Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
2Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
2Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
КултураНова поетска книга од Раде Силјан„Матица македонска" објави нова стихозбирка на поетот и литературен критичар Раде Силјан, насловена „Отворена книга". Книгата е составена од единаесет подолги песни, поделени во три циклуси кои градат една неразделна тематска целина.За најновото дело на Силјан, академик Матеја Матевски пишува дека тоа е „оптимистички и утописки повик на поет, со оглед на реалноста на белата чума што не опфаќа“. - Оваа молитва претставува ода на животот. Тоа е возвишен солилоквиум, едно хумано чувство што предупредува за загрозите што ги носи човекот во себе..., пишува Матевски. Раде Силјан е автор на 15 поетски книги и повеќе критичко-есеистички дела посветени на македонската книжевност. Негови дела се преведени на англиски, руски, турски, италијански, полски, романски, унгарски, украински, српски, бугарски, грчки и на латински јазик. Добитник е на национални и меѓународни награди, како и на наградата „11 Октомври“ за животно дело.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКристијано Роналдо казнет со 255 евра!Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра. Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика. Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ. Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски. Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина. „Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа. Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“. Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп. Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?Владата да престане со евтиниот ПР-театар и конечно да одговори на суштинското прашање на народот: чии функционери спасувавте со измените на Кривичниот законик и кому му требаше ова доцнење за делата за висока корупција конечно да застарат? Либерално-демократската партија (ЛДП) потсетува дека во септември 2023 година беа намалени казните, а со тоа скратени и роковите за застареност, што овозможи низа предмети за злоупотреба на службената положба да завршат во фиока без судска разрешница. Особено е лицемерно денес Владата да се „пере“ пред јавноста и да бара оправдување во Брисел, откако во јануари годинава нивното мнозинство експресно го одби амандманот на ЛДП за итно враќање на строгите казни и заштита на државниот буџет. Сите се сеќаваме што бранеа и што одбиваа на почетокот на оваа година оставајќи си слобода за криминално работење. „Уште во јануари предупредив дека со ваквите закони функционерите повторно добиваат амнестија поради застареност, но го одбија нашиот амандман. Денес пак најавуваат реформи и испраќање текстови во Брисел, иако новата ЕУ Директива 2026/1021 јасно бара подолги рокови за гонење на корупцијата. Европските стандарди не се пречка, туку бараат ефикасна правда. Ајде да се обложиме – ќе го чепнат ли воопшто институтот застареност за висока корупција во новиот текст или пак си оставаат вратички? Ако сте искрени, прифатете ги нашите предлози: вратете ги строгите казни веднаш! Еве им го мојот глас уште утре во Собранието“, порача Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и пратеничка во Собранието. Додека Владата се крие зад нови рокови, најави и дипломатски процедури, реалноста на теренот е дека правдата што намерно се одложува сѐ додека не застари, за граѓаните значи само едно – системска неказнивост. Народот не е должен да трпи манипулации во кои мандатите на функционерите траат четири години, а кривичните предмети намерно се држат во фиоки сѐ додека не ги изеде времето. ЛДП бара Владата веднаш да го објави подготвениот текст на Кривичниот законик, наместо прво да го шета по странски ходници, за сопствените граѓани, пратеници и правната фела да видат дали навистина има волја за борба против криминалот. Доколку владејачкото мнозинство има искрена намера да го сопре институционалниот колапс, уште оваа недела ќе ги прифати барањата на ЛДП за драстично зголемување на казните и продолжување на роковите за застареност за сите избрани и именувани лица!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter