ЖивотНов вид брачно насилство се појави во Шведска: Мажите ги принудуваат сопругите на проституција, за да го дополнат семејниот буџет!Полицијата во Шведска открива се повеќе случаи во кои Швеѓаните ги принудуваат или убедуваат своите сопруги, девојки или партнерки, да се занимаваат со проституција. Според полицијата, овој феномен е надвор од организираната проституција и целта е „дополнување на семејниот буџет“ - јавува „sputniknews.com“.Проституцијата во Шведска се помалку се поврзува со надворешен организиран криминал, а се повеќе со брачно насилство! Во првите 6 месеци од годинава регистрирани се 163 случаи на трговија со луѓе, што во споредба со бројот од 195 за цела 2015, е голем пораст. Во 53 од овие 163 случаи жртви се деца, во останатите - во најголем дел жени.Половината од овие 163 случаи вклучуваат ропство за сексуални услуги. Шведската полиција регистрира се повеќе случаи во кои шведските мажи ги насочуваат своите сопруги и двеојки кон проституција. Овој феномен се случува надвор од криминално организираната проституција и мотивот е - дополнување на семејниот буџет - велат од полицијата. Деновиве се очекува да почне судење на 45 годишен маж од Вастернорланд кој својата 25 годишна партнерка ја принудил да има секс со 24 мажи, за пари. При испрашувањето, таа рекал дека морала тоа да го направи бидејќи на 45 годишниот маж му должела пари. На почетокот, кога овој феномен бил откриен, полицијата сметала дека жените од семејствата го прават тоа поради сиромаштија. Но, во последно време се појавуваат случаи каде сиромаштијата не е мотив за проституцијата. - Тие сакаат д аимаат полуксузен живот, имаат некој долг или потребна им е дрога. Ова сме го виделе и порано, но бројот на такви случаи е зголемен во последните две години - изјави Кајса Валберг од полицијата за шведскиот весник „Svenska Dagbladet“. Постоело уверување дека со овој начин на заработка за дополнување на домашниот буџет, се занимавале само доселеници, но сега е поинаку - тоа се случува во шведски бракови. Во пролетта 2015 се упати директива од првите луѓе во безбедноста, да се удвојат напорите за да се стави крај на трговијата со луѓе, но прогресот е спор, а реорганизацијата во полицијата придонесува за уште поголемо успорување на ефикасноста. /извор: sputniknews.comКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиНа коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
МакедонијаПремиерот Мицкоски ќе изврши увид во градежни активности во Општина Кисела ВодаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, ќе изврши увид во градежните активности на проектот „Подобрување на системот за водоснабдување во руралната населба Каменик, Општина Кисела Вода“.Предвидено е премиерот Мицкоски да даде изјава за медиуми.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОдбележан 13 Ноември – Денот на ослободување на СкопјеГрад Скопје со свечена манифестација вчеравечер го одбележа „13 Ноември - Денот на ослободувањето на Скопје“.По тој повод Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски свечено им ги додели признанијата на годинешните добитници на наградата „13 Ноември“, луѓе кои со своето знаење, творештво, труд и човечност го збогатуваат Скопје и го издигнуваат неговиот углед. - Денот што ја носи гордоста на нашиот град и споменот на хероите на кои вечно ќе им бидеме благодарни. Пред 82 години, на улиците на Скопје се решавало дали идните генерации ќе живеат со наведнати глави или ќе чекорат слободно. Нашите ослободители го дале својот одговор. Со храброст. Со непоколеблива решителност. Со сопствените животи. Затоа денес стоиме исправени. Затоа денес живееме слободни. Затоа нивното дело има вечно место во срцето на Скопје. Слободата што ја живееме била платена со најскапоценото. Со млади животи, со неостварени соништа, со празни места во домовите во кои некој никогаш не се вратил. Нашата благодарност кон нив е вечна обврска да паметиме, да ја чуваме вистината за нивната борба и да создаваме град достоен за нивната жртва. Ви благодарам што му давате толку многу на нашиот град и што со вашиот пример ги охрабрувате младите да веруваат во сопствените можности. Носете го ова признание со гордост – рече Ѓорѓиевски во своето обраќање. Градоначалникот Ѓорѓиевски истакна дека нашата борба денес е различна, но суштината е иста, да им оставиме подобра иднина на генерациите што доаѓаат, како и дека негова главна заложба како градоначалник е да изградиме уредно, зелено, безбедно и современо Скопје, град во кој децата ќе растат со можности, секое населено место ќе добива внимание, а секој човек заслужена почит. - Секоја генерација има своја одговорност пред Скопје. Затоа ги откочивме проектите што со децении стоеја како неми сведоци на неодговорноста. Ги презедовме најтешките обврски и работиме да го завршиме она што предолго било одложувано. Денес, големите капитални проекти се во завршна фаза. Она што со години било ветување, добива облик пред очите на скопјани. Ова е одговорноста што ја презедов. Ќе ја носам со целосна посветеност, за Скопје да оди напред, а граѓаните да ја чувствуваат промената во својот живот. На овој голем ден, ја наведнуваме главата пред жртвата на ослободителите, а ја креваме со решителност пред обврските што ни ги носи иднината. Нивната храброст нека нè води. Нивната љубов кон Скопје нека нè обединува. Нашите дела нека покажат дека сме достојни за слободата што ни ја оставија. Нека е честит 13 Ноември. Вечна слава на ослободителите. Да живее слободно Скопје – рече Ѓорѓиевски.Тагови: Град Скопје Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоДенес променливо облачно со повремени врнежиВремето денес ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 12 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди и услови за појава на слаб дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во недела во попладневните часови наместа ќе има повремени врнежи од дожд. Потоа од почетокот на следната работна седмица времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, освен во средината на седмицата кога ќе има пообилни врнежи од дожд особено во западните делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.Тагови: УХМР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter