Нова кампања за вдомување на заборавените кучиња од ЈП Лајкa: „Дали си ти мојот дом?“ - Канал 5

Нова кампања за вдомување на заборавените кучиња од ЈП Лајкa: „Дали си ти мојот дом?“

 ЈП Лајкa во соработка со режисерката Ана Јакимска и фотографот Александар Чокревски ја лансира кампањата „Дали си ти мојот дом?“, посветена на вдомување на долго задржаните кучиња кои со години чекаат свој човек.

Нова кампања за вдомување на заборавените кучиња од ЈП Лајкa: „Дали си ти мојот дом?“

Како што се наведува во соопштението на ЈП Лајка, кампањата преку моќни фотографии ги прикажува кучињата во топли, секојдневни сцени, моменти во кои недостасува само еден елемент за сликата да биде целосна, новиот сопственик што ќе им подари љубов и дом.

-Овие кучиња не се бројки, туку личности со свои приказни, емоции и надежи. Со оваа кампања сакаме да допреме до срцата на луѓето и да им покажеме дека секој дом има место за уште еден член – особено за оној што најмногу чека, се вели во соопштението.

Преку „Дали си ти мојот дом?“, се додава во соопштението, јавноста ќе има можност да ги запознае најдолго задржаните штитеници на Лајка, да ја види нивната нежна страна и да дознае како да им подари нов почеток.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Половина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски таблици

Шокантни бројки од системот  „безбеден град“- над 310 илјади прекршоци биле снимени од камерите на МВР од февруари кога се пуштени во употреба до завчера, а 97 отсто се за надминување на брзината. 

Половина од прекршоците снимени од камерите на Безбеден град се од странски таблици

Податоците на полицијата покажуваат дека дури повеќе од половина, над 180 илјади се направени од возила со странски таблици, оние кои почнаа да се наплаќаат пред три дена на Табановце.

-Во однос на прекршоците сторени од возила со странски регистарски ознаки, во периодот од отпочнување на функционирање на системот „Безбеден град“ регистрирани се вкупно 180.378 прекршоци, додека во периодот од 19 до 20 август оваа година, регистрирани се 5.514 прекршоци од возила со странски регистарски ознаки. - Гоце Андреевски – портпарол на МВР

За разлика од претходните денови, од МВР информираат дека сообраќајот на Табановце сега е нормализиран, без поголеми задржувања. Ова според нив се должи на апликацијата преку која сега странците може да си ги плаќаат казните електронски, а истата се најавува дека наското ќе важи и за возачите од земјава. Системот за наплата на казните ќе се надградува и на другите граници, не само на Табановце, каде што деновиве особено кај бројните српски државјани се создаде револт бидејќи чекаа во редици за да платат пред да излезат од Македонија. Наспроти нервозните патници, на социјалните мрежи кружи и видео од оро за кое се тврди дека се Срби кои играат додека чекаат на граница.

Покрај со парични казни, оние кои сториле поголеми прекршоци во македонскиот сообраќај одговараат и кривично. Вчера на Табановце бил лишен од слобода 35 годишен државјанин на Холандија кој од камера на „Сејф сити“ бил фатен дека со порше вози 168 километри на час, на пат кадешто е дозволена максимална брзина е 80км/ч. Од МВР информираа дека тој ќе добие кривична пријава за делото „безобзирно управување со моторно возило“.

Освен преку камерите, полицијата казнува и на терен- синоќа во акција за само седум часа санкционирани се 262 возачи, од кои 102 биле на мотори.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

Западнонилската треска ја зеде и петта жртва во Македонија. Станува збор за 73 годишне маж, кој имал и други придружни болести. 

73-годишен маж е петтата жртва од западнонилска треска

Информацијата пред малку на прес конференција ја соопшти директорот на инфкетивната клиника д-р Фадиљ Цана.

Ја следеше Мирјана Мирчевска Јовановиќ.

Дали се познати причините за смртниот исход кај пациентот?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Колку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори?

Евентуалното нивно одржување според дел од политичките аналитичари е можно догодина на пролет.

Колку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори?

Колку е реална можноста земјава да оди на предвремени парламентарни избори? Прашањето деновиве повторно го актуализираа лидерите на политичките партии кои изразија подготвеност за изборно соочување, но засега никој не сака да иницира предвремено гласање. Евентуалното нивно одржување според дел од политичките аналитичари е можно догодина на пролет поради важноста на техничката влада уште на овие парламентарни избори.

„Не гледам логика, ниту пак термин тие да се одржат во текот на оваа година. Единствен логичен термин е пролет 2027 кој се шпекулира веќе подолго време, имајќи предвеид дека поради фактот што и овој пат останува пржинската влада потребни се сто дена за техничка влада, така што тешко е сето тоа да се случи наесен, а и на зима тешко се одржуваат избори затоа што некои села остануваат непристапни“– Петар Арсовски, политички аналитичар

„Доколку се одржат евентуални предвремени избори тоа ќе биде напролет бидејќи се уште важо законот за т.н техничка влада. Доколку се одржат кон крајот на оваа година веќе на почетокот на септември мора да имаме согласно законот и Уставот пржинска влада – со технички премиер и минстри од редовите на опозицијата, но такво нешто засега не гледаме“– Бчагојче Атанасовски, политички аналитичар

Можен повод за предвремено изборно соочување Арсовски гледа во евентуална внатрешна или надворешна криза, а според Атанасовски искуствата во политиката досега покажале дека предврмени избори може да се случат и без поголем и кокретен мотив. Според него клучот за нивно одржување сепак е во рацете да на владеачкото мнозинство.

„Доколку нема вистински контекст, односно доколку нема вистинска политичка ситуација или проблем кој едиснтвено се решава со предвремени парламентарни избори, најголем дел од гласачите ќе ги оцентат таквите избори само како полтички маневар. И тоа е во моментот борбата на политичките партии кој ќе биде условно виновник за одржување на предвремени избори. Може да се случи некаква политичка криза, блокирање на Собранието. Може да се счучи некаква внатрешна коалициска препирка во рамки на валдечката коалиција или некаква надворешна политичка криза – да речеме уставни измени или притсиок од ЕУ.“ – Петар Арсовски, политички аналитичар

„Може тие да бидат предизвикани од некаков договор меѓу валста и опозицијата или фрлена ракавица од опозицијата кон власта, под услов власта веднаш да прифати. Во Македонија воопшто не ме изненадува и да нема некоја особена и значителна политичка причина или да нема некоја безбедносно – општествена или политичка криза за да се распишаат нови предвремени парламентарни избори“– Бчагојче Атанасовски, политички аналитичар

Премиерот Мицкоски деновиве порача дека доколку бидат предзвикани од опозицијата ќе прифатат предвремени избори, но Филипче вели дека тој нема да биде алиби за нивно одржување и дека СДСМ нема да ги иницира. Влен досега не се изјасниле. Единствено опозициската ДУИ отврено бара веднаш да се распушти Собранието и да се определи датум за предвремено изборно соочување.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер