Нова британска студија за омикрон: Ова е важна и непосредна опасност! - Канал 5

Нова британска студија за омикрон: Ова е важна и непосредна опасност!

Во моментов, нема докази дека варијантата омикрон на коронавирусот е помалку опасна од делта, покажуваат првите податоци објавени денеска од британските научници од Империал колеџ во Лондон.

Нова британска студија за омикрон: Ова е важна и непосредна опасност!

Според „Фајненшл тајмс“, првите наоди укажуваат и на зголемен ризик од реинфекција, но и на потребата да се добие дополнителна доза на вакцина за што поуспешна борба против омикрон.

Резултатите од студијата заснована на податоците за омикрон во Британија ги доведуваат во прашање некои експерти кои се надеваат дека различен степен на патогеност на омикрон би можел да го намали притисокот врз болниците и покрај фактот што станува збор за варијанта што е значително позаразна од делта.

„Нашата студија не најде докази дека омикрон е поблаг од делта. Ова го заклучуваме со проценка на процентот на позитивни кои пријавиле симптоми и процентот на хоспитализирани по инфекцијата“, рече др. Нил Фергусон, лидер на истражувачкиот тим и експерт за моделирање на заразни болести и научен советник на британската влада.

Но, Фергусон додаде дека „податоците за хоспитализациите досега се многу ограничени“. Според студијата, податоците укажуваат на „ограничени промени во тежината на болеста во споредба со делта“.

Раните извештаи на здравствените власти од провинцијата Гаутенг во Јужна Африка, жариште на омикрон во земјата, поттикнале надежи дека мутациите на вирусот довеле до промена во неговата биологија и го направиле поблаг од претходните варијанти.

Во Обединетото Кралство вчера, потсетуваат ФТ, евидентиран е најголем број новозаразени од почетокот на пандемијата, втор ден по ред. Повеќе од 88.000 луѓе добиле позитивен резултат од тестот за Ковид во период од 24 часа.

Во Лондон, каде што „омикрон“ е веќе доминантна варијанта, расте и бројот на хоспитализирани, откако минатата недела бројот на заразени тројно се зголемил.

Професорот Азра Гани, епидемиолог на Империјал колеџот и еден од авторите на студијата, ја нагласува „неизвесноста“ дали омикронот е поблаг од претходните варијанти.

„Иако ќе бидат потребни недели за целосно решавање на ова прашање, владите веќе мора да спроведат планови за ублажување на потенцијалното влијание на омикрон“, рече Гани, додавајќи дека резултатите „ја демонстрираат важноста на засилената доза како важен дел од одговорот на јавното здравје.“.

Зборувајќи за тежината на болеста предизвикана од омикрон, таа рече дека се анализирани 120.000 случаи на делта и 15.000 случаи на омикрон. Студијата покажала дека нема значајна разлика во веројатноста луѓето заразени со омикрон да бидат асимптоматски во споредба со луѓето заразени со делта.

Ова одговара на резултатот дека лицето заразено со омикрон нема помала веројатност да заврши во болница отколку лице заразено со делта. Сепак, треба да се забележи дека оваа проценка се заснова на набљудување на само 24 хоспитализирани лица со омикрон во споредба со повеќе од 1000 хоспитализирани пациенти со делта.

Тимот на истражувачи од Империјал, исто така, проценува дека третата, бустер, доза на вакцината против Ковид може да обезбеди 85% заштита од развој на тешка болест и до 90% заштита од смрт од омикрон. Двете проценки покриваат период до 60 дена од добивањето на бустерот.

Но, без бустер, заштитата од тешки форми на болеста како резултат на омикрон би можела да падне на околу 20% за оние кои примале AstraZeneca и околу 40% за оние кои примале Pfizer. Оваа проценка опфаќа до шест месеци по втората доза.

Истражувачите, исто така, откриле дека омикрон носи околу пет пати поголем ризик од реинфекција во споредба со делта.

Пред појавата на омикрон, болеста обезбедувала приближно 85 проценти заштита од реинфекција во рок од шест месеци од првата инфекција. Со доаѓањето на омикрон, тој број паднал на околу 19%.

Фергусон рече дека студијата го нагласува фактот дека „омикрон претставува значајна и непосредна закана за јавното здравје“ и обезбедува дополнителни докази дека новата варијанта го избегнува имунитетот создаден со вакцинација или прележана болест.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Цеца за фотките во бикини

Балканската музичка ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко споделува провокативни фотографии, но секое нејзино појавување во бикини предизвикува вистински бум во јавноста. 

Фото: Цеца за фотките во бикини

Пејачката откри зошто одлучила да објави фотографија во бикини и како успева да ја одржи својата беспрекорна линија без строги диети. Иако публиката не е често навикната на разголени фотографии, Цеца предизвикува вистинска помпа на социјалните мрежи кога ќе одлучи да го покаже своето витко тело.

Секојпат кога позира на плажа, нејзиното издание предизвикува лавина реакции и воодушевување кај следбениците.

Зборувајќи за фотографите од Кипар кои своевремено предизвика вистински бум на интернет, пејачката ги објасни причините поради кои ја објавила: „Ретко објавувам попровокативни фотографии – не затоа што се срамам од своето тело, туку едноставно зависи од моментот и од тоа што сакам или не сакам во одреден момент. Искрено, најмногу се чувствувам опуштено кога сум закопчана до грло, што е сосема природно. Се трудам, без разлика што носам или што фотографирам, тоа да биде соодветно, бидејќи границата е многу тенка. А и што друго би можеле да фотографирате на море, освен во бикини?“, изјави мегапопуларната Цеца.

Цеца Ражнатовиќ изгледа подобро од кога било, а неодамна откри како ја довела својата линија до совршенство. Пејачката успеа да ослабе дури 8,5 килограми за само еден месец, без строги диети, гладување и опасни препарати.

Наместо опасни „кратенки“, Цеца се одлучи за режим што потсетува на автофагија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Сабаленка позира во танга, објавата од плажа собра над 300.000 лајкови.

Фото: Сабаленка ужива во танга

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка е на заслужен одмор по исцрпувачката сезона.

По исцрпувачката натпреварувачка година, втората тенисерка во светот, Арина Сабаленка, одлучи да направи пауза од турнирите и да замине на одмор, од каде што редовно ги известува своите фанови.

Нејзината најнова објава од плажа, на која носи танга, предизвика огромна реакција на социјалните мрежи, собирајќи над 300.000 допаѓања во рекордно време.

Во описот на фотографијата, белоруската тенисерка накратко наведе дека слободното време го поминува комбинирајќи релаксација на сонце со повремени тренинзи.

Кон крајот на сезоната, таа ја загуби водечката позиција на ВТА-листата, која ја презеде Елена Рибакина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Фудбалерите на Баерн и Борусија Дортмунд во германското супер дерби одиграа без победник  2:2 , во рамките на 8. коло од Бундеслигата. Милионерите од Дортмунд успеаја да надоместат негатива во самиот финиш.

Супер дерби на „Алијана арената “во Минхен – Борусија му „украде“ бод на Баерн

Се чинеше дека Баварците ќе го задржат водството, но Фабио Силва го замолкна Минхен во 89-тата минута и му донесе голем бод на Дортмунд.

Првото полувреме го одбележа поништен гол на Џоб Белингем, како и неколку добри шанси на двете страни. Во 34-тата минута, Дортмунд ја затресе мрежата преку англискиот играч за врска, но голот беше поништен по прегледување на снимката (ВАР) поради офсајд.

Четири минути подоцна, Баерн ја казни пропуштената шанса на ривалот, откако Конрад Лајмер најдобро реагираше на одбиената топка и им донесе водство на домаќините.

Дортмунд потоа успеа да возврати. Во 60-тата минута, Карни Чуквуемека ја испрати топката во шеснаесетникот, а Серу Гираси го совлада голманот со прецизен удар во долниот лев агол и го израмни резултатот.

Шест минути подоцна, Баерн повторно поведе. Хари Кејн ја упати топката со глава пред голот, а Дајо Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 2:1. Претходно, Англичанецот имаше можност да постигне гол од пенал, но во 56-тата минута ја погоди пречката.

Кејн повторно беше блиску до погодок во 75-тата минута, но неговиот удар заврши во стативата. Кога се чинеше дека Баерн сепак ќе го задржи водството, на сцена стапи Фабио Силва.

Во 89-тата минута, Португалецот ја искористи топката што стигна до него во шеснаесетникот и со прецизен удар во долниот лев агол ги постави конечните 2:2. Баерн имаше уште една голема шанса во судиското надополнување, но ударот на Ленарт Карл заврши во пречката. Така, Дортмунд успеа да избегне пораз во Минхен, додека домаќинот може да жали за пропуштените шанси и испуштеното водство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер