Нов рекорд на „Чеченскиот Шварценегер“

Шестгодишниот Ибрахим Лијанов од Русија е вистинско светско чудо. 

Малиот Ибрахим направи нов подвиг, за само два часа без секунда одмор успеа да направи неверојатни 4445 склека.

Со ова фантастично остварување 6-годишниот Илјанов, која во народот е познат како „Чеченски Шварценегер“ освои стан за себе и семејството и запишување во руската книга на рекорди.

Ибрахим доби стан од локалниот спортски клуб во кој тој секојдневно тренира со својот татко, пренесе „Дејли хунт“ .

Минатата година едно петгодишно момче освои нов автомобил „Мерцедес“ откако без пауза успеа да направи 4105 склекови.

МВР: Лични документи може да се подигнат и утре

Од 8 до 19 часот утре, на денот на Претседателските и Парламентарните избори, ќе работи Одделот за граѓански работи односно сите отсеци за управни работи на оваа организациска единица при Министерството за внатрешни работи. 

-Исто така, ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 3 мај 2024 година, се веќе изготвени и граѓаните може да ги подигнат, информира МВР.

Украинската служба за безбедност спречи обид за атентат врз Зеленски

Украинската служба за безбедност (СБУ) приведе двајца полковници на Управата за државна безбедност (УДО), кои се осомничени дека заедно со уште тројца обвинети дека подготвувале атентат врз претседателот Володимир Зеленски и други функционери.

Според дел од украинските медиуми приведени се полковниците на УДО, Андреј Гук и по инструкции на руските специјални служби.

Тие планирале атентат и врз началникот на СБУ Василиј Маљук, шефот на Главната управа за разузнавање Кирил Буданов. Кај нив е извршен претрес при што е пронајдено и одземено оружје и други предмети.

Осомничените барале воен персонал близок до обезбедувањето на претседателот, „кој би можел да го земе шефот на државата како заложник, а потоа да го убие“.

Од СБУ наведуваат дека сакале да го убијат Буданов пред Велигден со ракетен напад врз куќата во која престојува, за што набавил беспилотни летала и муниција за нападот.

Директорот на СБУ, Васил Маљук, изјави дека нападот требало да биде „подарок на Путин пред инаугурацијата“ што се одржа денеска. /МИА

Слета првиот авион со кинеска делегација во Белград, со Си ќе пристигнат 400 претставници

Членови на кинеската делегација, министри и претставници на институции пристигнаа во Белград во рамки на дводневната посета на Србија, која денеска ќе ја започне кинескиот претседател Си Џинпинг.

Вицепремиерот и министер за финансии на Србија, Синиша Мали заедно со министерот за трговија Томислав Момировиќ ги чекаа првите гости од Кина и ги пречекаа на аеродромот.

Претседателот Си вечерва ќе го посети Белград, а ќе ја предводи 400-члената кинеска делегација во Србија, објави Курир.

притисни ентер