Нова полициска акција за расчистување со мрежа за нелегален престој на странски државјани - Канал 5

Нова полициска акција за расчистување со мрежа за нелегален престој на странски државјани

Разбиена е мрежа за нелегални престои на странски државјани во земјава откако денеска биле спроведени претреси на полицијата поради постоење сомнежи за злоупотреби на службената положба и поткуп, каде предмет биле и полициски службеници.

Нова полициска акција за расчистување со мрежа за нелегален престој на странски државјани

Осомничени 13 лица, меѓу нив седум полициски службеници кои на турски државјани за пари им давале дозволи за студентски престој, иако не биле студенти. Полицијата денеска уапси 11 а по две други лица се уште трага.

Според Обвинителството, од јануари до април годинава, осомничените им овозможиле на пет странски државјани незаконски да го продолжат престојот во земјава.

-Осомничените физички лица за определена награда посредувале и преземале дејствија со цел турските државјани чиј рок за одобрен престој заради студирање им бил истечен да се стекнат со дозвола за одобрен привремен престој во РМ. Имајќи предвид дека незаконскиот престој согласно одредбите од Законот за странци е прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – глоба во износ од 50 до 250 евра во денарска противвредност, осомничените го оштетиле и Буџетот на РМ,- – ОЈО ГОКК.

Од МВР соопштија дека акцијата за разбивање на мрежата за нелегален престој на странски држабвјани, била спроведена на осум локации во Скопје и Штип како и во службените простории на Регионалниот центар за гранични работи Север.

Јавниот обвинител имајќи ги предвид околностите, оценил дека се исполнети условите и до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, ќе поднесе предлог за определување на мерката притвор за петмина осомничени, додека за осум лица предлог за определување мерки на претпазливост.

YouTube video

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

Собранието на денешната 59. седница донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител.

Собранието донесе одлука за распишување оглас за избор на Народен правобранител

На седницата беше прифатен предлогот за избор на член на Комитетот за односи меѓу заедниците, од редот на Ромската заедница, а беа донесени и законите за вработените во јавниот сектор, административни службеници и за стручно усовршување и обука на административните службеници.

Прифатени и на натамошно второ читање беа дадени предлог-законите за изменување и дополнување на законите за туристичката дејност, за заштита на културното наследство и за библиотеките, како и измените на Законот за државните награди. Пратениците не го прифатија предлог законот за дополнување на Кривичниот законик.

Собранието ги усвои извештаите за реализација на Годишната програма за работа и развој на Агенцијата за цивилно воздухопловство, годишните извештаи за работењето на Агенцијата за супервизија на осигурување и на Агенцијата за супервизија на осигурување за состојбата и движењата на осигурителниот пазар, сите за во 2024 година.

Седницата треба да продолжи во 13 часот и 50 минути.

На дневен ред останаа предлог законите за изменување и дополнување на Законот за возила и на Законот за здравствено осигурување двата по скратена постапка.

Пратениците во рамките на 59. седница треба да ги разгледаат и предлог законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Јавно претпријатие Македонска радиодифузија, предлог закон за изменување на Законот за научно-истражувачка дејност, предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за платежни услуги и платни систем и предлог на закон за изменување на Законот за воздухопловство сите по скратена постапка.

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

 Македонската фудбалска репрезентација се искачи за пет места на најновата ранг-листа на ФИФА, која беше објавена денеска и се наоѓа на 62 позиција.

Македонија напредуваше пет места на ФИФА ранг-листата

Напредокот на ФИФА рангирањето е поврзано со успешниот настап во мундијалските квалификации во јуни во кои Македонија одигра нерешено 1-1 против фаворитот Белгија во Скопје, а триумфираше на гостински терен над Казахстан со 1-0.

На најновата ранг-листа на ФИФА, Хрватска се врати во Топ 10, истиснувајќи ја Италија, која сега е на 11 позиција со пад од две места. Португалија се искачи за едно место и сега е на шестата позиција, додека Холанѓаните паднаа на седмото место.

Белгија остана на осмата позиција, додека на самиот врв нема промени и актуелниот светски шампион Аргентина сè уште го држи првото место пред Шпанија и Франција. Англија остана на четвртото, а Бразил на петтото место.

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница.

Муцунски: Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван

Статусот на Охридското Езеро како светско природно и културно наследство е зачуван. Овој успех е резултат на активна, посветена и координирана дипломатија, во соработка со нашите партнери и пријатели од меѓународната заедница, изјави денеска во Владата министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.

Министерот истакна дека уште од првиот ден, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, активно се вклучиле во процесот.

- Заедно покажавме дека кога постои јасна волја, координација и одговорен пристап – резултатите се неминовни. Водевме интензивни разговори, спроведовме дипломатски консултации и градевме заеднички позиции со државите-членки на Комитетот за светско наследство, рече Муцунски.

Тој посочи дека остојбата што нова авласт ја наследи затекна е резултат на години запоставување, неодговорно управување и изостанок на суштински мерки од страна на претходната влада.

- Наместо превенција и одговорност, оставија проблем што бараше итно решавање. Нашиот пристап беше поинаков – не декларативен, туку посветен и фокусиран на резултати, вели шефот на дипломатијата.

Муцунски потенцира дека зачувувањето на статусот е само прв чекор, останува обврската да се обезбеди долгорочна заштита, одржливо управување и повторно да се изгради довербата во институциите и капацитетот на државата да се грижи за своето највредно природно и културно наследство.

Тој упати благодарност до тимот на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија – „за нивната стручност, пожртвуваност и тивка, но клучна работа зад сцената“, што придонесла за оваа одлука на УНЕСКО, која, како што наведе, значи многу за нас како држава.

притисни ентер