ЗдравјеНов робот за тестирање за дрогаНаучници од Универзитетот на Британска Колумбија произведоа прототип на робот за тестирање за дрога, што првпат го тестираа на музички фестивал одржан во Канада овој викенд. Машината е изум на професорот Џејсон Хајн и студентката Сара Гузман, со поддршка на властите. Станува збор за пренослив робот опремен со течна хроматографија со високи перформанси. - Сакаме ова да биде нешто едноставно како одење во „киоск“ и депонирање на примерокот, додека роботот се грижи за сѐ останато и потоа го нуди резултатот од анализата. Сакаме да се увериме дека машината може да работи на терен, па бараме можности некој да нѐ угости. Организаторите на фестивалот беа заинтересирани за ова, вели проф. Хајн. За време на музичкиот фестивал, улогата на роботот била да ги идентификува супстанциите во примероците. Процесот на анализа трае 15 минути. Според иноваторите, интересот засега е прилично голем. - Министерството досега беше „преплавено“ со примероци чии резултати пристигнуваат две недели подоцна. Тоа е премногу доцна! ...Уредот сѐ уште нема да биде нешто до кое студентите ќе имаат лесен пристап, но тие ќе може да дојдат во нашата канцеларија, да остават примерок во сандачето, а потоа ќе го тестираме веднаш по регистрацијата. Затоа, процесот ќе трае еден ден или повеќе, наместо неколку минути, додаде научникот. Тимот има амбициозни планови да ја вметне својата програма на Универзитетот каде што корисниците ќе можат да остават примерок за бесплатно тестирање. Ако сѐ оди според планот, велат, за кусо време следи и мала лабораторија во облик на „киоск“ кај кампусот, каде што корисниците ќе имаат пристап како до банкомат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 8. септември 2026 годинаДневен хороскоп за вторник, 8. септември 2026 година. Девица 23.8.-23.9. Љубов Влегувате во подобар љубовен период. Тоа ќе го забележите според подобрениот однос со партнерот или општо со лицата од спротивниот пол. Кариера Во работата во која соработувате со други ќе се појави ненадејна вест или шанса поврзана со смислата за убаво. Здравје и совет Чувајте си го грлото. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе заклучите дека е подобро да бидете отворени кон другата страна и да ги поднесувате кризните состојби кои понекогаш ги покажува. Кариера Се развиваат декловни можности со луѓе , со партнери. Можеби не ви е според желбите , но треба да покажете кооперативност. Здравје и совет Толерирајте ги недостатоците на другите. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Одеднаш ќе се појават низа шанси за контакти или комуникации . Ќе бидете малку изненадени , но одговарајте на повиците. Кариера Дел од луѓето од вашата околина се подготвени да ви дадат поддршка , но другите се уште очекуваат вие да се изборите за тоа. Здравје и совет Надевајте се на подобро. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе се обидувате да го наговорите вашиот партнер дека е најдобро вашата врска да ја озаконите или во друга ситуација , да се поврзете со заеднички живот во нов дом. Кариера На дневен ред доаѓаат нови планови кои допрва треба да се осмислат. Еден од критериумите секако се парите. Здравје и совет Движете се повеќе , јадете помалку. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Иако ќе исчезне напнатоста меѓу вас и другата страна, денеска ќе се однесувате доста нестабилно. Кариера Се наоѓате во минлива фаза на зголемена чувствителност , па и оние редовни напори на кои сте навикнати ќе предизвикаат понекоја воздишка. Здравје и совет Потребен ви е одмор. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Мало недоразбирање во комуникациите нема значајно да ги анрушат вашите лични односи. Она што можеби е нејасно , набргу ќе се разјасни. Кариера Многу ќе ви значи диоколку ве забележуваат и тоа отворено ви го кажуваат. Денеска ќе биде токму така. Здравје и совет Можна е главоболка. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Со мали чекори може да се помине исто долг пат како со мали. Затоа својот однос градете го полека и трпеливо. Кариера Нема да бидете сигурни како да извршите една работа , но немате кого да прашате. Покрај тоа, ќе има и многу задачи. Ќе морате самни да се снајдете. Здравје и совет Внимавате на вашата исхрана и затоа веќе сте подобро. Овен 21.3-20.4. Љубов Некои ќе насоберат доволно тага во душата и ќе посакаат да избегаат од се , но од својата кожа нема бегање. Кариера Вработените во услужните дејности денеска една фаза од својата работа ќе ја доведат до крај. кај другите сето друго ќе биде вообичаено. Здравје и совет Прошетајте се на свеж воздух. Бик 21.4- 20.5. Љубов Веројатно вашата навика да бидете привлечнио и шанси за излегувања ќе се намалат , а саканата личност денеска ќе биде чувствителна. Кариера Никој нема да везаштити од критиките на другите .Единствено може да извлечете со чесна работа. Здравје и совет Размислете за својата дисциплина. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Вашата најдрага личност денеска би можела да ве изненади со еден предлог , кој е на граница на добриот вкус. Кариера Ќе мора малку да се позанимавате со вашите тајни непријатели , кои се активираат на незгоден начин. Здравје и совет Победувате со издржливост. Рак 22.6-22.7. Љубов Во текот на денот може да очекувате се побогат љубовен живот со задоволства и со низа убави шанси. Кариера Љубезност и внимателност денеска ќе покажете како никој друг на работното место. Колегите ќе знаат тоа да го ценат. Здравје и совет Мали дигестивни проблеми. Лав 23.7-22.8. Љубов Можеби саканата личност ќе ве изненади со еден предлог , кој на вас ќе делува како мал пок. Кариера Ќе дојде до деловна кореспонденција што ќе ве измори. Се бара многу специфичен начин на изразување. Здравје и совет Прво размислете , па потоа зборувајте.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКатица Ќулавкова вечерва во „Вести Плус“Вечерва во „Вести плус“ гостин ќе биде Катица ЌулавковаКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СудбинаБизнисмен се степа во авион, па патниците го врзаа со леплива лента за седиште- познато е кој е тој (ВИДЕО)Патник кој, според американските медиуми, предизвикал хаос на летот на „Американ ерлајнс“ од Далас до Њуарк.Патник кој, според американските медиуми, предизвикал хаос на летот на „Американ ерлајнс“ од Далас до Њуарк, а потоа бил врзан за седиштето со селотејп и врвки за чевли, ја изгубил работата по инцидентот. Тоа е Артур Л. (67), кој, според KVOA, бил потпретседател на компанијата „Лонг риелти“ во Тусон, една од најголемите компании за недвижности во американската држава Аризона. Се наведува дека бил отпуштен по инцидентот, додека неговиот профил на LinkedIn оттогаш исчезнал. Инцидентот се случил во четврток вечерта на летот 618 на „Американ ерлајнс“, кој летал од Далас до Њуарк. Според полициските и патничките изјави, Артур Л. почнал да вика и да ги навредува патниците околу него за време на летот. Се чинело дека е под дејство на алкохол, а кога стјуардесата се обидела да го смири, наводно почнал да упатува расистички и хомофобични навреди. Полицаец во авионот изјавил за „Њујорк пост“ дека Артур дал навредливи коментари за вработените во „Американ ерлајнс“ и другите патници, како и вулгарни навреди кои биле особено навредливи за жените што седеле зад него. Ситуацијата брзо ескалираше Артур Л. наводно го удрил сопатникот, а кога една жена се обидела да интервенира, тој и неа ја турнал. Тогаш тројца патници решиле да го совладаат. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи го покажуваат мажот врзан за своето седиште. Рацете му биле врзани, додека главата и горниот дел од телото му биле залепени со селотејп за да се спречи повторно да нападне некого. Инцидентот го принудил авионот да пренасочи насока и да направи итно слетување во Балтимор. Артур бил уапсен таму, по што летот продолжил кон Њуарк. Американ ерлајнс потврди дека авионот бил пренасочен поради „патник што не го вознемирувал летот“. „Безбедноста на нашите клиенти и вработени е наш врвен приоритет и ние не толерираме насилство“, соопшти компанијата.Тагови: авион патници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12