Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
2Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
Други спортовиНов триумф на Стефановски на 11-та трка од Европското првенство на ридски патекиИгор Стефановски - Иџе уште еднаш ја потврди својата супериорна европска класа со осмата победа во групата Н во 11-та трка од Европскиот шампионат на ридски патеки која се возеше во Илирска Бистрица, Словенија.По обезбедувањето на европската шампионска титула во Категоријата 1 на две трки пред крајот на сезоната, настапот во Словенија за Стефановски беше формалност и прилика да се научи патеката. Но, нашиот спортски херој сакаше уште еднаш да ја потврди својата вредност посебно поради силната конкуренција во Словенија во групата Н. Цела сезона Стефановски го чекаше и посакуваше директниот дуел со минатогодишниот европски шампион, Хрватот Томислав Мухвиќ. Сепак, откако ги пропушти првите две трки од сезоната поради технички проблеми, Мухвиќ се откажа од одбраната на титулата и настапуваше само во домашното првенство. Конечно, Стефановски и Мухвиќ за прв пат сезонава се сретнаа токму на оваа трка во Словенија. Дополнително, исто така за прв пат сезонава, Стефановски за противник го имаше и италијанскиот шампион во групата Н, Микеле Буиати. Со време од 2:26.05 Иџе постави нов рекорд на патеката за возила од групата Н оставајќи го Мухвиќ 1,13 секунди позади себе. Во второто возење Стефановски постигна време од 2:26.36 со што стигна до нов триумф со вкупно време од 4:52.41. Мухвиќ заврши втор со вкупно време од 4:55.09, а трет Чехот Јиржи Лос со вкупно време од 4:56.39. Италијанецот Буиати комплетно разочара заостанувајќи по 4 секунди во двете возења зад Стефановски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотМакедонците во Мала Преспа го одбележаа Раѓањето на Пресвета Богородица на островот Мал ГрадМакедонците во Мала Преспа го одбележаа големиот православен празник Раѓање на Пресвета Богородица – Мала Богородица, со богослужба во црквата „Света Богородица“ на островот Мал Град во Преспанското Езеро.Во древниот храм „Света Богородица“, кој потекнува од 1345 година, беше одржана свечена богослужба, продолжувајќи ја вековната традиција на одбележување на празникот на островот Мал Град. На богослужбата, во чест на Рождеството на Пресвета Богородица, богослужеше митрополитот Корчански, Неговото Високо Преосвештенство Анастасиј, заедно со отец Алексо од Пустец и други свештеници од Корчанската митрополија. На празничната богослужба присуствуваше и претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, кој на верниците им посака здравје, мир и благосостојба. Црквата „Света Богородица“ на Мал Град претставува еден од најзначајните културно-историски споменици во Преспа. Сместена на островот Мал Град, во областа Мала Преспа, црквата датира од XIV век и претставува значаен споменик на средновековното македонско културно наследство во Преспанскиот регион. Особено значаен е нејзиниот фрескоживопис, по кој храмот се издвојува меѓу пештерските и островските цркви распространети долж бреговите на Преспанското и Охридското Езеро. Празникот Рождество на Пресвета Богородица – Мала Богородица има посебно значење и во традицијата на Македонците во Албанија. Голем број македонски семејства го одбележуваат како домашна слава, пренесувајќи ја традицијата од поколение на поколение. Одбележувањето на празникот на Мал Град и годинава беше можност жителите на Преспа да ја продолжат вековната верска и културна традиција поврзана со овој значаен храм и со Преспанскиот крај.Тагови: Мала Преспа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканНови американски амбасадори во Србија и БиХВашингтон испраќа нови амбасадори во Србија и во БиХ. На сослушување во сенатскиот одбор Мајкл Јанг и Роналд Џонсон, кандидатите за нови амбасадори во Белград и Сараево, како свои приоритети ги претсавиле зајакнувањето на економските врски, на стабилноста на регионот како и сузбивањето на влијанијата на Русија и Кина на Западен Балкан. Мајкл Јанг кој е поранешен претседател на универзитетот во Јута, пред сенаторите истакнал дека постои голем потенцијал за американските компании во Србија Роналд Џонсон кој е кандидат за амбасадор на САД во БиХ, мегудругото ја потврдил американската посветеност на суверенитетот, територијалниот интегритет и мирот воспоставен со дејтонскиот мировен договор. Во контекс на регионалната безбедност тој најавил и заедничка соработка со партнерите за ограничување на малигното влијание на Русија и Кина на тој простор. Во јануари минатата годинаод Србија замина екс амбасадорот на САД Кристофер Хил а во февруари Мајкл Марфи од БиХ. Агелер замина од Македонија во декември 2025-таТагови: амбасадори Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ТехнологијаНадвор од контрола: „Gemini“ хакираше три компанииМоделот за вештачка интелигенција на „Google“, „Gemini“, пристапи до интернет и хакираше три компании за време на тест на неговите способности за сајбер-безбедност.Ова е првиот познат случај во кој системот за вештачка интелигенција на компанијата самостојно извршил таква активност, објави Ројтерс. Хакирањата се случија во мај, за време на тест за сајбер-безбедност спроведен од „Irregular“, независна фирма за проценка на сајбер-безбедноста. За време на стандардните процедури за тестирање, „Gemini“ пронајде јавно достапни информации на интернет и ги погоди акредитивите за пристап до три веб-страници кои беа дел од опсегот на тестот, изјави Хедер Адкинс, потпретседателка за безбедносно инженерство во „Google“. „Се погриживме тие три организации да бидат известени и соработувавме со нашиот партнер за тестирање околу промените што тие сега ги имплементираа во своите процеси на тестирање“, рече Адкинс. Портпарол на „Irregular“ изјави дека инцидентот вклучувал ист проблем што влијаел и врз други лаборатории за вештачка интелигенција и дека сите релевантни лаборатории биле известени кон крајот на јули. Слични инциденти поврзани со „Irregular“ пријавија и „Meta“, „Anthropic“ и „OpenAI“, што покренува прашања за безбедносните механизми додека агентите со вештачка интелигенција добиваат поголема автономија и пристап до интернет и компјутерски системи. Во еден случај, „Gemini“ погодуваше лозинки сè додека не доби пристап до заштитен систем. Во другите два случаи, моделот пронајде акредитиви за пристап во јавно достапно складиште, што му овозможи да пристапи до заштитени системи. Адкинс истакна дека во сите три случаи, моделот престанал со хакерската активност. Извор: Б92Тагови: Gemini Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook