Нова Фиат Мултипла: „Грдото пајче“ се враќа во 2027 или 2028 година? - Канал 5

Нова Фиат Мултипла: „Грдото пајче“ се враќа во 2027 или 2028 година?

Постојат индикации дека новиот Фиат, кој моментално го нарекуваме Пандисима, и кој сè уште не е претставен, ќе биде именуван како Фиат Мултипла. Сепак, сега се појавуваат нови информации.

Нова Фиат Мултипла: „Грдото пајче“ се враќа во 2027 или 2028 година?

Иако името Мултипла нема да се користи за новиот кросовер што пристигнува оваа година, Оливие Франсоа, извршен директор на Фиат, не ја исклучи можноста за враќање на „грдото пајче“.

Според италијанските медиуми, според најновите информации, Фиат Мултипла би можел да се врати во 2027 или 2028 година, како директен конкурент на моделот Дачија Бигстер.

Да ве потсетиме, Фиат Мултипла се појави во 1998 година и не беше многу успешен на сите пазари, но во овие области сè уште е пофален за својата практичност, барем онолку колку што е исмејуван за неговиот, искрено кажано, не толку привлечен изглед.

Раководителот на дизајнот во италијанската компанија неодамна изјави дека идните модели ќе имаат елементи линии слични на оние што се наоѓаат во „крагуевското“ Фиат Гранде Панда, па истото важи и за Мултипла. Подолу можете да видите рендери на новата Мултипла, односно начинот на кој новиот модел го замислил дизајнерот Џозеф Кфори.

Моментално знаеме дека ќе пристигнат новите Пандисима и Фастбек, по што ќе следат уште неколку модели, вклучувајќи го и Фиат Пандина.

Враќањето на Мултипла не е официјално потврдено од компанијата, но судејќи според досегашните изјави, тоа е сигурно, и се надеваме дека ќе дознаеме повеќе кога новиот раководител на Стелантис ќе го објави својот индустриски план.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

АХВ: Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за  храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми.

АХВ: Нештетно уништени над 27,5 тони небезбедно УХТ млеко поради зголемено присуство на афлатоксин

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на граничниот премин Блаце, минатата недела спречија увоз од Република Косово на две пратки УХТ млеко, со вкупна тежина од 27 520 килограми, поради утврдено присуство на афлатоксин над максимално дозволените концентрации дефинирани со позитивните законски прописи.

Небезбедните количини млеко кои биле наменети за пласман во синџир маркети во земјава, минатата недела под надзор на официјален ветеринар, нештетно се уништени на депонијата Дрисла.

Мострите за лабораториско тестирање на двете небезбедни пратки УХТ млеко, земени се во рамки на Мониторинг програмата која инспекциските служби на АХВ на граничен премин ја реализираат за пратките со храна од животинко потекло кои се увезуваат во земјава.

На 17 јули годинава Агенцијата донесе и Решение за воведување на посебни безбедносни мерки при увоз на млеко, производи од млеко, како и производи кои содржат згуснато млеко и млеко во прав со кои ги засили официјалните контроли при увоз на овој тип производи од животинско потекло преку вршење на задолжителни лабораториски испитувања и проверки на усогласеноста со барањата за квалитет, со цел на домашниот пазар да се пласираат исклучиво безбедни и квалитетни производи и да се обезбеди фер конкуренција и заштита на домашните производители и потрошувачите, стои во соопштението од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Детска работилница за најмладите и рап забава со „Жабата“ за тинејџерите во Карпош

Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3,.

Детска работилница за најмладите и рап забава  со „Жабата“ за тинејџерите во Карпош

Неделното карпошово културно лето, започна на плоштадот „Фонтана“, во Карпош 3, каде што во рамки на проектот „Нашето Маало-детска интерактивна просторна инсталација“, организирана од архитектот Ружица Ивановиќ, дечињата заедно со своите родители учествуваа во боење и цртање на претходно изработената макета од архитектката. На тој начин, на детската работилница најмладите карпошани освен што се дружеа помеѓу себе , тие и го развиваа својот креативен и уметнички потенцијал.

Во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, со почеток од 20:00, часот, во една пријатна, релаксирана и маалска атмосфера беше прикажан филмскиот класик од Димитрие Османли - „Мирно лето“, каде што меѓу присутните карпошани беше и претседателот на Советот на Општина Карпош, Христо Саракинов. Филмските проекции во рамки на културното лето ќе траат до 27-ми овој месец, каде што љубителите на добриот филм, заедно со своите соседи, роднини и пријатели, во предвидениот термин на истата локација, ќе можaт да уживаат во селектираните филмски остварувања од домашната македонска кинематографија.

Вечерта кулминираше со рап изведбата на „Стефан Трајковски- Жабата“, кој со своите авторски изведби ја крена публиката на нозе и направи одлична забава пред своите маалски другари, соседи и пријатели. На настапот на „Жабата“, на фонтана во Карпош 3 беше присутен и заедно со жителите на Карпош 3 се забавуваше и дружеше првиот човек на Општината, Сотир Лукровски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бензините поскапи за 1,5 , дизелот за 3,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62%

Бензините поскапи за 1,5 , дизелот за 3,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,62% во однос на одлуката од 17.8.2026 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 3,795%, кај дизелот за 4,842%, кај екстра лесното масло за 3,958% и кај мазутот зголемувањето е за 6,467%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,5340%.

Од 25.8.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 93,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 95,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 101,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 100,50 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 45,576 (денари/килограм)

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 3,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,850 ден/кг. и сега ќе изнесува 45,576 ден/кг.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 25.8.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер