Нов сигнал доаѓа од далечната вселена , се повторува во правилни интервали - Канал 5

Нов сигнал доаѓа од далечната вселена , се повторува во правилни интервали

По втор пат во историјата, астрономите откриле повторувачки сигнал со шема, т.е. мистериозна серија на радио бранови (FRB) што се повторува во редовни интервали. Нивниот извор засега е непознат.

Нов сигнал доаѓа од далечната вселена , се повторува во правилни интервали

Една од најважните карактеристики на мистериозните сигнали од длабокиот простор во вселената, или FRB, е дека тие се краткотрајни и непредвидливи. Обично се појавуваат ненадејно на одреден дел од небото и траат само неколку милисекунди. Повторливите FRB, односно кога не е само еден интервал, туку неколку по ред, се многу ретки и особено го привлекуваат вниманието на научниците. Имено, овие испади се една од најфасцинантните мистерии во вселената. Тие се екстремно моќни, некои ослободуваат повеќе енергија од 500 милиони сонца и траат помалку од трепкањето на окото.

Но, уште пофасцинантен феномен од повторливи FRB се оние кои се повторуваат во редовни интервали, на неколку дена или месеци; како да се усогласени со некаков невидлив вселенски часовник.

Минатата година, научниците од проектот CHIME објавија дека откриле осум нови периодични FRB, што значи дека досега се регистрирани десетици . Севкупно, забележани се над 150 од нив, повторливи и еднократни, но оние што се повторуваат во предвидливи интервали - само два.

Научниците за прв пат забележаа дека ФРБ се појавува во редовни интервали на почетокот од годинава. Забележаа дека FRB 180916.J0158 + 65 FRB се повторува на секои 16,35 дена. Оваа необична серија на радио бранови во рок од четири дена на секој час испушта сигнал или два, а потоа е неактивна наредните 12 дена, само за да го повтори циклусот.

Сега астрономите забележале друга шема во друг FRB, познатакако FRB 121102. За време на овој цикличен период, радио сигналите се појавуваат во период од 90 дена, проследени со тивок период од 67 дена за време на кој нема сигнал. Оваа шема се повторува на секои 157 дена, пишува Си-Ен-Ен.

"Досега сме забележале само уште еден ваков сигнал. Наодите на ваквите примероци упатуваат на важни информации за тоа што точно ги предизвикува FRB. Периодичноста ни кажува дека предметот што го прави FRB е веројатно во орбита со друго астрофизичко тело", вели астрономот Кустуб Раџвад , водач на студијата и постдокторски соработник на Универзитетот во Манчестер.

FRB 121102 е првиот повторувачки FRB што е откриен од тогаш. Сместено е во џуџеста галаксија која е оддалечена повеќе од 3 милијарди светлосни години. Фактот дека овој модел на повторливи сигнали е 10 пати подолг од оној што се повторува на секои 16 дена, покажува потенцијално голем опсег на можни активности на ФРБ, сметаат истражувачите.

Експертите веруваат дека FRB 121102 би можел да биде предизвикан од орбитата на масивна sвезда, црна дупка или густа неутронска sвезда; но засега сè уште не знаат што точно ги придвижува. Затоа бараат други повторливи FRB за да видат какви се сите модели и дали тие се менуваат со текот на времето.

„Одговорите на овие прашања ќе не одведат до вистинскиот извор на ФРБ“, рече Раџвад.

Можните објаснувања за изворите на разни видови на FRB се движат од супернова, црни дупки , па се до вонземјани.

Помалку популарно објаснување за изворот на овие сигнали е дека станува збор за некој вид вселенски брод, произведен од технолошки напредна цивилизација. Астрофизичарот Ингрид Скали не смета дека оваа опција е веројатна.

„FRB доаѓаат од различни насоки и од различни растојанија, така што веројатно тие доаѓаат од различни галаксии“, вели Скали.

„Ми се чини многу малку веројатно дека толку различни туѓи цивилизации ќе произведат ист вид сигнал на ист начин“, објасни таа.

Периодични предмети во вселената, значи оние што се повторуваат во редовни интервали, всушност можат да бидат и бинарни системи на sвездите и црните дупки. Период од 16,35 дена може да укаже на орбитата на ѕвездата, при што ФРБ се соочува со Земјата само во одреден дел од орбитата.

Студијата под наслов Possible periodic activity in the repeating FRB 121102 е објавена во стручното списание Monthly Notices of the Royal Astronomical Society.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила.

Финансиска полиција: Кривична пријава за проневера во службата при наплата на јавни давачки од технички прегледи на моторни возила

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против лицето М.Н. во својство на одговорно лице – управител на друштво за вршење технички прегледи на моторни возила поради постоење основи на сомнение за сторено продолжено кривичнo делo “Проневера во службата “од член 354 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Според прибраните докази постојат основи на сомнение дека пријавениот во својство на одговорно лице-управител, во периодот од 01.01.2022 до 31.12.2025, искористувајќи го овластувањето на друштвото за вршење технички прегледи на моторни возила, противправно присвоил парични средства наплатени од физички и правни лица при регистрација на моторни возила, наменети за повеќе субјекти по основ на јавни давачки. На овој начин, на правниот субјект му прибавил противправна имотна корист во вкупен износ од 41.518.042 денари, на штета на општините, Министерството за животна средина, Службата за помош и информирање, Црвениот крст на Република Македонија и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Дополнително, со цел прикривање на трагите на кривичното дело, во текот на 2022 и 2024 година, пријавениот извршил противправен отпис на јавни давачки во вкупен износ од 17.090.623 денари, при што во сметководствената евиденција го намалил долгот кон наведените субјекти и прикажал помал износ на обврски по основ на јавни давачки.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Стево Пендаровски, со својот Фејсбук-статус, практично потврди дека станува збор за објектот во Влае кој се поврзува со семејството на поранешниот директор на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу.

ВМРО-ДПМНЕ: Пендаровски призна дека објектот во Влае е на Еролд Муслиу, кој ја финансира милионската инвестиција?

Наместо да даде конкретни одговори, Пендаровски се обиде да ја пренасочи темата со политички контранапади. Но, клучните прашања остануваат неодговорени.

Во Влае се гради станбен објект во кој како инвеститор се посочува Афродита Муслиу, сопруга на Еролд Муслиу, близок соработник на Пендаровски, кого тој го именуваше за директор на Агенцијата за разузнавање во 2019 година.

Прашањето е едноставно, од каде се милионите за оваа инвестиција?

Дали пријавените семејни приходи на семејството Муслиу соодветствуваат со обемот на инвестицијата? Кој го обезбедува капиталот и дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Стево Пендаровски и Еролд Муслиу поврзани со овој проект?

Исто така во 2024 година Афродита Муслиу, сопругата на Еролд Муслиу, добила грант од 620 илјади евра, од тогашната влада на СДС, која склучила меморандум со Конзорциум на невладини организации чиј основач е токму сопругата на Еролд Муслиу.

Пендаровски не може да ги избегне овие прашања со политички напади и обиди за дефокусирање. Неговата изјава отвори дополнителни дилеми. Пендаровски и Еролд Муслиу јавно да одговорат кој ја финансира изградбата на станбениот објект во Влае?

Од кои извори потекнуваат средствата за инвестицијата?

Дали постојат деловни или финансиски релации меѓу Пендаровски и Муслиу?

Дали доделениот грант од 620.000 евра бил доделен и искористен согласно законските процедури и критериуми?

Од надлежните институции бараме да ги проверат сите релевантни финансиски и имотни податоци, како и евентуалното постоење судир на интереси.

Доста е со политички дефокусирања и избегнување одговорност.

Додека Филипче зборува за некакава организирана криминална група токму врхушката на СДС и лица блиски до СДС меѓу кои и кланот Заеви градат висококатници во Дубаи, купуваат акции во авиокомпании, се луксузирааат на јахти по Егејот, инвестираат во фотоволтаици и градат империи.

Доста е со привилегии и молк.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран, по преземањето на контролата врз американскиот Конгрес.

Демократите најавуваат дека нивен приоритет ќе бидат пониските цени, политичката одговорност и прекинот на војната во Иран

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, порача дека завршува периодот во кој Конгресот функционирал како продолжена рака на администрацијата на Доналд Трамп.

Во меѓувреме, Трамп призна дека војната во Иран во голема мера придонела за изборниот пораз на републиканската партија.

Претходно, потпретседателот Џеј Ди Венс го оцени конфликтот како една од главните причини за поразот.

Неговите изјави укажуваат на продлабочување на несогласувањата во редовите на републиканците.Сè уште не се познати конечните резултати за две сенаторски места.

Во Мисисипи се води исклучително неизвесна трка, додека во Алјаска продолжува пребројувањето на гласовите.По изборните резултати продолжи и падот на цените на нафтата.Цената на барел нафта се спушти под 100 долари, достигнувајќи го најниското ниво во последните два месеца.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер