Нова кампања на УНИЦЕФ и МЗ за имунизација „Да не си играме со здравјето!“ - Канал 5

Нова кампања на УНИЦЕФ и МЗ за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

Под мотото „Да не си играме со здравјето“ Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка од УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“.

Нова кампања на УНИЦЕФ и МЗ за имунизација „Да не си играме со здравјето!“

Под мотото „Да не си играме со здравјето“ Министерството за здравство и УНИЦЕФ со поддршка од УСАИД од денеска почнуваат со нова фаза од кампањата „Заштитени заедно – вакцините делуваат“, со цел на граѓаните и понатаму да им се обезбедат точни и навремени информации за вакцините и имунизацијата.

Комуникациската кампања е дел од серијата активности што ги спроведуваат партнерите за да се поттикне вакцинирањето по нарушувањето предизвикано од пандемијата со КОВИД-19. Кампањата конкретно има за цел да ги потсети родителите и старателите дека кога се пропушта или одложува вакцинацијата, децата и заедниците се изложени на ризик од болести што може да се спречат со вакцина.

-Иако по пандемијата со КОВИД-19 се забележува пораст во опфатот со вакцинација, неопходно е тековно обезбедување точни и навремени информации за вакцините коишто можат живот да спасат. Во таа насока, на почетокот од годинава ја креиравме веб страницата е-zdravstvo.mk со потврдени и стручни информации за важноста на редовната вакцинација и други теми од областа на здравството, како што се дигитално здравство, апликацијата „Мое здравје, тековни скринизи и други информации значајни за заштита на здравјето. Таму може да се најдат сигурни информации за вакцините што се даваат во земјата според националниот календар и за болестите што може да се спречат преку вакцинација. Во текот на годината, работевме на повеќе фронтови за да можеме да постигнеме опфат со вакцини над 90-95 отсто на национално ниво за сите редовни вакцини. Оваа кампања ќе помогне да се потсетат родителите на нивната одговорност да ги заштитат своите деца на ист начин како што тие биле заштитени од нивните родители од болести како што се мали сипаници и полио, истакна министерот за здравство, д-р Фатмир Меџити.

Покрај оваа кампања, Министерството за здравство и УНИЦЕФ, со поддршка од УСАИД работат на интегрирање на систем за управување со неточни информации во рамки на националните структури за донесување одлуки. Заедно со партнерите, тековниот дијалог меѓу здравствените работници, експертите и медиумите придонесе за позитивна промена во однос на ставовите за вакцините. Информирањето на заедницата и поддршката за ангажирање на тимовите за имунизација во четири општини во кои е забележан понизок опфат со вакцинација, исто така, покажуваат ветувачки резултати, и поголем број родители се опфатени на ниво на локалната заедница.

-Во текот на годината соработуваме со партнерите за да ја подобриме довербата во научните наоди за вакцините. Се забележува дека има зголемено позитивно мислење за вакцините, што е ветувачки, бидејќи има многу неточни информации за вакцините што циркулираат во онлајн светот. Погрешните информации се опасни, создаваат плодна почва за појава на болести, а родителите и старателите имаат потреба од континуиран пристап до сигурни информации. Вакцинирањето на децата не е избор, туку одговорност. Вакцините ги штитат децата, возрасните и заедниците, рече претставничката на УНИЦЕФ, Патриција ДиЏовани.

Кампањата „Да не си играме со здравјето!“ ќе се спроведува во следните месеци низ целата земја. Таа е продолжение на кампањата од почетокот на оваа година, во која се вклучија здравствените работници, педијатрите, лекарите од пунктовите за вакцинација и гинеколозите за да зборуваат за опасностите од одложување на вакцинацијата, како и за придобивките од рутинските вакцини во детството, како најефикасен начин да се заштити здравјето на децата.

Составен дел на кампањата е тековната промоција на дигиталната платформа Е-здравство, што почна да функционира на почеток на оваа година со посебен дел посветен на имунизацијата и служи како единствено место за добивање сигурни информации за вакцините. Повеќе информации за новата кампања „Да не си играме со здравјето!“ може да се најдат на: www.unicef.mk.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска, ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин, Ирска.

Сиљановска-Давкова ќе учествува на деветтиот состанок на Европската политичка заедница во Даблин

На настанот, што се одржува во рамки на ирското претседателство со Советот на Европската Унија, е предвидено учество на над 50 европски шефови на држави или влади и лидери на клучни европски и меѓународни институции. Со состанокот ќе ко-претседаваат претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта и ирскиот премиер, Михал Мартин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски.

Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.

Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава.

СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи.

Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот.

Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски.

По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа.

И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника.

Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава.

Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее.

Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група.

Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара.

Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад.

Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер