Нова победа за Атланта, прв пораз за Индијана во НБА лигата - Канал 5

Нова победа за Атланта, прв пораз за Индијана во НБА лигата

Кошаркарите на Атланта успеајаа да им се реваншираа на кошаркарите на Њујорк за поразот на домашен терен откако ноќеска славеа убедливо во „Медисон Сквер Гардер“ со 110:90 (24:26; 30:21; 26:22; 30:21). Ова за Њујорк беше петти пораз по ред на домашен терен.

Нова победа за Атланта, прв пораз за Индијана во НБА лигата

Во редовите на Атланта втор натпревар по ред не играше македонскиот кошаркар Перо Антиќ. Неговите соиграчи кои беа на теренот беа ефикасни, а осум од нив постигнаа двоцифрен број поени. Предводници беа: Џеф Тиг 16 поени, Кајл Корвер 15 . Најпрецизен на натпреварот беше Кармело Ентони со 23 поени. Атланта следниот натпревар го игра на 19.ноември на гости кај шампионот Мајами.

Ноќеска првиот пораз во лигата го претрпе Индијана, која загуби на гостувањето кај Чикаго.

Преглед на резултатите на ноќешните натпревари: Шарлот – Мајами 81:97, Орландо – Далас 100:108, Вашингтон – Кливленд 96:103 (продолжение), Њујорк – Атланта 90:110, Чикаго – Индијана 110:94, Хјустон – Денвер 122:111, Минесота – Бостон 106:88, Њу Орлеанс – Филаделфија 135:98, Милвоки – Оклахома Сити 79:92, Голден Стејт – Јута 102:88 и Лос Анџелес Клиперс – Бруклин 110:103.

Вечерва се играат три натпревари: Торонто - Портланд, Сакраменто - Мемфис и Лос Анџелес Лејкерс - Детроит.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест

Земјоделците од Струмичко и денеска повторно излегоа на протест, незадоволни од откупната цена на црвената пиперка позната како „ајварка“, која најчесто се користи за подготовка на ајвар.

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест

Како што објави „Струмица Денес“, производителите бараат повисока откупна цена, посочувајќи дека сегашните услови не ги покриваат вложувањата и трошоците за производство.

На протестот земјоделците носат транспаренти преку кои го изразуваат револтот од состојбата со откупот. Дел од пораките се насочени кон откупувачите и трговците, а производителите предупредуваат дека со ниските цени земјоделското производство станува сè понеисплатливо.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар

Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот.

Андоновски: Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, нема право да морализира за случајот во Гостивар

Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за тоа дека водата во Гостивар не е за пиење, а тие тоа го криеле и не преземале ниту една мерка за справување со проблемот.

Овој проблем во Гостивар не е од денес, туку е од децениската негрижа на локалните власти. Филипче и СДС требаше сега кога имаат градоначалник кој отворено го поддржаа во Гостивар, како и кадри кои предводат локални институции, да го решат проблемот со водата, а не да политизираат.

Филипче, ДУИ и партијата на Таравари требаше веднаш да ја земат работата во свои раце, но затоа што се неспособни, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во рекорден рок обезбеди техничка вода за користење, а секојдневно добиваме и флаширана вода за пиење.

ЈО треба да го истражи молкот на Филипче и власта на СДС која дозволувала Гостиварци да се трујат со години, а да не знаат од што им се потоа болестите.

Талогот од СДС најмалку што можеа да направат е да се извинат и да донираат некој пакет вода за жителите, но тоа не го очекуваме затоа што тие немаат чест и углед.

Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар

YouTube video

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиони

Редок модел на Ferrari Monza SP2, со проценета вредност од 3,7 милиони фунти, било запленето во Лондон за време на викендот. 

Фото:Во Лондон запленети 90 луксузни автомобили, вклучително и „Ферари“ вредно 3,7 милиони

Автомобилот беше еден од 90-те возила што полицијата ги заплени при акцијата против несовесното возење во областите Кенсингтон, Челзи и Хајд Парк.

Вкупната вредност на запленетите возила надминува 8 милиони фунти, пренесува BBC News.

Скапоценото Ферари ( Ferrari Monza SP2) – модел од кој се произведени само 499 примероци, било запленето само половина час откако по прв пат се појавило на улиците на Лондон.

Според информациите од полицијата, возачот бил зад воланот помалку од триесет минути. Утврдено е дека поседувал само привремена возачка дозвола и дека возилото не било осигурено. Модел од овој тип беше продаден на аукција претходно оваа година за 3,7 милиони фунти.

Полицијата на лице место запленила петнаесет возила, користејќи овластувања што дозволуваат конфискација без претходно предупредување доколку автомобилот се користи на начин што го загрозува јавниот ред. Главниот инспектор Џеф Татман, кој ја предводеше операцијата, ги објасни мотивите зад оваа акција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер