Нова алатка против дезинформации: Уставниот суд ја промовира платформата „Дознај ФАКТИ“ - Канал 5

Нова алатка против дезинформации: Уставниот суд ја промовира платформата „Дознај ФАКТИ“

Уставниот суд од денеска ја пушта во употреба новата комуникациска платформа „Дознај ФАКТИ од Уставен суд“, наменета за навремено, точно и официјално информирање на граѓаните, медиумите и пошироката јавност.

Нова алатка против дезинформации: Уставниот суд ја промовира платформата „Дознај ФАКТИ“

Платформата е создадена како дел од заложбите на Судот за поголема транспарентност, отвореност и достапност на информациите од јавен интерес. Нејзината цел е да обезбеди проверени факти и појаснувања за работата на Судот, постапките, одлуките и надлежностите, но и да придонесе во борбата против дезинформациите, шпекулациите и лажните вести поврзани со работата на Уставниот суд, кои во изминатиот период се зачестени.

Преку „Дознај ФАКТИ“, Судот ја зајакнува својата проактивна комуникација со јавноста, обезбедувајќи место каде што фактите ќе бидат достапни и лесно разбирливи. Платформата ќе содржи точни и официјални информации, појаснувања на одлуки и постапки, разликување на фактите од шпекулациите, како и едноставни објаснувања за уставно-правни прашања.

Покрај актуелните содржини, платформата ќе објавува и податоци за Судот, организацијата и надлежностите, значајни одлуки од уставно-судската практика, како и интересни факти од историјатот на Уставниот суд и развојот на уставното судство. На овој начин, „Дознај ФАКТИ“ ќе претставува и едукативен простор кој ќе придонесува за унапредување на јавната, правна култура и подобро разбирање на улогата на Судот во заштитата на уставноста, законитоста и човековите права и слободи.

Со воспоставувањето на оваа платформа, Уставниот суд ја потврдува својата определба за навремена, точна и одговорна комуникација со јавноста, како и својата посветеност кон градење на доверба преку факти и официјални информации.

Кога имаш дилеми – провери ги фактите!

Точно. Јасно. Официјално. Дознај ФАКТИ од Уставен суд.

Повеќе информации прочитајте тука: https://ustavensud.mk/%D0%BC%D0%BA/%D0%B4%D0%BE%D0%B7%D0%BD%D0%B0%D1%98-%D1%84%D0%B0%D0%BA%D1%82%D0%B8

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција

Мадона го покажа својот дом во Лондон, луѓето гледаат со неверување.

Видео-фото: Мадона го покажа својот дом во Лондон,уметнички дела вредни милиони, кукли и необична колекција

Кралицата на попот, 67 годишната светска музичка дива Мадона ги отвори вратите на својот луксузен дом во Лондон за „Вог“ и притоа зборуваше за предмети што ја потсетуваат на семејството, пријателите и најважните моменти од нејзиниот живот, но исто така покажа и неколку необични уметнички дела кои привлекоа големо внимание.

Меѓу првите работи што ги претстави беше портрет на Фрида Кало – уметница на која ѝ се восхитува уште од млади години и чија работа ја следи со години.

„Кога пристигнав во Њујорк, првото нешто што го видов беше разгледница со таа слика од Фрида Кало. Значи, уште во првите 10 минути од мојот престој во Њујорк, ја видов неа. Тогаш си ветив дека еден ден ќе ја имам таа слика. По 11 години, сликата се појави на аукција и оттогаш е тука“, изјави Мадона за „Вог“.

YouTube video

Зборувајќи за славната сликарка, таа сподели и една анегдота што отсекогаш ја фасцинирала. „Таа многу ги сакаше мајмуните и имаше неколку од нив. Тие ѝ кажуваа кога нејзиниот сопруг ѝ бил неверен. Кога тој ќе се вратеше од некоја авантура, тие го намирисуваа тоа и стануваа агресивни кон него. Така таа дознаваше“, рече Мадона низ смеа.

Иако поседува работна соба исполнета со уметнички дела, таа признава дека најголемиот душевен мир за работа го наоѓа во бањата. „Успевам да завршам по нешто во бањата, бидејќи таму сите ме оставаат на раат“, рече таа. Токму во таа просторија таа ги чува некои од предметите што за неа имаат најголема емотивна вредност. Таму има бројаници и парфеми на нејзината покојна мајка, музичка кутија што ја свири песната „Ciao Bella“, како и пораки што нејзината посвоена ќерка Естер ѝ ги оставала како девојче додека учела англиски јазик. Покрај спомените што ја поврзуваат со семејството, во бањата има и колекција од уметнички скулптури во форма на пенис, подарок од младиот бразилски уметник Андерсон Астеклинс.

„Сакам да имам уметнички дела и во бањата. Меѓу моите омилени се овие скулптури на пениси, односно мојата колекција на пениси, како што сакам да ги нарекувам. Имам четири. Две помали и две поголеми“, рече пејачката. Таа со посебна почит зборуваше за нивниот автор: „Уметникот се вика Андерсон Астеклинс. Тој е млад бразилски уметник кој моментално е дел од програма што ја води Трејси Емин.“

Мадона изјави дека за време на запознавањето со уметникот, особено ја погодила неговата приказна за односот со мајка му. „Ја посетив Трејси и тогаш го запознав Андерсон. Неодамна купив една од неговите слики што зборува за неговиот однос со мајка му. Го прашав: 'Дали мајка ти е горда на тебе? Дали ги има видено твоите слики? Дали ѝ ги покажуваш твоите дела?' Тој одговори: 'Не. Мислам дека тоа би можело да ја вознемири, а никогаш не сакам да ја растажам мајка ми'. Ми кажа дека секоја негова слика на некој начин ѝ е посветена нејзе. За малку ќе заплачев, толку ме трогна неговата приказна“, изјави Мадона за „Вог“ и додаде:

„Се збогував со него откако поминавме некое време заедно. Тој потрча по мене носејќи кафеава хартиена кеса и рече: 'Сакам да ти подарам нешто'. Влегов во автомобилот, тргнав кон дома и ја отворив кесата. Внатре беа овие прекрасни скулптури на пениси, и затоа тие се меѓу предметите што особено ги сакам“ – а како изгледаат, погледнете во галеријата на почетокот на текстот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Пред малку изби тежок пожар на територијата на општина Штип помеѓу населбите Баби и Дузлак над филтер станицата, информира првиот човек на ДЗС, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пред малку во Штип помеѓу населбите Баби и Дузла изби пожар

Со оган е зафатена борова шума. ТППЕ Штип со полн капацитет дејствува врз пожарот, помош ќе пристигне и од неколку Доброволни противпожарни друштва.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Максим Димитриевски: Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та

Првиот човек на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски на социјалните мрежи се огласи за анкетата на МКД.мк.

Максим Димитриевски:  Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та

Бидејќи анкетите многу често служат за креирање а не за сондирање на мислење а со цел работите да бидат појасни ќе објавам само еден резултат.

- Оваа е резултат од теренска анкета работена за Куманово во период Јануари - Март 2026та по нарачка на НДИ спроведена од агенцијата Маркет вижн Скопје на 1053 теренски испитаници, национален примерок (етничка припадност, пол, возраст).

Повелете заклучокот изведете го сами?!

- Јас лично сметам дека најдобрата анкета се добива на избори според резултатот, напиша Димитревски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер