Нов скандал во НБА – хеликоптерот на Леброн под лупа на јавноста! - Канал 5

Нов скандал во НБА – хеликоптерот на Леброн под лупа на јавноста!

Луксузните летови на Леброн Џејмс од Њујорк до Филаделфија предизвикаа сомнеж, човекот што ја разоткри големата афера повторно истражува!

Нов скандал во НБА – хеликоптерот на Леброн под лупа на јавноста!

Еден од најдобрите светски кошаркари во историјата, „големиот“ Леброн Џејмс користи хеликоптер на „Фанатикс“ (Fanatics) за патување меѓу Њујорк и Филаделфија, а трошоците се покриени со договор за спонзорство потпишан во јануари 2024 година.

Овој договор предизвика огромно внимание од познатиот новинар Пабло Торе, чие претходно истражување ја потресе НБА-лигата и доведе до изрекување казни за тимот на Лос Анџелес Клиперс.

Приватен хеликоптер, договор за спонзорство и сомневања за заобиколување на ограничувањето на платите!

Леброн Џејмс се најде во центарот на нова контроверзија во НБА, откако се дозна дека ја користел авио-услугата на компанијата „Фанатикс“ (Fanatics) за патување меѓу Њујорк и Филаделфија.

Сега се поставува прашање што би можело да предизвика нова бура во американската кошарка: дали луксузниот превоз на Леброн е само дел од договорот за спонзорство, или постои причина НБА подетално да го истражи овој аранжман? Ова лето, легендарниот кошаркар пристигна во Филаделфија, каде што потпиша двегодишен договор со „Севентисиксерс“ (76ers) вреден околу осум милиони долари.

Посебно внимание привлече одлуката на Леброн да не се пресели во овој град. Наместо тоа, „Кралот“ одлучи да живее во Њујорк, од каде што патува на тренинзи и на натпревари со хеликоптер.

И тука започнува приказната што го привлече вниманието на американските медиуми. Џејмс има на располагање хеликоптер на компанијата „Фанатикс“ (Fanatics), а трошоците за превоз се покриени со неговиот спонзорски договор со оваа компанија.

Според порталот „Фронт офис спортс“ (Front Office Sports), леталото направило дури 12 повратни летови меѓу Њујорк и Филаделфија во текот на една недела!

Колку е скап овој начин на патување најдобро покажува податокот дека цената на чартер-лет со хеликоптер меѓу овие два града се проценува на 6.000 до 9.000 долари во еден правец, според „TMZ Sports“.

Летот трае приближно 30 до 45 минути, додека патувањето со автомобил може да одземе од час и половина до два часа, во зависност од сообраќајот.

За Џејмс, кој на 41-годишна возраст е една од најголемите ѕвезди во светската кошарка, овој вид транспорт значи повеќе време за одмор и за обврски надвор од теренот. Сепак, кога ќе се дознае дека трошоците не ги покрива директно играчот, туку компанијата со која тој има повеќегодишен комерцијален договор, се поставуваат прашања за вистинската вредност на поволностите што тој ги добива.

Претставникот на Џејмс потврди дека пристапот до корпоративната авијација е дел од договорот со „Fanatics“, потпишан уште во јануари 2024 година, додека кошаркарот настапуваше за „Лос Анџелес Лејкерс“.

Според тоа, врз основа на досега објавените информации, станува збор за аранжман што постоел пред неговото доаѓање во Филаделфија, а не за поволност што директно му ја понудил новиот клуб.

Прашањето за вредноста на таквите поволности и нивната усогласеност со правилата на НБА беше она што го привлече вниманието на Пабло Торе.

Истражувачкиот новинар, чиј подкаст ги разоткри финансиските врски во случајот меѓу Каваи Ленард и „Клиперс“, на 13 октомври потврди дека неговиот тим внимателно ја следи приказната поврзана со хеликоптерот на Џејмс.

На настанот „Front Office Sports Tuned In“, Торе откри дека сопствениците на НБА-клубовите стапуваат во контакт со него, испраќајќи му пораки во врска со овој аранжман и прашувајќи го што всушност се случува. Ова дополнително го поттикна интересот за случајот. Сепак, Торе сè уште нема објавено конечни заклучоци, ниту пак потврдил дека сигурно ќе следи посебен серијал истражувачки прилози за Џејмс.

Во НБА постојат строги правила што ги спречуваат клубовите да им обезбедуваат скриени дополнителни надоместоци на играчите со цел да се заобиколи ограничувањето на платите.

Оттука, се поставува прашањето дали погодностите што произлегуваат од големата пазарна вредност – а кои играчот ги ужива додека настапува за одреден клуб – можат да доведат до слични дилеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

Директорот Гоце Димовски денес ја посети Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2, каде оствари средба со менаџментот на компанијата, по што следеше и обиколка на производствените капацитети. 

Директорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2

На средбата се разговараше за тековните активности на компанијата, нејзините развојни планови и можностите за натамошно унапредување на соработката со Дирекцијата за ТИРЗ.

Директорот Димовски посочи дека компаниите како Гересхајмер имаат значајна улога при позиционирањето на Македонија како атрактивна дестинација за странските директни инвестиции. Тој додаде дека ваквата континуирана комуникација и партнерски однос меѓу Дирекцијата за ТИРЗ и сите инвеститори е со цел навремено адресирање на нивните потреби и создавање услови за одржлив раст и понатамошен развој.

Менаџментот на компанијата ги презентираше досегашните активности и резултати, при што беше истакнато задоволство од досегашната соработка со Дирекцијата. Тие ја истакнаа важноста на институционалната поддршка и предвидливата деловна средина што ја нуди ТИРЗ, оценувајќи ја како еден од клучните предуслови за одржување на ефикасноста.

Инаку, на почетокот на годинава, Гересхајмер започна со производство на медицинско стакло во својот втор производен капацитет. Дирекцијата за ТИРЗ и натаму продолжува активно да работи на унапредување на деловната клима, со цел привлекување на нови странски диреДиректорот Гоце Димовски во посета на компанијата Гересхајмер во ТИРЗ Скопје 2ктни инвестиции, како и поттикнување на постоечките инвеститори за проширување на своите проекти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

Шестмина полициски службеници се повредени по насилните инциденти на вчерашниот протест во Тирана, соопшти албанската полиција.

Шест повредени полицајци по насилниот протест во Тирана

16 лица биле уапсени, а против 50-ина е покрената кривична постапка по протестот кој прерасна во судир со полицијата, кога дел од учесниците почнаа да фрлаат камења, бетонски плочи, пиротехнички средства и молотови коктели кон полицајците и кон зградата на министерството за образование.

Протестот го организираа студенти и млади луѓе незадоволни од состојбите во образованието, високите трошоци за студирање, недоволната финансиска поддршка и слабите можности за вработување по дипломирањето, објави Ројтерс.

Приведените се товарат за напад врз службено лице, незаконско постапување со експлозивни и запаливи материи и оштетување и палење имот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Страшна сообраќајка во Словенија - возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Две лица загинаа, а четири лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на автопат во Словенија. Меѓу повредените е и едно дете кое е во животна опасност.

Страшна сообраќајка во Словенија -  возел во рикверц, двајца мртви, четворица повредени

Несреќата се случила околу 1 часот по полноќ на автопатот Љубљана – Марибор, кај одморалиштето Луковица. Според првичните информации од полицијата, 28-годишен странски државјанин, кој управувал автомобил со романски регистарски таблички, откако го поминал излезот од одморалиштето застанал на десната лента на автопатот и потоа почнал да се движи наназад.

Во тој момент, во неговиот автомобил удрило комбе што доаѓало одзади. Загинатите се романски државјани, кои седеле на задните седишта од автомобилот. Повреденото дете е француски државјанин. Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата морале да користат специјална опрема за да извлечат две лица кои биле заробени во уништениот автомобил.словенечката полиција отвори истрага поради сомнеж за сторено кривично дело.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер