволено 80Мобилната единица при МВР со полициски пресретнувач откри мотоциклист кој возел со 188 км/ч на автопатот Гостивар – Тетово, лишен од слобода 27-годишник од Гостивар.-Случајот се случил вчера попладне во 16:20 часот, кога полициските службеници од Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работи регистрирале мотор од марката „јамаха“ со гостиварски регистарски ознаки. На делница каде што ограничувањето на брзината е строго поставено на 80 километри на час, пресретнувачот измерил движење од дури 188 километри на час, што претставува повеќе од двојно над дозволеното ниво. Возачот В.Б.(27)од Гостивар е лишен од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се сите соодветни мерки и против него ќе следува соодветна постапка согласно закон. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилени сообраќајни контроли со специјалните полициски возила – пресретнувачи на територијата на целата држава, со цел откривање и санкционирање на несовесните возачи, зголемување на безбедноста на патиштата и заштита на сите учесници во сообраќајот. Управувањето на моторни возила со брзина поголема од пропишаната е една од главните причини за сообраќајни незгоди, кои најчесто резултираат со тешки последици по имотот, здравјето и животот. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветИран тврди едно, Америка друго, кој го контролира Ормускиот теснец? Централната команда на САД (CENTCOM) ги отфрли трите тврдења на Иран, наведувајќи на платформата X дека Соединетите Држави и регионалните партнери сè уште го контролираат Ормускиот теснец.Иранската револуционерна гарда вчера соопшти дека контејнерски брод, кој плови под знамето на Сингапур, потонал откако удрил во поморска мина во Ормускиот теснец, пренесува Ал Џезира. ЦЕНТКОМ (CENTCOM), сепак, наведе дека цивилниот брод бил погоден од ракета истрелана од Иран и потонал „додека бил влечен кон брегот“. ЦЕНТКОМ исто така ги отфрли тврдењата дека Иранската револуционерна гарда „убила стотици американски војници во Јордан“. „Тројца американски војници загинаа во борба во јули, додека партнерските сили ги бранеа своите позиции од ирански напади“, соопшти Централната команда на САД.Тагови: Иран Ормускиот теснец САД Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаО. Бутел: Целосна реконструкција на двата паркинга на улицата „Костурска“ во Скопје СеверОпштина Бутел продолжува со интензивна реализација на инфраструктурните проекти во населбата Скопје Север.Започна целосната реконструкција на големиот и малиот паркинг на улицата „Костурска“. Со реализацијата на овој значаен инфраструктурен проект ќе се обезбедат подобри услови за паркирање, уреден јавен простор и поквалитетно секојдневие за жителите на Скопје Север. Градоначалникот Дарко Костовски и Општина Бутел продолжуваат со реализација на ветените проекти, со посебен акцент на подобрување на инфраструктурата и рамномерен развој на сите населени места.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter