Нов ултразвучен ехо-апарат за Центарот за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид - Канал 5

Нов ултразвучен ехо-апарат за Центарот за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид

За потребите на Специјализирана болница за превенција, лекување и рехабилитација на кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид обезбеден е нов софистициран ултразвучен ехо-апарат за дијагностика.

Нов ултразвучен ехо-апарат за Центарот за кардиологија „Свети Стефан“ во Охрид

Станува збор за активност спроведена во рамки на проектот „Подобрување на условите за здравствен туризам со реконструкција на ЈЗУ Кардиологија – Охрид“ што се реализира преку Министерство за локална самоуправа и Швацарската агенција за развој во соработка и со кофинансирање на самата здравствена установа.

Како што информираат од Центарот за развој на Југозападниот плански регион што го спроведува проектот, активностите предвидени со проектот влегуваат во завршна фаза на реализација.

Досега се спроведени активностите насочени кон подобрување на енергетската ефикасност на установата, со поставена нова термо-фасада на целиот објект, интервенирано е во реконструкција на кровот и кровниот покривач, како и замена на столаријата во ЈЗУ.

Во последната фаза од проектот останува уште да се реализира и активноста за тековно сервисирање и одржување на постојниот информационен систем (хардвер и софтвер), надградба на модулот за интервентна кардиологија, развој на нови модули и набавка на опрема во компонентата за дигитализација.

Вредноста на градежните зафати изнесува 17 милиони денари, додека за набавката на ултразвучниот ехо-апарат се издвоени 2,9 милиони денари. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре почнува есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ со 26 современи ракотворци

Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар -  „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци.

Утре почнува есенскиот базар „Обоена есен, рачно создадена“ со 26 современи ракотворци

Утре, 16 октомври, на приземјето во Скопје Сити Мол започнува тридневен Есенски базар - „Обоена есен, рачно создадена“, посветен на новата генерација домашни ракотворци кои преку својата креативност, препознатлив стил и оригинален пристап ја претвораат рачната изработка во современ израз на уметноста и личниот идентитет. Базарот ќе трае до 18 октомври.

Во текот на трите денови, посетителите ќе имаат можност да се запознаат со работата на 26 современи ракотворци и домашни креативни брендови, кои создаваат рачно направени уникатни производи во мали серии, со голема вештина, прецизност и посвестеност на секој изработен предмет.

На базарот ќе учествуваат: GAIA, БУВ – раскажува приказна за дрвото, PURE BEAUTY by Emma, Forest Stories, SIRA Leather, Solar Creations, Zen.Zeal, Epoxy Handmade by Clay, Филигран од срма Софија, Crochet by Frosi, Игнеа козметика, Декупаж катче, Монкдолс, Јуник Корнер, Добро ми стои, Filigree LARGO, Еко восочни обвивки, Marcy_s_handmade, Шарено ќоше, Julie Decoupage, Ignis Creative, Витрум Студио, Custom Cakes by B, Јордан WoodWorkers, Тилиа органика и Фантаст уметничко студио.

На едно место ќе бидат претставени разновидни рачно изработени производи – од модерен накит, современ филигран и накит од епоксидна смола и полимерна глина, до рачно насликана керамика, производи од кожа, дрво и природни материјали. Понудата ја дополнуваат органска козметика, миризливи свеќи, декупаж, декоративни предмети за домот, уметнички дела, детски рачни изработки и низа други оригинални производи кои се создаваат локално и носат современа естетика.

Зад секој од овие производи стои човек, идеја и време вложено во создавањето – токму она што масовното производство не може да го понуди. Базарот „Обоена есен, рачно создадена“ ја претставува разновидноста на домашната креативна сцена. Со организирањето на вакви тематски базари, Скопје Сити Мол продолжува да им дава простор и поддршка на локалните ракотворци и малите креативни брендови, овозможувајќи нивната работа да стигне до поширока публика и да стане дел од современата градска понуда.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди

Денес објавуваме значајна вест за домашната економија.

Мицкоски: Нова инвестиција на „Кромберг и Шуберт“ и 2.000 нови работни места во Битола, за производство на Ауди

Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на потпишување договор за нова инвестиција.

Компанијата „Кромберг и Шуберт“ започнува нов инвестициски проект каде што во следните четири години се предвидува отворање на нови 2.000 работни места.

Она коешто тамо ќе се произведува се автомобилски компоненти за германскиот гигант Ауди. Не треба да ве потсетувам што е Ауди и што значи за автомобилската индустрија.

Ова е важна инвестиција за Битола, за Пелагонискиот Регион и за целокупната економија, но и потврда дека како држава располагаме со квалификувана работна сила и индустриски капацитети кои можат да одговорат на највисоките европски стандарди.

Во фабриката во индустриската зона Жабени ќе се произведуваат системи за нов модел на Ауди, со планиран обем од над 3.000 снопови дневно. Инаку, проектот предвидува и воведување современи технологии и дигитализација на производството.

„Кромберг и Шуберт“ досега има реализирано три инвестициски проекти во Жабени. Ќе ме коригирате ако нешто погрешам, во Битола до сега се околу 5.300 или 5.280, во Скопје се нешто над 1.700, со овој проект ќе дојдеме веќе до 10.000 вработени.

Така што довербата што ја има „Кромберг и Шуберт“ во земјата е огромна.

За Битола и цела Пелагонија ова значи нов развоен импулс, за локалното стопанство дополнителни можности, а за граѓаните перспектива за стабилна работа и економска сигурност.

Нашата цел е да бидеме препознаени како сигурна и конкурентна инвестициска дестинација, со силна индустрија, зголемен извоз. Тоа го разговаравме пред почетокот на оваа прес-конференција, следната година од „Кромберг и Шуберт“ очекуваат да надминат 400 милиони евра извоз од своите производни капацитети кај нас. И подобро платени работни места, навистина просечните плати, посебно за висококвалификуваниот кадар се над 80% над просекот во Македонија.

Упатувам благодарност до раководството на „Кромберг и Шуберт“ за довербата, како и до сите вработени кои со својата стручност и посветеност придонесуваат за реализација на вакви проекти.

На крај, сакам да испратам јасна порака.

Ова се нашите цели, ова се нашите приоритети и вака треба да работиме и во иднина за сопствената татковина. Со конкретни инвестиции, со отворање работни места и со резултати.

За жал имаме сѐ уште политички сили коишто се преокупирани со секојдневни политички пресметки, кои што се базирани на конструкции, лаги и измислици, а ние ќе останеме посветени на она што им е важно на граѓаните, тоа се капитални инвестиции, и проекти и приватни инцијативи од овој тип, коишто овозможуваат илјадници работни места, добро платени илјадници работни места.

Со тоа ја правиме разликата, којашто е во делата, а не во зборовите. Граѓаните очекуваат работа, одговорност и резултати, и по тој пат ќе продолжиме.

Ви благодарам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Таа има 54 години, а сите сè уште ѝ се восхитуваат на фигурата: „Леле, какви нозе!“

Славниот топ модел, Хајди Клум повторно позираше во провокативно издание, но овој пат за потребите на промовирање на нова линија долна облека од познат италијански бренд.

Фото: Таа има 54 години, а сите сè уште ѝ се восхитуваат на фигурата: „Леле, какви нозе!“

Поранешната манекенка Хајди Клум повторно е заштитно лице на италијанскиот бренд „Калцедонија“ (Calzedonia).

Таа се појави во нова кампања и уште еднаш го привлече вниманието на јавноста со своите смели изданија.

Речиси секојдневно таа му покажува на светот дека го обожава своето тело на 54-годишна возраст, па така, оскудната облека, па дури и фотографиите на кои е без горниот дел од облеката, за неа не претставуваат никаков проблем.

Напротив – нејзините профили на социјалните мрежи се полни со такви објави!

За оваа пригода, таа позираше во две изданија, при што и во двете акцентот е ставен на чипката.

На едната фотографија таа носи бордо боди и чорапи, а на другата позира во црн чипкаст комбинезон, под кој се гледа црна долна облека.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер