Нов рекордно најтопол ден во Франција: Речиси целата земја во црвено - Канал 5

Нов рекордно најтопол ден во Франција: Речиси целата земја во црвено

Франција го забележа својот најтопол ден откако започнаа евиденциите во 1947 година, додека бројот на департмани под највисоко, црвено, предупредување за топлотен бран се зголеми на 72.

Нов рекордно најтопол ден во Франција:  Речиси целата земја во црвено

Според податоците од националната метеоролошка служба Метео Франс, националниот термички индикатор, кој ја претставува просечната температура измерена на референтните метеоролошки станици низ целата земја, вчера достигна 30 степени Целзиусови, објави Ле Фигаро.

Ова го сруши рекордот поставен само еден ден претходно, кога просечната температура беше 29,9 степени.

Метеоролозите велат дека врвот на топлотниот бран веројатно е достигнат, но предупредуваат дека денес ќе биде исклучително топол ден и тежок за населението.

Дополнителни 14 департмани се ставени под црвено предупредување, со што вкупниот број на департмани под највисоко ниво на тревога се искачи на 72, каде што живеат приближно три четвртини од француското население.

Метео Франс соопшти дека црвеното предупредување за топлотен бран ќе биде укинато во 11 департмани на западот од земјата од 22 часот вечерва.

Финистер, Кот д'Армор, Манш, Морбијан, Лоара-Атлантик, Ванде, Шарант-Мортим, Жиронд, Ланд, Пиринејски-Атлантик и Горни-Пиринејски ќе бидат намалени на портокалово ниво на тревога барем до петок.

Според прогнозите, студениот бран прво ќе го погоди атлантскиот брег, каде што вечерва се очекуваат грмотевици кои постепено треба да ги намалат температурите.

Сепак, метеоролозите предупредуваат дека постудениот воздух ќе се шири бавно кон внатрешноста.

„Постудениот воздух на запад тешко продира во остатокот од земјата, а условите на топлотен бран ќе продолжат на поголемиот дел од територијата во текот на викендот“, рече Беноа Томас, директор за институционални односи во Метео Франс.

Според него, максималните дневни температури во многу области на Франција во текот на наредните денови ќе продолжат да се движат помеѓу 40 и 42 степени Целзиусови.

Највисоките температури беа регистрирани вчера во западните делови на земјата.

Во градовите Палуот во Ванде и Пизос во департманот Ланд беа измерени 43,8 степени Целзиусови.

Во Нант и Ла Рошел температурата достигна 42,2 степени, додека во Париз беше 40,3 степени.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.

„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноември

На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди.

Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања.

Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски.

Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет.

Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции.

Национална опера и балет

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска  престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“.

Муцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во Атина

Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната.

Конституирање и прв состанок на Националниот комитет за заштита и безбедност на новинари

Формирање на националниот комитет за заштита и безбедност на новинари е со цел системско унапредување на правата на новинарите и нивна безбедност, ова утринава го изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски , на првиот состанок на Националниот комитет. Споед него обврска на државата е де се обезбедат услови за работа на новинарите , без страв од закани. Јавната обвинителка за гонење организиран криминал и корупција Искра Хаџи Василева рече дека со Здружението на новинари пред неколку години издејствувале евиднеција на предмети со новинари која претходно била отежната

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер