Нов тест во САД: Ја открива заразата веднаш по инфицирањето - Канал 5

Нов тест во САД: Ја открива заразата веднаш по инфицирањето

Научниците кои работат за американската војска дизајнираа нов тест за „ковид-19“ кој може потенцијално да идентификува секој што е инфициран дури и пред да стане заразен за другите.

Нов тест во САД: Ја открива заразата веднаш по инфицирањето

Експертите кои го водат овој проект се надеваат дека преку овие тестови на крвта ќе можат да го детектираат присуството на вирусот уште 24 часа по инфекцијата, односно долго пред да се појават првите симптоми и неколку дена пред да можат да заразат други. Овој вид на тестирање ќе го открие присуството на вирусот четири дена порано отколку што можат познатите тестови.

Тестот потекнува од проект формиран од Агенцијата за напредни истражувачки проекти во одбраната (ДАРПА) и се очекува да биде доставен до Управата за храна и лекови на САД (ФДА) за преглед и одобрување во рок од една недела.

Неврологот Стјуарт Селфон, раководител на истражувачкиот тим во болницата „Маунт Синај“ во Њујорк, рече дека овој пристап за тестирање, кој го следи одговорот на телото на ковид-19, треба да донесе побрзи резултати од тековните тестови со брисеви.

„Бидејќи имунолошкиот одговор на инфекција се развива веднаш по заразувањето, тестирањето како ова треба да може рано да ја дијагностицира инфекцијата“, изјави Селфон за „Гардијан“.

Доколку биде одобрено, тестирањето би можело да започне во Соединетите Држави уште во втората половина на мај, со што успешно ќе се изолираат раните заразени случаи и ефикасно ќе се рушат понатамошните ланци на инфекцијата.

Тестот ја користи истата механичка опрема (PCR) што се користи за анализа преку носот, така што многу земји веќе ја имаат потребната инфраструктура за изведување на тестовите. Но, за разлика од претходните тестови, новиот тест бара пренесувач РНК (mRNA) во крвта на субјектите.

"MRNA е дел од имунолошкиот одговор на вирусната инфекција. Нивото на изразување на mRNA е навистина различно во случај на инфекција со коронавирус", објасни Селфон.

Според досегашната анализа, точноста на новиот тест е над 95%. Имено, иако примероците од крв е потешко да се соберат отколку назалните брисеви, тие даваат поверодостојни резултати. Тестирањето со брисеви може да биде многу незгодно, затоа што се тестира длабоко во носот.

„Тестирањето со брисеви може да даде многу лажни негативни резултати заради лошото земање примероци“, рече доктор Лоренс Јанг од универзитетот Ворвик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Дневен хороскоп за понеделник, 9. ноември 2026 година. 

Дневен хороскоп за 9. ноември 2026 година

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Би можеле да се најдете на малечка вага меѓу чувствата и должностите. За среќа, набргу ќе го препознаете вистинскиот пат.

Кариера

Денеска не влегувајте во расправии, а доколку може, ниту разговарајте со шефовите , зашто тие ќе мислат едно , а вие сосема друго.

Здравје и совет

Обидете се да бидете полежерни.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Некои денеска ќе ја покажат својата сентиментална нишка, а тоа малку ќе ја збуни личноста која ве сака. Таа ќе очекува да бидете поцврсти.

Кариера

Според вашите идеи би можело да се покрене еден проект , но во сето тоа има и доста заблуди.

Здравје и совет

Разделете ја реалноста од фантазијата.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Повторно ќе станете онаа позната заводлива личност , која предизвикува внимание каде и да се појави. Ќе проивлечете доста внимание на забавите што се пред вас.

Кариера

Ќе решавате мали финансиски проблеми и ќе најдете решение. Во нив ќе има и тактика и претприемништво во исто време.

Здравје и совет

Внимавајте на грлото.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Зближувањето со саканата личност дава резултати , па денеска ќе дадете се од себе така да остане.

Кариера

Малкумина ќе се решат да вложат средства во вашите напредни идеи , поради што се чувствувате по малку осамени.

Здравје и совет

Честопати сте пред своето време. Искористете ја предноста.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Колку ќе имате потреба за нежност, толку ќе имате и за грубости. Ќе бидете во подвоена состојба.

Кариера

Повеќето од работите што ќе ги преземете , ќе вродат со плод , а вие ќе имате многу причини за задоволство.

Здравје и совет

Бидете трпеливи во љубовта.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Поради празнината што ја чувствувате , ќе се трудите да бидете што пољубезни , но ќе се препознае дека тоа не е природно.

Кариера

Во договорите и преговорите ќе бидете склони на другите да им го препуштите главниот збор , дури и тогаш кога ќе бидете во право.

Здравје и совет

Искреноста е доблест.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Тешко денеска ќе го разберете партнерот зашто кон вас ќе се однесува на моменти мирно , а на моменти налутено. Подгответе се за тоа.

Кариера

Она што сте го замислиле нема да се развива според планот. Потребно е поголемо разбирање за другите и почеток на сериозна соработка.

Здравје и совет

Бидете искрени кон себеси и кон другите.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Пред вас е прекрасен ден за секој вид дружење , воспоставување на нови контакти и за ширење на хоризонтите. Искористете го тоа.

Кариера

Доколку имате работа што вклучува односи со луѓе , ќе ви биде убаво. Во другите дејности ќе барате друштво.

Здравје и совет

Почитувајте ги другите.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Ќе ги заборавите непотребните грижи и ќе се обидете да се концентрирате на она што мора да се решава во односите. Нема веќе да се збунувате.

Кариера

Вашиот позитивен став ќе ви донесе поен повеќе во договарањето на работите. Ќе го употребите и својот шарм.

Здравје и совет

Не сте на трка . Опуштете се.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Посветеноста кон љубовните тајни ќе доведе до едно интересно откритие , кое ќе ве заинтригира.

Кариера

Во предложената работа со пријателите немојте да бидете попустливи , зашто и покрај добрите намери , ќе бидете во загуба.

Здравје и совет

Утре ќе биде сосема поинаку. Бидете трпеливи.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Ќе се потпирате на вашето шесто чуло. Тоа ќе ве поттикнува за подобро да соработувате со другата страна.

Кариера

Ништо нема да ви биде премногу, нити премалку. Токму вие ќе бидете онаа личност , која работите ќе ги доведете во рамнотежа.

Здравје и совет

Понекогаш ви е од се преку глава. Поминете го денот осамени.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Пред вас е квалитетен ден во кој ќе ги игнорирате повремените мали нервози и со љубов ќе ги победувате.

Кариера

На цврстите темели вие почнувате да развивате нов долгорочен план на дејности кои имаат иднина.

Здравје и совет

Ја одржувате добрата форма.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Вечерва, во оригиналното шоу „На кавга со Иван“ ќе гостува Слаѓана Тасева

„На кавга со Иван“ - Слаѓана Тасева

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер