Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
2Лула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатите
3Македонецот Волкановски ја одбрани титулата Светски шампион- го нокаутира досега непоразениот Евлоев
СветНов силен земјотрес е регистриран во АвганистанДоцна синоќа повторно тлото повторно се тресеше силно во Авганистан само неколку дена откако катастрофален земјотрес го погоди источниот дел од таа држава.Според Американскиот геолошки центар, земјотресот бил со интензитет од 5,2 степени и се случил во источната покраина Кунар на длабочина од 10 километри. Потресот бил почувствувано и во Кабул, но засега нема извештаи за жртви или штети. Источниот дел на Авганистан во изминатите денови постојано е погоден од силни земјотреси. Непосредно пред полноќ во неделата, почетниот земјотрес со јачина од 6 степени се случи на длабочина од осум километри. По него следеа бројни последователни потреси и уште еден силен во четвртокот навечер. Владејачките талибанци и авганистанската Црвена Полумесечина пријавија околу 2.200 мртви и повеќе од 3.600 повредени. Спасувачките операции се уште се во тек. Многу погодени области се тешко достапни, според хуманитарните организации, што ја комплицира итната помош и закрепнувањето на жртвите. Хјуман рајтс воч, исто така, забележа дека обемните ограничувања за жените под власта на талибанците ја отежнуваат итната помош. Тагови: Авганистан земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПо размена на информации од македонската полиција, во Франција запленети 68 килограми кокаинЗаплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција.Како резултат на успешната меѓународна полициска соработка и навремената размена на оперативни информации од страна на Бирото за јавна безбедност при МВР, на територијата на Франција, на наплатната станица Фонтен, запленети се 68 килограми кокаин, пронајдени во товарно моторно возило управувано од македонскиот државјанин М.Ф. (44). Заплената е резултат на оперативни информации обезбедени од Одделот за криминалистичка полиција, односно Единицата за недозволена трговија со дрога, кои преку Секторот за меѓународна полициска соработка и Европол биле доставени до надлежните француски органи. Ова е втора успешна меѓународна акција во период од еден месец, по претходната соработка со грчката полиција, која резултираше со заплена на 324 килограми марихуана. Овие резултати ја потврдуваат ефикасноста на меѓународната полициска соработка и континуираната посветеност на МВР во борбата против организираниот криминал и недозволената трговија со дрога.Тагови: Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизАктери во Белград ја прекинаа претставата по победата на студентите: „Луѓе, готово е!“Синоќа, изведбата на претставата „Ода на радоста“ во белградскиот театар „Ателје 212“ беше прекината откако актерите дознаа за победата на студентската листа на парламентарните избори во Србија. Од сцената одекна извикот: „Луѓе, готово е!“, по што и актерите и публиката започнаа со славење. Актерка сподели снимка од прославата Актерката Тамара Драгичевиќ на Инстаграм сподели снимка од тој момент. View this post on Instagram A post shared by Tamara Dragičević (@tamaradragicevic) „А ова е моментот за време на претставата кога дознавме дека победивме – едвај стоевме на нозе“, напиша таа покрај видеото. Таа додаде дека актерите требало да ја одиграат претставата таа вечер, но настанот се претворил во голема прослава. Драгичевиќ исто така укажа на симболиката на насловот на претставата, „Ода на радоста“, кој таа вечер доби посебно значење. Вучиќ го призна поразот За потсетување, студентската листа „Студентите победуваат“ извојува победа на вонредните парламентарни избори во Србија, освојувајќи 52,54 отсто од гласовите, додека листата „Обединета Србија“ на Александар Вучиќ доби 39,29 отсто. Во своето обраќање до јавноста, Вучиќ го призна поразот. За загубата ги обвини медиумите и „американската длабока држава“. По признавањето на поразот, граѓани ширум Србија излегоа на улиците за да слават до доцна во ноќта.Тагови: актерите Белград Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЛула Да Силва со пресврт до победа на претседателските избори во Бразил, противкандидатот Болсонаро најави оспорување на резултатитеЗаостануваше со над 2 милиони гласови во првиот, победи со предност од 4,5 милиони во вториот круг, Луис Инасио Лула да Силва со историски пресрврт на претседателските избори во Бразил дојде до вториот последователен мандат. Кандидатот на левичарската работничка партија, победата, во која освои 51,79% од гласовите ја оцени како пораз на лагите и одбрана на демократијата. Противкандидатот од десничарската конзервативна партија Флавио Болсонаро, кој освои 48% од гласовите, одби да признае пораз и најави дека ќе бара поништување на резултатите, повикувајќи се на одлуката од Врховниот суд со која времето на за гласање беше продолжено за два часа. Лула Да Силва по резултатот на овие избори освои, четврти, историски мандат, односно втор последователен. Тагови: Бразил Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter