Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план
2Манасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план
УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
2УЕФА ги потврди домаќините на финалните средби во Лигата на Шампионите и Лига Европа за сезоните 2028 и 2029
ЕкономијаНова граѓанска обврзница на почетокот на декември, најавува министерката за финансииНова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на граѓанска обврзница.Нова граѓанска обврзница ќе биде објавена во првата половина од декември. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека во изминатиот период имало интерес од граѓаните за издавање на граѓанска обврзница и дека деталите ќе бидат познати кога ќе биде објавен проспектот. - Граѓаните во изминатиот период во континуитет го поставуваа прашањето до Министерството за финансии дали ќе има нова граѓанска обврзница. Тоа значи дека на некој начин културата на инвестирање кај граѓаните се менува и очекувам таа иста група на граѓани, која не е повеќе од 2000 лица, повторно да инвестира и тоа не е некој голем износ, истакнува Димитриеска-Кочоска во телевизиско интервју. Министерката сподели дека од унгарскиот заем наменет за поддршка на домашните компаниите досега се пласирани 190 милиони евра и оти целта е постигната да се поддржат компаниите да инвестираат и да продолжат со својата дејност. - Преку бројки сме докажале дека сме ја погодиле целта. Ако податоци за БДП покажуваат дека имаме огромни раздвижувања, ако статистичкиот индикатор во градежништво покажува дека имаме раст во градежништвото тогаш сметам дека сме ја постигнале целта, а тоа е да помогнеме на приватниот сектор, којшто долгорочно би размислувал да остане тука бидејќи нашата цел беше да им дадеме на компаниите помош да инвестираат, да не размислуваат да затвараат и да се префрлаат во други земји. Преку овие инвестиции таа цел е постигната, потенцира министерката. Во однос на средствата од унгарскиот заем наменет за поддршка на реализација на проекти во општините, Димитриеска-Кочоска посочува дека во 2024 година се реализирани 21 милион денари и 2,2 милијарди денари во 2025 година, но нагласува дека на терен реализацијата може да е поголема и дека тоа ќе се види во наредниот период. Според Димитриеска-Кочоска, јавниот долг не треба да загрижува кога има проектирани стапки на раст коишто ќе се остварат. - Нема поголем доказ од растот на БДП дека Владата работи правилно. Јасно е дека стапките на БДП отсликуваат дали политиката е добр, оценува министерката за финансии.Тагови: Министерство за финансии Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНова кривична за Стевчо Јакимовски: Издавале одобрение за градба иако ДУП-от бил поништенНова кривична пријава од МВР доби екс градоначлникот на Карпош Стевчо Јакимовски.Тој е осомничен дека потпишувал договори со инвеститори за регулирање на надоместокот за уредување на градежно земјиште без да изврши увид дека тие договори се однесуваат на барања поднесени за локација за која деталниот урбанистички план бил укинат и за кои самиот дал насоки да не се издаваат одобренија за градење. Освен Јакимовски, со пријават опфатени се и раководителката на секторот за урбанизам и вработена во иститот сектор кои на инвеститорите им ги издале одобрениета за градење.. Јакимовски веќе е осуден за затворска казна за злоупотреба на службена положба, но Врховниот суд го врати предметот на повторно одлучување и наскоро се очекува да излезе од затвор.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаМиротиќ со изненадувачки трансфер во ВаленсијаЕден од најдобрите европски кошаркари во последните неколку години, досегашниот член на Монако, Никола Миротиќ останова во Евролигата и следната сезона ќе игра во Валенсија, потврди шпанскиот клуб.Миротиќ беше без клуб ова лето откако го напушти Монако, но пред почетокот на новата сезона постигна договор со Валенсија. „Здраво, Валенсија. Слушнав дека барате играч на позиција четири, па еве ме мене“, изјави Миротиќ во објавата за неговото доаѓање на социјалните мрежи. Триесет и петгодишниот кошаркар минатата сезона настапуваше за Монако и остваруваше просек од 11 поени, 4,3 скока и 1,4 асистенции на 31 натпревар во Евролигата. Тој имаше одличен процент на шут за три поени од 39,3 отсто и минуваше по 19,1 минута на теренот по натпревар. Неговата иднина беше неизвесна по големите финансиски проблеми на Монако. Миротиќ на крајот го напушти клубот, кој потоа остана без место во Евролигата по само една сезона помината во елитното европско натпреварување со искусниот крилен центар во составот. Миротиќ ја започна својата сениорска кариера во Реал Мадрид, а во 2014 година се пресели во НБА. Во текот на шест сезони во најсилната лига во светот, тој настапуваше за Чикаго Булс, Њу Орлеанс Пеликанс и Милвоки Бакс. На 319 натпревари во регуларниот дел од сезоната во НБА, тој имаше просек од 12,3 поени и 5,9 скока. Тој се врати во европската кошарка во 2019 година, кога потпиша за Барселона. Токму во каталонскиот клуб ја одигра една од најдобрите сезони во кариерата, освојувајќи ја наградата за најкорисен играч (МВП) на Евролигата во сезоната 2021/22. По заминувањето од Барселона во 2023 година, Миротиќ помина две сезони во Олимпија Милано пред да се пресели во Монако минатото лето. И покрај големиот број индивидуални признанија и трофеи освоени на домашната сцена, на Миротиќ сè уште му недостасува највредната европска клупска титула – онаа на шампион во Евролигата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМанасиевски: Кога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор планКога трагата за криминалот води кон политички и бизнис структури поврзани со СДС и ДУИ, нивните инсталации во правосудството ја ставаат правдата во втор план.Со години гледаме како мал дел на корумпирани судии и обвинители работеа под принципот за едни законот да важи веднаш, а за луѓето на СДС и ДУИ, предметот да заврши поинаку. На судиите и обвинителите кои мислат дека и понатаму можат да одработуваат за старите центри на моќ, треба да им биде јасно дека времето на СДС и ДУИ заврши, а мора да заврши и времето на нивната заштита во правосудството. Македонија заслужува независно судство и обвинителство, а не политички бастион. Не може за случајот со модуларната болница да нема виновници. Не може за случајот Ласкарци да се укине пресудата. Не може за случајот Мазут, вреден 167 милиони евра, да нема ниту истрага. Токму затоа довербата во правосудството е на дното. А правда мора да има. Одговорност мора да има и законот мора да важи еднакво за сите. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook