Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација
2Манасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизација
НБАНов „трипл-дабл“ на Расел ВестбрукРасел Вестбрук продолжува со своите фантастични игри во дресот на Оклахома Сити.Вестбрук одново беше предводеник на „Тандерси“ , овојпат во победата над Лос Анџелес Лејкерс со 110-93. Тој средбата ја заврши со учинок од 17 поени, 18 скокови и 17 асистенции, што е негов 28-ми „трипл-дабл“ сезонава. Со тоа Вестрбрук стана е единственот играч од сезоната 1983/1984 кој остварил ваков учинок. Единствениот пак кој во историјата на НБА имал „трипл-дабл“ улинок од 20-20-20 е легендарниот Вилт Чемберлен кому тоа му успеало во сезоната 1967-68. Од останатите натпревари одиграни ноќеска во НБА лигата, ја издвојуваме победата на Чикаго над Феникс со 128-121 и тоа по продолжението од пет минути. На другите натпревари беа постигнати овие резултати: Филаделфија – Вашингтон 120-112, Индијана – Мемфис 102-92, Торонто – Бостон 107-97, Милвоки – Јута 95-109, Минесота – Далас 97-84, Атланта – Мајами 90-108, Денвер – Бруклин 129-109, Лос Анџелес Клиперс - Сан Антонио 97-105. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАлармантно во Гостивар: Над 1.200 граѓани хоспитализирани поради загадена водаЗдравствена вонредна состојба во Гостивар. Поради загадена вода за само неколку дена дури 1.200 граѓани побарале медицинска помош во болницата. Пациентите, меѓу кои има и многу деца, се јавуваат со симптоми на труење, поради што се засилени дежурните медицински тимови. Првичните информации од полицијата упатуваат на сомнеж дека локалниот водовод ја загадил водата со отпадни води во обид да го зголеми притисокот во мрежатаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМанасиевски: Опозицијата доби бланко лист за исполнување на желби за Изборниот Законик, истото го одбија поради виктимизацијаОпозицијата доби бланко лист за исполнување на желбите за Изборниот Законик, а истото го одбија поради виктимизација.Коалицијата на СДС, Левица и ДУИ, сметаат дека доколку глумат жртви тоа ќе им донесе политички поен повеќе. Реалноста пак излезе на површина, а таа е дека ВМРО-ДПМНЕ како партија на власт им ги прифаќа сите барања на опозиционерите, само дијаспората да може да гласа на полесен начин. Токму ова, коалицијата на СДС, Левица и ДУИ го одбија. Одбија и да бидат внесени во новиот ИЗ и препораките на ОБСЕ и ОДИХР, одбија да имаме една изборна единица, одбија и повеќе пари за рекламирање, само за да се претстават како жртви и оваа приказна да можат да ја шират како алиби на следните избори кои историски ќе ги загубат. Но, исто така, со недонесување на ИЗ директно се обидуваат да го намалат успехот на Македонија во делот на Реформската Агенда. Ние посекако сме лидери во Западен Балкан во исполнување на реформи, но неносењето на ИЗ е директен показател дека кога ќе имаат можност СДС, Левица и ДУИ ќе опструираат. Токму во овој процес се покажа зошто ВМРО-ДПМНЕ е на власт, а зошто СДС, Левица и ДУИ се во опозиција. Разликата е евидентна. Едните работат во интерес на државата, а другите за својот и партискиот интерес. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВлада: Кризната состојба за нафта и нафтени деривати продолжена до 20 октомври12:02Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30Кос: Македонија е една од најдобрите земји во реформите, но мора да ги донесе уставните измени15:07Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08Стевчо Јакимовски доброволно замина во затворот „Скопје“ 18:05
Силно невреме со обилен дожд синоќа ја погоди Битола, каде улиците беа поплавени низ целиот град08:30
Николовски: Постигнат е договор со Швајцарија, Хрватска и Романија , а во тек се преговори и со други земји11:08
ТенисФото: Новак ги собра најголемите светски ѕвезди на едно местоПоради најтрофејниот светски тенисер, Новак Ѓоковиќ, најголемите ѕвезди од светот на спортот, модата, филмот и многу други општествени сфери дојдоа на премиерата на неговиот документарен филм во Њујорк. Новак Ѓоковиќ пристигна во Њујорк од Меѓугорје и таму ја одржа премиерата на својот документарец. Документарниот филм „Новак Ѓоковиќ – Зимски волк“ ќе биде достапен за јавноста на 20 август, а премиерата, на која се појавија најголемите светски ѕвезди, се одржа околу еден месец претходно. Секако, присутни беа личности од светот на спортот – почнувајќи од Мајк Тајсон, Џон Мекинро, Златан Ибрахимовиќ, Хуан Мартин дел Потро, Џани Инфантино, Богдан Богдановиќ, Марко Матераци, Роберто Карлос, Фернандо Љоренте и Кафу, па сè до кралицата на модата Ана Винтур, манекенката Кристина Романова и многу други. Од фотографиите што се појавија од „Музејот на современа уметност“ може да се види дека сите уживале и дека имале што да видат. Веројатно нема да можат многу да зборуваат за тоа поради јавната премиера, која е закажана дури за август. На филмот за Новак работеше Џејсон Хејер, човекот што го сними документарецот за Мајкл Џордан („Последниот танц“), а тоа само по себе беше доволна најава за спектаклот што се очекуваше. "I’m trying to prove myself wrong more than anybody else." Novak Djokovic: The Wolf in Winter is streaming August 20. pic.twitter.com/7n24EVv7Ao — Prime Video (@PrimeVideo) July 14, 2026 „Кој најмногу се сомнева во мене? Гледате во него“, рече Новак Ѓоковиќ, покажувајќи кон себе: „Се обидувам да се надминам себеси, повеќе од кој било друг. Луѓето мислат дека си постигнал толку многу и дека треба да уживаш во тоа, а јас не можам да уживам“, изјави Новак, меѓу другото, во објавениот трејлер. Тагови: Новак Ѓоковиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter