Нова летна фризура што ќе им се допадне на љубителите на едноставниот стил - Канал 5

Нова летна фризура што ќе им се допадне на љубителите на едноставниот стил

Ако барате летна фризура која не бара многу време, можеби ќе ви се допадне оваа „нирвана“ фризура. 

Нова летна фризура што ќе им се допадне на љубителите на едноставниот стил

Нова летна фризура што ќе им се допадне на љубителите на едноставниот стил, но и на Курт Кобеин

Ако барате летна фризура која не бара многу време, можеби ќе ви се допадне оваа „нирвана“ фризура. Станува збор за кадрици кои истовремено се лежерни и софистицирани, но и неодоливо потсетуваат на опуштениот стил од деведесеттите.

Новата фризура се карактеризира со меки, широки брановидни прамени кои на косата ѝ даваат природен изглед и волумен. За разлика од прецизно стилизираните кадрици, оваа фризура изгледа како да не бара премногу труд, па особено ќе им се допадне на љубителите на минимализмот, но и на рокерите кои го обожаваа Курт Кобејн.

Комбинацијата на едноставност и елеганција, оваа фризура ја прави идеална за секоја пригода, било тоа да е обично излегување или свечен настан.

Покрај тоа, оваа „нирвана“ фризура е лесна за обликување, одговара на секој тип коса и облик на лице. Брановидните прамени ѝ даваат волумен на тенката коса, додека на густата коса и даваат лесен, прозрачен ефект.

Оваа „нирвана“ фризура се однесува на опуштен стил кој „имитира“ изглед без шминка и изгледа малку разбушавено. Станува збор за прифаќање и подобрување на природните текстури кои се совршени за летните месеци.

Како да ја направите „нирвана“ фризурата?

Клучот е - лесна пена за коса. Нанесете ја на косата додека е уште влажна и обликувајте ја со раце или со дифузер. Уште еден едноставен начин до оваа фризура е да направите плетенки и да ги чувате само неколку часа, така ќе добиете ефектни брановидни прамени совршени за летото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СП2026: Канада прв осминафиналист

Ко-домаќинот на 23 светски фудбалски шампионат Канада е во осминафиналето!

СП2026: Канада прв осминафиналист

Канадските фудбалери се првите учесници во осминафиналето на Светското првенство, откако на отворањето на нокаут фазата на Мундијалот ја елиминираа Јужна Африка со резултат 1:0 (0:0).

Еден од домаќините на Светското првенство оствари историски успех со гол во судиското продолжение, постигнат од Стивен Јусташи.

YouTube video

Во битката за четвртфиналето, екипата на Џеси Марч ќе игра против подобриот тим од дуелот Холандија-Мароко, кој ќе се игра ноќта помеѓу понеделник и вторник од 03:00 часот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски денеска во министерството ќе има средба со министерот за надворешни работи Литванија Кестутис Будрис.

Литванскиот министер за надоврешни работи во посета на Македонија

Во фокусот на разговорите ќе бидат унапредувањето на билатералните односи меѓу двете земји, соработката во рамките на НАТО, како и поддршката од Литванија за европската интеграција на Македонија.

Во рамките на посетата е предвидена тет-а-тет средба со министерот Муцунски, по што ќе следи заедничка прес-конференција..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Пожар на островот Вис во Хрватска

Голем пожар на отворено избувна на островот Вис синоќа околу 22:30 часот. 

Видео: Пожар на островот Вис во Хрватска

Огнот зафати борова шума и ниска вегетација во областа на Комижа, долж патот кон Подхумље, објави веб-страницата „Firefighters 193“.

Сите расположиви противпожарни сили од оперативното подрачје Вис веднаш биле испратени на местото на настанот. Во интервенцијата учествуваат пожарникари од противпожарните одделенија на Комижа и Вис.

Противпожарната одделенија на Комижа распореди девет возила и 35 пожарникари, а противпожарната одделенија на Вис распореди шест возила и исто така 35 пожарникари, со што вкупно на местото на настанот се наоѓаат 15 возила и 70 пожарникари.

Пожарот е сè уште активен, а неговото гаснење го отежнуваат сувата вегетација и ширењето на пожарот на отворен простор.

Иако немаше силен ветер во текот на ноќта, пожарот се прошири брзо во првите часови поради екстремно сувата почва.

Од утрово на терен се и три авиони канадари, додека четвртиот авион пристигнува и ќе биде вклучен во гаснењето на пожарот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер