3Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир
СкијањеНова победа на Вон во АлтенмаркАмериканката Линдзи Вон триумфираше на денешниот супервелеслалом што се возеше во Алтенмарк. Таа по вчерашниот триумф во спустот беше најбрза и на денешното натпреварување. Воедно ова за нема беше четвртта едноподруго победа во „супер џи“. Вон до триумфот стигна со време 1:12.75 минута и беше за 70 стотинки побрза од Лара Гут од Швајцарија. Третото место го освои Корнелиа Хутер (Австрија) со време 1:14.00 минута. Вон води во пласманот за супервелеслалом со 200 бодови, Хутер има 120. Во генералниот пласман Вон ја намали разликата во однос на Гут која се наоѓа на првата позиција. Сега Гут има 738 бодови, а Вон 700.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сексапилната Хали Бери Холивудската ѕвезда, актерката Хали Бери објави серија фотографии кои се најсекси досега.Атрактивната актерка Хали Бери ужива во жешкото лето и дава сè од себе за да го направи уште пожешко со провокативни фотографии. 59 годишната Хали Бери е позната по провокативните фотографии на кои не се двоуми да го покаже и своето голо тело, а неодамна објави и серија жешки слики. Добитничката на „Оскар“ спакува разновидни комбинации за плажа за својот одмор на Фиџи со свршеникот Ван Хант, но изгледа дека не облече ниту една од нив... Додека се сончаше покрај базенот, таа ја соблече речиси целата облека, што може да се види на фотографијата што ја сподели на Инстаграм за време на викендот – една од многуте што ги направи за време на ова идилично патување. Тагови: Хали Бери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04Сончево и многу топло,температурата до 39 степени08:23Македонија во портокалова фаза поради екстремно топлото време15:00Седница на главниот штаб за кризи: Водата во Гостивар останува забранета за употреба08:46Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
Во владата потпишани се договорите за финансирање на изградбата на железничката делница Крива Паланка – Деве Баир11:04
Зголемен бројот на повици во Итната медицинска помош поради топлото време, дневно има над двесте15:08
КултураКонцерт под свеќи со Стефан Миленковиќ и „Профундис“Репертоарот на класична музика на 66. „Охридско лето“ продолжува вечерва со концерт под свеќи на камерниот оркестар „Профундис“ од Македонија и српскиот виолинист Стефан Миленковиќ. Во Предворјето на црквата „Света Софија“ од 21 часот, тие ќе настапат под диригентската палка на маестра Ѓурѓица Дашиќ. Еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ ужива углед на профилиран солист и рецитален уметник кој настапува на меѓународната сцена веќе долги години покажувајќи врвна професионалност и безгранична креативност. Повеќепати застанува на сцените на престижниот „Карнеги Хол“ во Њујорк, како и во „Кенеди центарот“ во Вашингтон, „Кадоган хол“ во Лондон, „Сантори Хол“ во Токио, како и на повеќето подиуми на театрите во Италија како „Ла Фениче“ во Венеција, „Сан Карло“ во Неапол, и театарот „Петруцели“ во Бари. Неговите настапи со оркестри ги вклучуваат: Симфонискиот оркестар во Индијанаполис, Берлинскиот симфониски оркестар, Камерниот оркестар „Орфеус“, Филхармонијата во Хелински под диригентските палки, на меѓу другите сер Невил Маринер и Лорин Мазел. Настапува пред видни личности и светски лидери, меѓу кои Роналд Реган, Михаил Горбачев и папата Јован Павле II. Миленковиќ е лауреат на повеќе интернационални натпревари како: Меѓународниот натпревар во Индијанаполис (САД), натпреварот „Кралица Елизабета“ во Белгија, „Родолфо Липицер“ и Премио „Паганини“ во Италија, натпреварот „Лудвиг Шпор“ во Германија и натпреварот „Јехуди Мењухин“ во Велика Британија. Ѓурѓица Дашиќ дипломира на Факултетот за музичка уметност на одделот – оркестарско диригирање во класата на проф. Саша Николовски-Ѓумар. Од 2008 година е вработена во Македонската опера и балет како хор-мајстор. Учествува во поставувањето и во одржувањето на целокупниот репертоар во Македонската опера. Соработува со голем број истакнати диригенти во улога на соработник и на асистент-диригент, меѓу кои и Емил Табаков, Џанлука Мартиненги, Енрико Довико, Саша Николовски-Ѓумар, Вања Николовски-Ѓумар, Урош Лајовиц и со многу други. Како оркестарски диригент, во својата матична куќа ги диригира оперите „Рита“ од Г. Доницети, „Севилскиот берберин“ од Џ. Росини и традиционалниот концерт Млади оперски надежи „Коста Трпков“. Активно учествува во подготовката и во реализацијата како оркестарски диригент на првиот македонски мјузикл „Тајно моја“, во чест на Тоше Проески. Во 2019 година го формира камерниот оркестар „Профундис“ со кој активно работи како негов уметнички раководител и диригент и реализира исклучително успешни соработки и настапи. Камерниот оркестар „Профундис” е формиран во 2019 година од страна на диригентката Дашиќ. Во него членуваат некои од најистакнатите македонски инструменталисти од повеќе различни генерации. Идејата на „Профундис” е да се создаде висококвалитетен професионален ансамбл кој покрај изведбите на капитални дела, ќе поставува праизведби на дела од современи автори од класичната музика, да биде во функција на македонските врвни изведувачи, како и на македонските современи автори, да носи светски имиња од светот на класичната музика како солисти и да ги поместува границите на креативноста како во смисла на изведбата, така и во смисла на сценскиот настап. Оркестарот „Профундис” низ својата активност ќе забележи исклучително успешни концерти сo светски познатите солисти како виолинистите: Стефан Миленковиќ, Роман Симовиќ, Јован Богосављевиќ, Ирина Мурезану и Марио Хосен; виолончелистите: Петар Пејчиќ и Драган Ѓорѓевиќ-Сузуки; Огњен Поповиќ – кларинет; Џузепе Нова – флејта; Даниеле Ајело – гитара; Антонио ди Кристофано – пијано; како и со македонските солисти: Владимир Костов, Ана Кондратенко, Благој Нацовски, Ема Попивода, Наде Талевска, Марија Ѓошевска, Славица Мицовска, Бранко Павловски, Љубиша Кировски и др.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВидео: Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Германски туристи сакале одблизу да ја видат границата со Русија! Со велосипеди влегле во забранетата зона и „фотографирале“ руска територија!Двајца германски туристи, кои со велосипеди влегле во забранетата зона во близина на границата меѓу Полска и руската област Калининград и ја фотографирале областа, биле приведени од полските граничари. Туристите, како што изјавиле, сакале одблизу да ја видат надворешната граница на Европската Унија, но поради влегувањето во забранетата зона и снимањето на руската страна, биле казнети со вкупно околу 280 евра. W Polsce ukarano niemieckich turystów za fotografowanie granicy z obwodem kaliningradzkim Dwóch obywateli Niemiec wjechało rowerami do zamkniętej strefy przygranicznej, ignorując znak drogowy, ponieważ chcieli z bliska zobaczyć zewnętrzną granicę Unii Europejskiej. Dodatkowo… pic.twitter.com/P1cn6tAp7s — NEXTA Polska (@nexta_polska) August 6, 2026 Инцидентот се случи во заштитната зона на границата меѓу Полска и Калининградската област. Двајца германски државјани, кои патувале со велосипеди, влегле во граничната зона и покрај јасно истакнатите знаци за забрана, сакајќи одблизу да ја видат надворешната граница на Европската унија. На видеото се гледа како туристите се приближуваат до граничната ограда, по што припадници на граничната полиција, кои патролирале во тој дел, им приоѓаат и интервенираат. Според соопштението на полската гранична служба, 63-годишен германски турист фотографирал делови од регионот Калининград, кој е дел од Русија, иако тоа е забрането. Надлежните потсетија дека и неовластеното влегување во граничната зона и фотографирањето на територијата на соседната земја се строго забранети.Тагови: Полска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter