Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година - Канал 5

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година

Нов Зеланд ја дочека Новата 2026 година со организирани огномети и јавни настани, со што Пацификот прв во светот влезе во новата календарска година.

Нов Зеланд со огномети и јавни настани ја дочека Новата 2026 година

Во Окленд, најголемиот град во земјата и првиот поголем град што ја дочека 2026 година, беа осветлени главните знаменитости, а на кулата „Скај Тауер“ беа проектирани фотографии од „посебни моменти“ испратени од граѓаните во текот на 2025 година.

Одбројувањето започна на мостот „Окленд Харбор Бриџ“, по што следеше огномет од „Скај Тауер“.

Главниот град Велингтон, исто така, организираше огномет и музичка програма во центарот на градот. Новата година во главниот дел од Нов Зеланд настапи во 12:00 часот по македонско време, додека Четемските Острови ја дочекаа Новата година 45 минути порано.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Под влијание на циклонска активност од југоисток денес ќе имаме нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер.

Нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер

Локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, грмежи, силен ветер и појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.

Во Скопје времето ќе биде нестабилно со дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Денес ќе се задржи нестабилно време со дожд, грмежи и засилен ветер. Поради големата енергија во атмосферата локално процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд, силен ветер и појава на град. Во четврток и петок ќе има изолирана појава на нестабилност, а за време на викендот и почетокот на следната седмица времето ќе биде претежно сончево и топло.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Моника Зајкова и Бране Петрушевски во „Само вистина“

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Моника Зајкова и Бране Петрушевски.

Моника Зајкова и Бране Петрушевски во „Само вистина“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 24. јуни 2026 година

Дневен хороскоп за среда, 24. јуни 2026 година.

Дневен хороскоп за 24. јуни 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Тоа што во моментов има празнина или дистанца во вашите лични односи , денеска ќе биде заборавено по разговор со ваш близок пријател.

Кариера

Вашите колеги денеска ќе ве насмеат , зашто ќе ве натераат да решавате една загатка , а вие сакате да бидете детектив.

Здравје и совет

Тргнете се настрана и средете си ги мислите.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во своето љубовно секојдневие ќе внесувате сосема оригинални идеи , а најверојатно со ручек или вечера за двајца.

Кариера

Оние кои работат креативна работа ќе бидат многу современи во својот израз и идеите. И натаму ве заморуваат шефовите.

Здравје и совет

Прифатете ги предизвиците.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Вашата чувствителност денеска ќе биде зголемена , а другата страна ќе биде расположена за експериментирање во љубовта.

Кариера

Малку ќе недостига за да добиете алергија на шефот. Обидете се барем во мислите да се оддалечите од него.

Здравје и совет

Нервоза и замор.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал шок.

Кариера

Вашите надредени би можеле пред вас да претставатеден предлог што е малку чуден . Првин размислете , а потоа расправајте за него .

Здравје и совет

Победувате со издржливоста.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Може да очекувате исполнет љубовен ден. Дури и ако сте сами , би можеле одлично да се забавувате.

Кариера

Можни се мали недоразбирања во соработката и при вербалните договарања. Фантазијата ќе ви овозможи да допрете до суштината.

Здравје и совет

Не морате се да откриете.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе минува денот , ќе забележувате дека вашиот личен живот добива нов сјај и се враќа во рамнотежа.

Кариера

Можно е да заминете на службено патување што не сте го очекувале , а кое ќе ви донесе радост.

Здравје и совет

Не треба да жалите по она што поминало.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Нервозата и напнатоста поради недоразбирањата во личните односи може да ги елиминирате со чиста есенција на љубов без зборови- со нежност.

Кариера

Во главата малку ќе ги проанализирате сите теми поврзани со работата , но нема да носите заклучоци.

Здравје и совет

Бидете пример за помладите од вас.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Веројатно е се подобро поврзување со спротивниот пол , а особено со некој кој не е од вашата околина.

Кариера

Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па дури и редовните напори на кои сте навикнати , ќе ви предизвикаат тешкотии.

Здравје и совет

Потсетете се што е тоа што го сакате.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Не се знае кој денеска ќе биде потажен- вие или вашата најсакана личност. Не е ден за анализи , туку за утеха и толеранција.

Кариера

Ќе дојде до деловна кореспонденција , што ќе ве замори. Станува збор за многу напорен начин на изразување.

Здравје и совет

Потребна ви е релаксација.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Емотивност , нежност , чувство на препознавање на оние скриени суптилни нивоа во односите- Сето тоа ќе го доживеете денеска.

Кариера

Можни се проблеми во привршување на покуси фази при работењето. Ќе мора да бидете попрецизни.

Здравје и совет

Веќе ништо не може да ве изненади.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Ги имате сите адути вос воите раце. Потребно е само да зборувате за она што ви лежи на срце.

Кариера

Некои ќе се затекнат на интересен состанок на кој ќе има сешто- од неморални понуди до морализирање и филозофирање.

Здравје и совет

И натаму чувствувате замор.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Барањата за внимание од еден член на вашето семејство , накусо ќе ве оддалечи од саканата личност.

Кариера

Во работата денеска ќе внесете чувства. Некои ќе бидат наклонети и кон драматизирање.Направете исчекор и опуштете се.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер