Нов секс скандал на Ентони Винер, но останува во трката за градоначалник на Њујорк - Канал 5

Нов секс скандал на Ентони Винер, но останува во трката за градоначалник на Њујорк

Бизарната предизборна кампања за локалните власти на американската метропола Њујорк доби нов пресврт откако водечкиот кандидат за градоначалник Ентони Винер беше соочен со нови обвинувања за испраќање на сексуални пораки на малолетни девојки, но одби да поднесе оставка.

Нов секс скандал на Ентони Винер, но останува во трката за градоначалник на Њујорк

Винер беше принуден да поднесе оставка како конгресмен на Демократската партија од Њујорк во 2011 година, откако по грешка, сакајќи преку социјалната мрежа твитер да испрати фотографија од неговиот пенис на девојка со која се допишувал, фотографијата ја направи достапна за целата јавност. Винер, чие презиме е сленг израз за пенис, се обидуваше да негира дека тој ја испратил фотографијата, но подоцна призна дека разменувал сексуално експлицитни пораки со повеќе жени, па дури и навести дека во иднина е можно во јавноста да излезат дополнителни детали од негови разговори.

На почетокот на годинава Винер најави дека смета оти скандалот е оставен зад него, и дека во ноември ќе се кандидира да го замени Мајкл Блумберг на местото градоначалник на Њујорк. Винер е протеже на сенаторот Чарлс Шумер, а чија сопруга Хума Абедин е лична секретарка на Хилари Клинтон која служеше како сенатор од Њујорк. Поради силната поддршка на делови на Демократската партија, и покрај скандалот Винер веднаш изби како најсериозен кандидат за номинацијата на демократите за градоначалник. Но, вчера жолтиот печат објави нови, дополнителни информации за неговите авантури по социјалните мрежи, и тоа по првиот скандал и откако Винер мораше да поднесе оставка од Конгресот. Под псевдонимот „Карлос Денџр (опасност)“ Винер и 22-годишната девојка разменувале експлицитни пораки и фотографии, договарале таа да земе стан во кој би се среќавале, а Винер дури и ветувал дека ќе и најде работа како новинарка во интернет сајтот Политико. И покрај новиот развој на скандалот, Винер и неговата сопруга Хума Абедин вчера излегоа на прес конференција и најавија дека нивната изборна кампања продолжува.

- Реков дека е можно нови фотографии да излезат во јавноста, и денес тоа и се случи. Некои од работите што се објавија денес се точни, некои не се, но тоа што го сторив е погрешно. Ваквото однесување е зад мене, и се извинив на мојата сопруга Хума и благодарен сум што заедно со мене работеше да го надминеме ова, да одиме напред. Во изминатите неколу месеци барав од Њујорчаните исто така да ми дадат нова шанса, и да им покажам дека имам визија за средната класа. Сакам да им ја понудам мојата визија на граѓаните на Њујорк, изјави Винер, кој долго време пред кариерата во Конгресот се обидуваше да стане градоначалник на Њујорк.

Хума Абедин беше бремена со нивното дете Џордан во 2011 година, кога изби првиот скандал, што предизвика паралели со јавното понижување кое го претрпе нејзината шефица Хилари Клинтон од страна на нејзиниот неверен сопруг, поранешниот претседател Бил Клинтон. Сепак, Абедин на прес конференцијата изјави дека му простила на сопругот што продолжил со неговите експлицитни препишувања дури и откако еднаш беше изложен на јавноста.

- Мојот избор не беше лесен, но јас донесов одлука да останам во овој брак. Одлуката ја донесов за мене и за мојот син. Ентони направи ужасни грешки, пред и откако поднесе оставка од Конгресот, но цврсто верувам дека тоа е нешто меѓу нас. Дискутиравме за ова и пред да реши да се кандидира за градоначалник. Сакам да кажам дека го сакам, му простив, му верувам и одиме понатаму, изјави Хума Абедин.

Винер дури не е единствениот политичар соочен со секс-скандал кој бара прошка од гласачите и учествува во изборната трка во Њујорк. Поранешниот гувернер на Њујорк Елиот Спицер се кандидира за комптролер на Њујорк, функција која е дел градски ревизор, дел менаџер со фондовите за пензиите на градските службеници. Спицер, поранешен јавен обвинител познат по пресметките со Вол Стрит и мафијата Гамбино, мораше да поднесе оставка во 2008 година, една година по изборот за гувернер на Њујорк, по информациите дека редовно ги користел услугите на проститутките на елитна ескорт - агенција. И Кристин Дејвис, познатата Мадам од Менхетн, сопственичка на агенцијата, започна кампања за комптролер на Њујорк како кандидат на малата Либертаријанска партија која се залага за легализирање на проституцијата. Освен Спицер, Дејвис објави дека услугите на нејзините девојки ги користеле најмоќните банкари од Њујорк, Дејвид Бекам, бејзбол играчот Алекс Родригез, како и Доминик Строс Кан, поранешниот директор на Меѓународниот монетарен фонд кој поднесе оставка по обвинувањето за обид за силување во Њујорк./МИА



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Утринава дошло до пукање во Техничкото училиште во Крагуевац, Србија, а објавена е и првата снимка од местото на настанот. 

Видео: Маж вооружен со пушка пукал во средно училиште во Крагуевац, Србија, двајца повредени

Според неофицијални информации, непознато лице ранило двајца вработени во училиштето, а постои сомневање дека се обидело да убие поголем број ученици.

Според неофицијални информации, полицијата го привела осомничениот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжува амандманската расправа за предлог-буџетот за 2027 година, за кој се поднесени 400 амандмани.

Продолжува расправата за буџетот за 2027 година, поднесени 400 амандмани

На вчерашната седница беа разгледани 12 амандмани од опозицијата, но ниту еден не доби поддршка. Барањата се однесуваа на заштитата на охридскиот регион, екологијата, урбанистичкото планирање и инфраструктурни проекти во општините.

Меѓу нив беа и изградба на колекторски систем во Крива Паланка и набавка на комунална механизација за Карпош и Куманово.

Заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски посочи дека дел од активностите веќе се предвидени во владините програми. Вкупните приходи во буџетот за 2027 година се планирани на 395,4 милијарди денари, а расходите на 440,4 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит ќе изнесува 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП. За капитални инвестиции се предвидени 40,8 милијарди денари.За социјални трансфери се планирани 220,8 милијарди денари, од кои 123,8 милијарди за пензии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Еден од најдобите кошакари на светот, српскиот центар Никоја Јокиќ изминатата недела го водеше Денвер до скор од 3-1 во победи. 

Никола Јокиќ и Ентони Дејвис се прогласени за кошаркари на неделата во НБА

Кошаркарите на Денвер Нагетс минатата недела загубија од Феникс Санс, а ги победија Бостон Селтикс, Хјустон Рокетс и Чикаго Булс.

Никола Јокиќ прикажа маестрална игра во тие натпревари – постигна 28 поени против Феникс, 24 против Бостон, 26 против Хјустон и 37 против Чикаго, притоа остварувајќи 18 скока и 11 асистенции.

Минатата недела тој беше прогласен за МВП на Западната конференција, со просек од 28,8 поени, 12 скока и 9,5 асистенции. Од друга страна, на Истокот, Вашингтон Визардс загубија од Хјустон и Мемфис, а остварија победи против Торонто, Чикаго и Орландо.

Нивниот најдобар играч во тој период беше Ентони Дејвис, со просек од 26,5 поени и 9 скока, како и речиси 60 проценти успешност во шутот од поле.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер