Нов земјотрес во Петриње, Хрватска со јачина од 6,3 степени по Рихтер - Канал 5

Нов земјотрес во Петриње, Хрватска со јачина од 6,3 степени по Рихтер

Наместо да се смируваат и намалуваат земјотресите во Хрватска удираат се посилно. 

Нов земјотрес во Петриње, Хрватска со јачина од 6,3 степени по Рихтер

Нов уште посилен земјотрес од вчерашните со јачина од 6,3 стпени по рихтеровата скала денеска нешто после пладне го погоди Петриње.

Ова е најсилниот земјотрес во Хрватска последните 140 години. Во градот Петриње се забележани големи урнатини што ја покажува силината и разоната моќ на денешниот земјотрес.

Засега познато е дека има голем број повредени но за жртви сеуште нема официјални информации додека метеријалните штети се ставаат засега во втор план.

На помош освен пожарните единици на терен е испратена и восјката за да помогне да се расчистуваат улиците.

Во делови во Хрватска нема струја а и телефонските врски се во прекин а голем дел се и преоптоварени линиите заради тоа што сите вртат да видат дали своите блиски им се повредени во овој страотен земјотрес кој го погоди петриње.

-Половина од градот е урнат. Едно дете за жал го загуби животот.На граѓаните итно им е потребна помош, изјави градоначалникот на Петриње Даринко Думбовиќ.

Премиерот на Хрватска Пленковиќ изјавил дека во Петриње ги праќа сите расположливи средства за помош во потрагата под урнатините

Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар, земјотресот е со јачина од 6,3 степени според Рихтер, а се случил на 46 км североисточно од Загреб, или 9 километри западно од Сисак, на длабочина од 10 километри.

На социјалните мрежи граѓани јавуваат дека овој силен земјотрес се почувствувал освен во повеќе градови низ Хрватска, и во Босна и Херцеговина, во Нови Сад – Србија, како и во Марибор – Словенија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Цените на благородните метали бележат позитивно движење на светските берзи, при што и златото и среброто ја започнаа трговската сесија со раст.

Златото и среброто бележат раст на светските берзи

Фјучерсите на златото со рок на испорака во декември 2026 година достигнаа цена од 4.100,26 долари за унца, што претставува зголемување од 25,36 долари, односно 0,62 проценти. Во текот на тргувањето цената се движеше во распон од 4.062,55 до 4.143,17 долари.

Позитивен тренд бележи и среброто. Фјучерсите за декември се тргуваа по цена од 52,258 долари за унца, со раст од 0,316 долари, или 0,61 процент. Највисоката забележана цена изнесуваше 53,453 долари, додека најниската беше 51,415 долари.

Движењата покажуваат истовремен раст на двата благородни метала, кои традиционално се следат како важни инструменти на меѓународните финансиски пазари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици

Во Основниот суд во Кочани продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици што се случи во октомври минатата година на експресниот пат Штип–Кочани.

По бегството во Бугарија, по предлог на обвинителство судот донесе решение да и се суди во отсуство и по неа е распишана потерница.

Во Кочани е Михајло Видимлиски, Михајло повели со деталите за денешното судење?

Во видеото погледнете го целиот извештај.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите.

Франција-Според анкетите, Ле Пен убедливо води во претседателската трка

Француската политичарка од крајната десница, Марин ле Пен, и нејзиниот ривал од крајната левица, Жан-Лик Меланшон, ги зацврстија своите водечки позиции во анкетите за преференциите на гласачите пред претседателските избори следната година, покажува најновото истражување, во време кога политичката поларизација во земјата се продлабочува.

Според анкетата на агенцијата „Толуна Харис Интерактив“ (Toluna Harris Interactive), спроведена во периодот од 3 до 5 ноември, Ле Пен би освоила меѓу 34 и 36 отсто од гласовите во првиот круг од изборите.

Во слична анкета спроведена минатиот месец, нејзината поддршка се движеше меѓу 35 и 37 отсто. Меланшон, кандидатот на крајно левичарската партија „Непокорена Франција“ (LFI), би се пласирал во вториот круг во сите пет тестирани сценарија, со поддршка од 18 до 19 отсто.

Сите останати кандидати имаат поддршка помала од 10 отсто.

Според една анкета, Ле Пен убедливо би победила во вториот круг, освојувајќи околу 68 отсто од гласовите, наспроти 32 отсто за Меланшон. Вториот и последен петгодишен претседателски мандат на Емануел Макрон се ближи кон крајот; овој непопуларен претседател зад себе остава ослабен политички центар и економија во лоша состојба – наведува Ројтерс – ситуација што отвора простор за партии со порадикални политички ставови.

Меланшон се кандидирал за претседател три пати – во 2012, 2017 и 2022 година – но никогаш не успеал да стигне до вториот круг. Ле Пен, исто така, учествуваше на сите три изборни циклуси, при што во вториот круг губеше од Макрон и во 2017 и во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер