Нова болест се појави во светот, се јавува по прележана корона, веќе уби повеќе од 4.000 луѓе - Канал 5

Нова болест се појави во светот, се јавува по прележана корона, веќе уби повеќе од 4.000 луѓе

И додека светот со месеци се бори со новите видови на коронавирусот, другите земји се погодени од нова болест за која многумина можеби не слушнале - црна габа.

Нова болест се појави во светот, се јавува по прележана корона, веќе уби повеќе од 4.000 луѓе

Оваа болест претежно ги напаѓа белите дробови и синусите и доколку не се лекува навреме, може лесно да предизвика трагичен исход.

Повеќе од 4.300 луѓе починаа во Индија како последица на црна габа или мукормикоза, која најчесто ги погодува луѓето кои биле заразени од коронавирусот, бидејќи нивниот имунитет е ослабен, или пациенти кои имаат некои придружни болести, особено дијабетес.

Црната габа е предизвикана од изложеност на мукормицети, организми кои се наоѓаат во влажна средина, лисја, почва, или компост и може да го нападне респираторниот тракт. Не е заразна и не се шири меѓу луѓето.

Болеста обично ги погодува синусите или белите дробови откако лицето ќе вдиши габични спори во воздухот, а исто така може да влијае на кожата ако е исечена или изгорена. Симптомите зависат од тоа каде ќе се развие габата во телото и таа може да предизвика оток на лицето, треска, чиреви на кожата и црни лезии во устата.

Болеста „почнува да се манифестира како иритација на кожата во воздушните џебови зад челото, носот, јаболчниците и помеѓу очите и забите“, наведуваат од Министерство за здравство на Индија. Потоа се шири на очите, белите дробови, па дури и на мозокот. Ова доведува до потемнување или промена на бојата на носот, замаглување на видот или двојно гледање, болки во градите, отежнато дишење и искашлување крв.

„Еден од начините на кој патува мукормикозата е преку инвазија на крвните садови“, вели д-р Хемант Такер, лекар-консултант и специјалист по кардиометаболика во болница во Мумбаи.

Според експертите, болеста обично се јавува помеѓу 12-тиот и 18-тиот ден од прележаната корона.

Експертите веруваат дека, покрај дијабетесот, несоодветната употреба на стероиди во третманот против коронавирусот може да доведе до мукормикоза и други габични инфекции.

За време на пандемијата, лекарите во многу земји неумерено пропишуваа во главно два вида кортикостероиди - дексаметазон и метилпреднизолон, а во Индија овие лекови се користеа кај скоро сите болнички пациенти. Проблемот не е во тоа што овие лекови биле дадени, туку во тоа што лекарите, поради премногу работа, пропишувале погрешни дози.

Пред да започне пандемијата со коронавирусот, најмалку 38 земји пријавија случаи на мукормикоза.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.

СДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на граница

И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“.

Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски.

Половина од Владата има бугарски пасоши.

Нивните семејства имаат бугарски пасоши.

Имаат фирми во Бугарија.

Имаат европски пасоши и посебен премин на граница.

Тие си обезбедија Европа.

На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце.

Додека тие летаат, народот стои во колона.

Ова е нивна политика.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

По масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната.

Фнидек во вонредна состојба по мигрантската криза

Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа.

Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута.

Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа.

Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе.

Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија

Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација.

Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден.

-Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец.

Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица.

-Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика.

Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари.

Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер