Нов скок на горивата: Дизелот се продава за 98 денари, бензините по 91,5 и 93,5 денари за литар - Канал 5

Нов скок на горивата: Дизелот се продава за 98 денари, бензините по 91,5 и 93,5 денари за литар

Новите значително повисоки цени на дизелот кој од денеска се продава по цена од 98 денари за литар, и оние на бенизните, кои по вчерашната одлука на Регулаторна, изнесуваат 91,5 денари , односно 93,5 денари по литар за 95ка и 98ца .

Нов скок на горивата: Дизелот се продава за 98 денари, бензините по 91,5 и 93,5 денари за литар

Новите значително повисоки цени на дизелот кој од денеска се продава по цена од 98 денари за литар, и оние на бенизните, кои по вчерашната одлука на Регулаторна, изнесуваат 91,5 денари , односно 93,5 денари по литар за 95ка и 98ца – вчера ги прополнија безнинсиките пумпи, а на социјалните мрежи се појавија и фотографии дека на одредени продажни места поради трошење на залихите одредени деривати не се точат....

Денеска состојбата на терен е поинаква – резерви на горива има, гужви нема. Цените на дериватите по војната на Блискиот исток постојано варираат, како на светските берзи така и кај нас. Преговорите за крај на војната меѓу САД и Иран заглавија, а барел денеска се тргува по цена од над 90 долари. Според економскиот аналитичар Бранимир Јованович, иако цените на нафтата скокнаа, инфлацијата е разгорена, сепак вели иако се предвидуваа црни сценарија во овие 6 месеци од војната искуствоото и не е толку негативно.

„Прво намалена е глобалната побарувачка многу земји почнаа да штедат посебно азиските. Другите земји го зголемија производството, како во Либија, Америка, залихите се на релативно добро ниво. Исто така ако се погледанат глобалните залихи на нафта ќе видите дека тие се намалија за околу 5 % за 6 месеци и тоа не е така страшно. Ако вака продолжи може да се тера уште 10 години додека не се потрошат залихите. “- Бранимир Јованович – економски аналитичар.

Иако очекува стабилизирање, сепак вели креторите на политики во земјава треба зимата да ја дочекаат подготвени бидејќи тие месеци може да предизвикаат потешкотии, доколку евентуално ситуацијата на Блискиот исток се влоши.

„Мора да се пополнат сите складишта, резервит да се кренат на највисоко ниво, затоа што не знаете што ќе се случи во наредните месеци мора да бидете спремни на најлошото доаѓа зима студени денови. И една од мерките кои треба да бидат според мене е и огрнаичување на пумпите....“ - Бранимир Јованович – економски аналитичар.

Вчерашната пресметка на Регулаторна беше направена со намалени акцизи и тоа кај дизелот за 4, и кај бенизните за 2 денари по литар – мерки кои според Јованович, во иднина не би требало да се практикуваат бидејќи вели директниот товар од нив паѓа врз државниот буџет. Како опција при евентуален подолгорочен скок на цените на нафтата, според него една од мерките која ја споменува е замрзнување на цените на дериватите, така според него товар ќе биде порамномерно распределен...

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

О. Карпош: „Мега лифтови“ – победници на турнирот „Сокол 2026 “

Во прекрасна спортска атмосфера и пред полни трибини, на спортското игралиште во Карпош 1, вечерва се одигра финалниот натпревар од меморијалниот турнир во мал фудбал „Оливер Соколов-Сокол“.

О. Карпош:  „Мега лифтови“ – победници на турнирот „Сокол 2026 “

Екипата на „МЕГА ЛИФТОВИ“ со убедлива и сигурна игра ја совлада екипата на „РУДИ КОМПАНИ“ и заслужено го освои победничкиот пехарот на овогодинешниот турнир.

На големото финале присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој им ги врачи пехарите на најдобрите екипи.

„Чест ми е што Општина Карпош и годинава беше домаќин на меморијалниот турнир „Оливер Соколов – Сокол“, кој низ годините прерасна во препознатлив дел од спортскиот живот на општината. Посебно ми е драго што натпреварите беа проследени од голем број на граѓани, а тоа само го потврдува фактот дека спортот има посебно место во Карпош. Им честитам на победниците, но и на сите екипи кои беа дел од турнирот и покажаа фер-плеј и спортска атмосфера.“, истакна градоначалникот Лукровски.

Честитки до победниците и до сите учесници на турнирот „Сокол 2026“!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ,.

Вучиќ ѝ ги предаде должностите на Ана Брнабиќ

Претседателот на Србија Александар Вучиќ ги предаде своите должности на претседателката на парламентот, Ана Брнабиќ, во српското претставништво, која ќе биде вршител на должноста претседател на парламентот до изборите на крајот на декември. Ќе ја задржам оваа позиција до изборот на новиот претседател на Србија, изјави Ана Брнабиќ.

За време на примопредавањето на должноста, Ана Брнабиќ изјави дека е почестена што ја прифатила оваа позиција.„Чест ми е што ја примам оваа должност од таков човек и што можам да ја држам оваа позиција до изборот на нов претседател. Знам дека Александар Вучиќ се впушта во нова борба и му посакувам среќа. Ќе ја држам оваа позиција до изборот на претседател на република србија“, нагласи Брнабиќ.

Вучиќ претходно поднесе оставка за да учествува на парламентарните избори, како што рече, како обичен граѓанин, наведувајќи дека ја извршил својата должност верно, чесно и праведно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месец

Извозот на сурова нафта од Блискиот Исток се зголеми на 12,8 милиони барели дневно во септември – што претставува највисоко ниво од почетокот на конфликтот меѓу Израел и Иран во февруари – според податоците објавени денес од компанијата „Kpler“.&nbs

Саудиска Арабија повеќе од двојно го зголеми својот извоз на нафта за само еден месец

Ова закрепнување е поттикнато од зголемениот извоз преку Ормутскиот теснец, за ​​кој се очекува овој месец да достигне приближно 7,4 милиони барели дневно.

Прелиминарните податоци укажуваат на тоа дека Саудиска Арабија пренасочила дел од извозот подалеку од пристаништето Јанбу на Црвеното Море, откако еден клучен нафтовод бил оштетен во напади.

И покрај закрепнувањето, извозот од регионот останува за околу шест милиони барели дневно помал во споредба со февруари, кога изнесувал 18,8 милиони барели дневно, известува „Kpler“.

Се очекува Саудиска Арабија, најголемиот извозник во регионот, овој месец да испорача околу 5,4 милиони барели дневно. Во август, нејзиниот извоз изнесуваше само 2,446 милиони барели дневно.

Испораките од пристаништето Рас Танура во Заливот се зголемија на приближно 3,6 милиони барели дневно во септември, што претставува пораст во однос на 929.000 барели дневно во август.

Сепак, тие остануваат на пониско ниво отколку во февруари, кога од ова пристаниште се испорачуваа 6,411 милиони барели дневно. Податоците од компанијата „Kpler“ покажуваат дека минатата недела низ Ормускиот теснец поминале вкупно 19 големи танкери за сурова нафта. Секој од нив превезува околу два милиони барели саудиска нафта. Овие бројки не ги вклучуваат пловилата што можеби поминале низ теснецот со исклучени транспондери за да избегнат откривање, пренесува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер