БалканНова демократија со убедлива предност, покажуваат излезните анкети за ЕУ изборите во Грција Нова демократија со убедлива победа пред СИРИЗА, ПАСОК на третата позиција, покажуваат резултатите од објавените exit poll, односно процените за изборниот резултат на европските избори во Грција .Нова демократија со убедлива победа пред СИРИЗА, ПАСОК на третата позиција, покажуваат резултатите од објавените exit poll, односно процените за изборниот резултат на европските избори во Грција од агенциите за рејтинг во соработка со грчките телевизии, јави дописничката на МИА од Атина. Приватните телевизии Мега, Скај, Стар, Антена, Алфа и Опен и државната ЕРТ, веднаш по затворањето на гласачките места, точно во 19 часот по локално време, објавија заеднички exit poll. Резултатите од 80 отсто преброени exit poll за приватните телевизии се дека секоја од партиите би добила: Нова демократија од 28 до 32 отсто СИРИЗА од 15,2 до 18,2 отсто ПАСОК од 10,9 до 13,9 отсто Комунистичка партија од 7,9 до 10,3 отсто Грчко решение од 7,6 до 10 отсто Победа од 2,9 до 4,9 отсто Курс на слободата од 2,6 до 4,6 Нова левица 1,3 до 2,7 проценти За една партија да обезбеди влез место во Европскиот Парламентот потребно е да добие минимум три отсто од гласовите. Грција денеска одбира 21 претставник во Европскиот Парламент, а според процените на агенциите, со 80 проценти од преброени exit poll, Нова демократија би добила седум или осум пратеници, СИРИЗА четворица, ПАСОК тројца, Комунистичката партија и Грчко решение по двајца. Сепак, станува збор за процени на агенциите за рејтинг, а не за официјални резултати. Првите официјални резултати од Министерството за внатрешни работи на Грција, коешто е и надлежно за пребројување на гласовите, се очекуваат околу 21 часот по локално време. На европските избори во 2019 година Нова демократија доби 33 отсто од гласовите и осум европратеници, СИРИЗА беше втора со 23,75 проценти и шест пратенички места, ПАСОК, Комунистичката партија и Златна зора имаа по двајца европратеници, а Грчко решение еден претставник во Европскиот Парламент. На ланските парламентарни избори, Нова демократија освои 40,56 отсто, СИРИЗА доби 17,83 проценти, а ПАСОК 11,84 проценти. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
МакедонијаЕкоСкопје – нова дигитална платформа создадена од млади за пријавување еколошки проблеми во СкопјеОд денеска, граѓаните во Скопје имаат на располагање нова дигитална алатка за пријавување еколошки проблеми. Официјално е лансирана ЕкоСкопје, паметна еко-платформа создадена од млади, која овозможува едноставно пријавување проблеми во градот и придонесува кон подобра комуникација меѓу граѓаните и надлежните градски служби. Платформата е достапна за користење на: ekoskopje.skopje.gov.mk Преку ЕкоСкопје, граѓаните можат да пријават еколошки проблем со приложување фотографија и локација. Пријавите се евидентираат во системот, по што следува нивно разгледување, проследување до соодветните градски служби и ажурирање на статусот. На овој начин, платформата создава можност за поедноставна и поорганизирана комуникација за еколошките проблеми во Скопје. ЕкоСкопје е резултат на младинска идеја која прерасна во функционална дигитална алатка и потребата на градот за директна комуникација со граѓаните. Официјалната промоција на ЕкоСкопје се одржа денеска во Europe House Скопје, во организација на Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД), во соработка со Град Скопје. На настанот се обратија Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, Ewout Sandker, претставник на Европската комисија, и Иван Јованов, Извршен директор на ЛЕАД, кои го истакнаа значењето на младинското учество, дигиталните иновации и соработката меѓу институциите и граѓанскиот сектор во создавањето решенија за подобар град. „И јас живеам во градот, пешачам и ги гледам истите проблеми, го дишам истиот воздух и знам колку може да биде фрустрирачки. Честитки до тимот и организацијата за оваа платформа која овозможува граѓаните и младите да бидат слушнати а градските служби ефективно да реагираат. Но можеме да ги имаме и најдобрите закони и најновата технологија, ама ако не го смениме нашето однесување и начинот на кој ги третираме улиците, парковите и околината тогаш напредокот останува лимитиран. Денешниот ден не е крајот на приказната, туку е само почетокот.“ изјави Еваут Сандкер, претставник на Европската комисија. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги охрабрува сите граѓани и млади: „На Скопје му се потребни идеи кои стануваат дела и соработка што носи видливи промени. Денес промовираме токму таков пример, платформа создадена од младинската енергија. Трудот на младите заслужува признание и практична поддршка а наша обврска е да создадеме простор нивните предлози да добијат примена. Ги повикувам граѓаните да ја користат платформата, а младите ги охрабрувам да продолжат да создаваат.“ Во рамки на настанот, Андреј Божиновски, член на победничкиот тим , ja претстави веб-платформата. ЕкоСкопје е развиена во рамки на проектот SkopYEAH!, кој го реализира ЛЕАД во соработка со Град Скопје, со финансиска поддршка од Европската Унија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНапнато на границата помеѓу Јужна и Северна Кореја: Војската чека сигнал за дејствувањеЈужна Кореја денеска соопшти дека ќе преземе одлучни мерки доколку Северна Кореја изврши какви било дополнителни провокации.Реакцијата на Сеул доаѓа по заканите од Пјонгјанг за воена ескалација, предизвикани од предупредувачките истрели на јужнокорејските сили долж утврдената граница, пренесува новинската агенција „Јонхап“. Ким Јо Џонг, влијателната сестра на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, се закани со повторно започнување на пропагандни емисии насочени кон Сеул и со распоредување дополнителни офанзивни тактички средства долж Демилитаризираната зона (ДМЗ) што ги раздвојува двете Кореи, истакнувајќи дека ситуацијата на границата станала крајно нестабилна. „Министерството за национална одбрана изразува сериозна загриженост во врска со критиките на Ким Јо Џонг упатени кон легитимните операции на нашата војска – спроведени во согласност со Договорот за примирје – како и во врска со ескалацијата на тензиите преку воени закани“, се вели во соопштението, во кое се додава дека Јужна Кореја ќе одговори одлучно доколку Северна Кореја продолжи со своите провокации. Напнатоста се зголеми по 21 септември, кога во Демилитаризираната зона (ДМЗ) експлодираа нагазни мини, при што беа повредени тројца јужнокорејски војници. Сеул и Командата на Обединетите нации утврдија дека инцидентот бил предизвикан од противпешадиски мини поставени од Северна Кореја, што претставува кршење на Договорот за примирје. Сепак, Пјонгјанг категорично ја негираше каквата било вмешаност во експлозиите. Извор: Б92Тагови: Јужна Кореја Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалНа улиците во Париз се„војува“, но натпреварот од Лигата на шампионите ПСЖ-Барселона ќе се одиграПретстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан.Претстојниот дуел на гигантите меѓу брнителот на титулата Пари Сен Жермен и шпанскиот првак Барселона во Лигата на шампионите нема да биде одложен ниту откажан, и покрај насилните протести што ја потресуваат Франција – потврди францускиот министер за одбрана, Себастијан Лекорни. Лекорни во синоќа изјави дека побарал од регионалните власти да воведат делумни полициски часови во некои градови, со цел да се заштитат граѓаните и бизнисите по немирите што се случија за време на викендот. Touchdown in Paris. 🇫🇷 https://t.co/oKL7evXSdR — FC Barcelona (@FCBarcelona) October 19, 2026 „Решен сум да воспоставам ред“, рече францускиот премиер, додавајќи дека, доколку е потребно, би можела да се воведе вонредна состојба. Сепак, тој оцени дека локалните и делумни забрани за движење во моментов претставуваат посоодветно решение. Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, потврди дека не постојат планови за откажување на натпреварот. ПСЖ во вторник навечер ќе ја пречека Барселона на стадионот „Парк на принцовите“, а почетокот на натпреварот е закажан за 21:00 часот по средноевропско време. Сепак, немирите ги погодија и француските фудбалски клубови. Марсеј пријави значителна штета на својата официјална продавница на познатата авенија „Ла Канебиер“, додека Лил соопшти дека нивната продавница во центарот на градот претрпела големи оштетувања и била ограбена. Двете продавници се привремено затворени.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22Мицкоски ќе присуствува на промоција на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила 08:52Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16
Мицкоски со добра вест за граѓаните: Набавени се 100 нови амбулантни возила, вложуваме во здравствениот систем12:38
Мицкоски на промоција на нови амбулантни возила: Наш приоритет во периодот кој следи се инвестициите во здравството11:22
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик?17:50
Дали се наѕира крајот на решавањето на проблемот со полагањето на Правосудниот испит на албански јазик?15:16