Нова идеја: Од класично возило се прави хибрид - Канал 5

Нова идеја: Од класично возило се прави хибрид

Технологиите за брзо и лесно прилагодување на автомобилите од фосилни горива на целосно електрични или хибридни погони интригираат многу иноватори, а идејата на Австралиецот Александар Бартон се приклучува на низата предложени решенија.

Нова идеја: Од класично возило се прави хибрид

Неговиот изум е наречен „Rapid Electric Vehicle Retrofit (REVR)“ и треба да послужи во хибридизацијата на класичните автомобили, со прифатлива цена и релативно едноставна инсталација.

Тоа е наједноставниот начин да се постави електричен мотор на возило со мотор на внатрешно согорување, вели Бартон, а иновативноста на идејата се потврди со освојувањето на регионалната награда за иновации.

Охрабрен од ова, Бартон најавува дека ќе започне бизнис со производство на неговите комплети за конверзија и ќе претвори дури милион автомобили во хибриди.

За разлика од претходните решенија кои се базираа на замена на моторот со електрични мотори, „REVR“ сетот само додава електричен мотор на постоечкиот погон, без интервенција во постојниот погонски систем на возилото.

Тоа е компактен мотор со висока енергетска густина, технологија на аксијален магнетен тек.

Во него, наместо роторот да се врти внатре во статорот, роторите во облик на диск се вртат до централно лоцираниот статор, па магнетниот тек (флукс) се движи аксијално низ моторот, наместо радијално.

Ова им дава на моторите значително потесен профил и до 85% помала маса и поголем вртежен момент, но тие се нешто поскапи за производство и, поради поголемата маса што ротира далеку од оската, по правило, тие работат на пониски револуции. Тие, сепак, се идеални за да бидат помошни мотори на „направи сам“ хибридни возила.

Идејата на Бартон е да вгради такви мотори во самото тркало, на двете задни тркала на автомобилот. Инсталирањето треба да биде многу едноставно - склопот треба да се „зашрафува“ на главата, помеѓу склопот на сопирачката и тркалото.

Секој од моторите ќе има моќност од 50 kW (67 КС), а ќе биде поврзан со специјална „LFP“ батерија, која ќе се наоѓа во багажникот на возилото.

Австралискиот иноватор признава дека сè уште не ги разработил сите детали, но вели дека комплетот за конверзија на автомобил може да чини нешто повеќе од 5.000 долари кога ќе се појави на пазарот.

Тој очекува тоа да се случи во рок од една година, а со текот на времето цената може да падне на околу 3.200 долари. Очекуваниот опсег на такво склопување на класичниот автомобил би му дал околу 100 километри автономија на електрична енергија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.

По размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаин

Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44).

Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи.

Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана.

Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. 

Актери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“

Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење.

Актерка сподели снимка од прославата

Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент.

„А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото.

Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење.

Вучиќ го призна поразот

За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто.

Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Заостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. 

Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите

Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер