Нов проект на Амбасадата на Словенија и на Занаетчиската комора за обука за пекари и слаткари

„Образување и економско зајакнување на жените“ - нов проект на Амбасадата на Словенија и на Занаетчиската комора за обука за пекари и слаткари

Занаетчиската комора на Македонија заедно со Амбасадата на Република Словенија денеска во Скопје го промовираа проектот „Образување и економско зајакнување на жените“, кој има за цел обука на над 50 лица, доминантно од женската популација за занимања за кои постои дефицит на пазарот на труд во земјава.

Претседател на Занаетчиска комора на Македонија Агрон Фазлији изјави започнувањето на овој нов проект со Словенечката амбасада е во насока на образување и дообразување, пред се, на жени кои се невработени, но може да се пријават и мажи, за занимањата пекар, слаткар со цел создавање поквалитетна работна сила која недостига на пазарот на трудот. По шест-месечната обука и доедукација учесниците на обуката ќе се стекнат со сертификати со кои ќе можат да основат и сопствена дејност.

-Верувам дека со обуката ќе создадеме најмалку 50 професионалци жени кои ќе бидат економски независни во своите дејности и ќе просперираат во нашата држава, рече Фазлији.

Словенечкиот амбасадор Грегор Прескер изјави дека соработката следи на обострана иницијатива и од Амбасадата и од Занаетчиската комора.

-За нас е многу важно што имаме многу развојни проекти во Македонија со цел да помогнеме на најранливите групи во вашата земја. Со овој конкретен проект воведуваме своевидна иновација на вашиот пазар на трудот со обука на жени, но и мажи, за производство на храна без глутен, која ќе направи да биде полесно за оние кои учествуваат во проектот да почнат сопствен бизнис, да вработат и други луѓе и да се развива економијата на вашата земја, вели Прескер.

Тој нагласува дека денеска промовираниот проект е еден од вкупно три проекти кои што Амбасадата ги спроведува во соработка со институции во земјава. Прескер посочи дека втора година по ред продолжува да се реализира проектот со НВО „Добредојде – Велком центарот“, наменет исто така за обука на жени за шиење, везење и ткаење, со кој оваа година ќе бидат опфатени сто жени. Третиот проект се однесува на пчеларството, за промоција на жените во оваа дејност, за производство на биомед.

Прашан за состојбите со вработеноста на жените во неговата земја, Прескер вели дека во Словенија невработеноста изнесува четири проценти и проблемот е што недостига работна сила, па потребно е да се увезува. Така, вели, многу луѓе од регионот вклучувајќи и од Македонија работат во Словенија.

Вредноста на проектот „Образување и економско зајакнување на жените“ е 26.000 евра, а со него треба да бидат опфатени над 50 лица во Скопје како и во руралните средини каде недостига ваков вид на работна сила, а каде Занаетчиската комора има свои регионални ограноци. Обуката ќе ја спроведат професори од средни стручни училишта од земјава.

Ѓоковиќ по победата на Вимблдон: Нема да барам какви било изговори

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ се пласираше во 3. коло на Вимблдон откако го совлада Џејкоб Финли со 3:1 во сетови.

Новак по натпреварот му честиташе на противникот за одличната игра.

- Пред сѐ, големи честитки до Џејк за ваквиот натпревар. Играше извонреден тенис и заслужи аплауз. До пред два дена имав шанса да го видам како игра. Секогаш има елемент на изненадување, а тој немаше што да загуби. Играше на Вимблдон, тој е британски тенисер кој израснал на вакви терени. Многу ветровит ден, беше тешко. Ме натера да работам. Веројатно бев малку среќен во четвртиот сет. Сè на сè, овој меч потенцијално требаше да заврши во петтиот сет како што игравме двајцата - рече тој.

- Но, многу сум среќен што тоа не се случи.

Потоа, Новак беше замолен да коментира:

- Не знам, не се чувствував толку добро, особено во третиот сет. Но, имате тешки денови кога не се чувствувате најдобро. Многу зависи и од противникот. Денес Џејкоб одигра добро и ме натера да работам напорно за победа.

Потоа, Новак беше замолен да ја коментира повредата и како се чувствува.

- Не знам, не се чувствував толку добро, особено во третиот сет. Но, имате тешки денови кога не се чувствувате најдобро. Многу зависи од противникот. Денес Џејкоб одигра добро и ме натера да работам напорно за победа.

- Јас се чуствувам добро. Нема да барам изговори за денешната игра. Што се однесува до мене, мислам дека некои работи почнав да ги правам подобро. Се движам подобро, се надевам дека од ден на ден и натпревар по натпревар ќе бидам подобар. Ќе видиме утре што ќе се случи.

Австриските власти му ја исполнија желбата на монструмот Фрицл- го префрлија во нова келија

Најпознатиот криминалец во Австрија долго чекаше да биде префрлен во затворска ќелија која ќе му го овозможи најважното нешто што го посакуваше дотогаш – туш.

Јозеф Фрицл, озлогласениот силувач кој ѝ направи седум деца на својата ќерка Елизабет, бил прилично несреќен во претходната ќелија бидејќи немало неколку работи.

„Туширањето му беше особено важно“, изјави неговата адвокатка Астрид Вагнер.

Фрицл, кој ја држел својата ќерка затворена во подрумот 24 години, пред десет дена се преселил во нова ќелија, каде што можел да се освежи во туш кабина.

„Оттогаш му оди многу подобро, навистина оживеа“, вели адвокатката.

Адвокатката истакна дека ова „можеби е подобро од ослободување“ иако таа ќе продолжи да се бори нејзиниот клиент да излезе од затворот што го одлежува и да го помине остатокот од животот како слободен човек.

Таа истакна дека Јозеф моментално е многу задоволен од тушот и другите удобности и дека добро се согласува со затворениците.

„Добро се сложува со другите, главно помлади затвореници, а исто така повторно одгледува пиперки и домати“, додал Вагнер, пишува ОЕ24.

Да потсетиме дека Фрицл ја чувал Елизабета како сексуална робинка во куќата уште од нејзината 18-та година. Неговите грозоморни злосторства биле откриени кога едно дете, родено како последица на инцест, било однесено во болница бидејќи животот му бил во опасност. Инаку, тој боледува од деменција, а форензичарот Аделхајде Кастнер кон крајот на 2023 година заклучи дека Фрицл повеќе не е опасен.

Австриецот ја силувал својата ќерка илјада пати во текот на 24 години и станал татко на нејзините седум деца.

Монструозниот, невиден случај во Австрија беше откриен во 2008 година.

Европската Комисија привремено воведе драстично зголемени царини за електричните возила од Кина

Европската комисија (ЕК) денеска соопшти дека, во согласност со соопштението од јуни, воведе привремени повисоки царини за увоз на електрични возила (ЕВ) од Кина.

Европската комисија (ЕК) денеска соопшти дека, во согласност со соопштението од јуни, воведе привремени повисоки царини за увоз на електрични возила (ЕВ) од Кина, истовремено нагласувајќи дека разговорите со Пекинг за решение на целата ситуација се уште е во тек.

Како што е наведено во соопштението, во иднина за автомобилите BYD ќе се плаќа царина од 17,4 отсто, Geely ќе плаќа 19,9 отсто, а SAIC 37,6 отсто.

Останатите кинески производители на автомобили ќе плаќаат давачки од 20,8 отсто, додека компаниите кои не соработувале во истрагата на ЕУ за субвенции очекуваат царина од 37,6 отсто.

Споредено со однапред објавените стапки на 12 јуни 2024 година, привремените давачки се благо прилагодени надолу врз основа на коментарите за точноста на пресметките поднесени од заинтересираните страни.

Според извештаите, тарифите се воведуваат девет месеци по започнувањето на истрагата за наводните субвенции во Кина, бидејќи ЕК заклучи дека кинеските производители на ЕВ профитираат од неоправданите субвенции, а со тоа им штетат на производителите на електрични возила во Европа.

Консултациите со кинеската влада се интензивирани во последните недели, а контактите со Пекинг продолжуваат на техничко ниво за да се постигне решение кое е компатибилно со правилата на Светската трговска организација, се додава на веб-страницата на ЕК.

Овие привремени царински давачки ќе важат од 5 јули 2024 година за најмногу четири месеци. Во тој рок мора да се донесе конечна одлука за царините со гласање на земјите-членки на Европската унија.

Доколку се изгласаат царините за увоз на кинески електрични автомобили, тие ќе важат во следните пет години.

притисни ентер