Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив
1Мајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нив
3Резултатите од ПИСА го вклучија алармот за квалитетот на македонското образование и досега спроведените реформи
Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
1Две недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска треска
БалканНов смртен случај за осум денови по операција на крајници во ОБ во Чачак: Министерството за здравство на Србија воведе привремени меркиМаж на возраст од 38 години почина постоперативно по операција на крајници во Општата болница Чачак, соопшти денеска српското Министерство за здравство. Тоа се случува откако четиригодишно девојче на 4 февруари почина по иста операција во таа болница. Пациентот, како што објави Министерството, самостојно побарал таква хируршка интервенција поради проблеми со дишењето со години, свесен за ризикот од самата интервенција поради други придружни болести од кои страдал. Починал во ноќта помеѓу 11 и 12 февруари, соопшти српското Министерство за здравство. Министерот за здравство Златибор Лончар издаде наредба за воведување привремени мерки во ОБ Чачак, што подразбира преземање на управувањето со таа здравствена установа во наредниот период. Пред неколку дена, четиригодишно девојче почина по операција на крајник во таа болница. Вршителот на должноста директор на болницата каде што девојчето беше оперирано, поднесе оставка. Граѓаните организираа дводневни протести и бараат да се објави кој е одговорен за смртта на девојчето. Министерството за здравство претходно објави дека во вторникот е испратена инспекција во ОБ Чачак за да се испитаат околностите што довеле до смртта на девојчето. Нареден е и надворешен стручен надзор, кој, како што беше наведено тогаш, го вршат еминентни доктори-професори од терцијарни здравствени установи од областа чија работа се проверува. Тагови: Србија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМајка на две деца со аутизам вели дека на настава немаат образовен асистент и таа мора да седи со нивМајка на две девојчиња со аутизам кои образованието оваа учебна година го почнале во редовно училиште открива дека досега се уште на наставата немаат образовен асистент, и самата мора да седи на училиште со нив....Мартина Младеновски е мајка на две првачиња со аутизам од основното училиште „Братсво“ во скопски Карпош..Нејзините две девојчиња се уште немаат образовен асистент вели таа, и низ солзи вели дека е приморана да биде со нив на училиште... Младеновски вели дека покрај голготата што ја поминала во првите седум години од нивниот живот без никаква поддршка, сега, иако навреме ги запишала децата на училиште, учебната година им почнува без асистент. – Од школото е поднесено барање за образовен асистент уште на 26 мај, но таму до ден денеска, еве денеска сме 10 септември нема никаков одговор. Засега седам јас со нив додека не се обезбеди соодветната поддршка . Сето тоа е премногу напорно, јас како што и кажав, јас седум години ги пополнувам дупките што системот ги прави се за добробит на девојчињата. Од ресорното Министерство пак велат дека годинава се ангажирани рекорден број на образовни асистенти, но и дека е во тек постапка за да се обезбедат и нови таму каде што се уште има потреба. Во меѓувреме, од МОН ги задолжуваат училиштата да ги искористат ресурсите за да ги пополнат овие дупки. „Во тековната учебна година се ангажирани 1.358 образовни асистенти во основното и за прв пат 166 во средното образование. Во тек е постапка за ангажирање дополнителен број стручни лица согласно пријавените потреби. До завршување на постапката, училиштата се задолжени да ги стават во функција сите расположливи кадровски и стручни капацитети за обезбедување континуирана поддршка на учениците со попреченост.“ Од ОУ „Братство“ велат дека и покрај доставеното барањ до ОУ Златен Сремец за ангажирање на двајца образовни асистенти, оттаму до денеска не добиле одговор. Иако го контактиравме училиштето, од уилиштетео не добивме одговор, до каде е постапката, најавија дека раководството ке соопшти од понеделник.. Инаку, Младеновски вели дека нејзините дечиња не се единствените кои немаат образовен асистент, и се надева дека ова ќе биде последна година во која ќе се соочуваат со вакво проблем. – Од се срце посакувам ова да биде последна година во којашто ќе бидеме ставени во ситуација да излегуваме јавно и да говориме на оваа тема. Порака до сите родители е да бидат издрживи – тие дечиња имаат толку љубов во нив и толјку се сакани што им посакувам на сите родители да го издржат товарот што им е доделен да го носат. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
ЗдравјеДве недели по ред регистрирани по само два нови случаи, досега осум лица починаа од западнонилска трескаМинистерот Клековски денеска потврди дека на Инфективната клиника во моментов се лекуваат шестмина пациенти од западно нилска треска од кои двајца се критични.. Стивнува западнонилската треска – Втора недела по ред надлежните регистрираат по само два нови случаи на вирусот. На Инфективната клиника во моментов се наоѓаат шест пациенти, од кои двајца се критични.Министерот Клековски вели дека сега со стивнувањето на епидемијата клучно е да се види дали се научиле лекциите од оваа сезона за поподготвени да ја дочекаме следната. Министерот Клековски денеска ја претстави и ажуририраната листа на лекови, обновена прв пат по 11 години. Станува збор за листа, поддржана од СЗО, неопходна за здравствените работници во третманот на најширок можен дијапазон на болести. Воведени се неколку позначајни новини, на пример кај антибиотиците, кои се поделени во три групи со цел да се воспостави нивна рационална употреба. Воведени се и нови терапевтски области за повеќе болести, како мултипла склероза, цистична фиброза, ХИВ, онколошки терапии. „А што е ново во листата? Таа е систематизирана во 28 терапевтски области, дефинирана во подгрупи, фармацевтски форми итн. Ново не е само што имаме 109 нови лекови (активни супстанции) на оваа листа, од вкупно 372 лека кои се на оваа листа, туку новина е дека е сменет и терапевтскиот пристап.“, изјави Клековски. Министерот појасни дека есенцијалната и позитивнита листа на лекови се две различни листи, односно, есенцијалната ги опфаќа лековите што треба да ги има во земјата, меѓутоа не се неизбежно дел од позитивната листа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГаздата на „Пулс“ Дејан Јованов Деко наскоро ќе се брани од слобода15:08Активни пожари има во општина Струга, Македонски Брод и Чучер-Сандево09:11По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11Перпарим Бајрами, обвинет во случајот на Државна лотарија, се предал на македонските власти09:08
По повеќе од една година во бегство Перпарим Бајрами уапсен на ГП „Блаце“ – сам и се предал на полицијата 15:05
МВР: На граничниот премин Долно Блаце за влез во Македонија се пријавил Перпарим Бајрами, баран со меѓународна потерница11:11
МакедонијаДиректорот на затворот Скопје поднесе оставка- Утковски вели заминува од лични причиниДиректорот на затворот Скопје Бобан Утковски, поднесе оставка, а како што и самиот потврди за Канал 5, оставката била поради лични причини.. Утковски не сакаше да открива повеќе детали. Од Владата потврдуваат дека Утковски ја доставил оставката и информираат дека истата ќе биде предмет на разгледување на некоја од наредните седници, а јавноста ќе биде информирана откако ќе биде назначен негов наследник. На седница на Влада предлог за нов директор на затворот во Шутка ќе треба да достави директорот за извршување на санкции Александар Пандов, кој за Канал 5 изрази надеж дека наследникот на Утковски ќе биде избран во најкус можен рок. Утковски беше именуван за в.д. Директор на скопскиот затвор во јули 2024 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter