Нов пораз на одбојкарките на Македонија - Канал 5

Нов пораз на одбојкарките на Македонија

Македонските одбојкарки денеска загубија од Хрватска со 3:0 во рамки на групата А во квалификациите за Светското првенство, по вчерашниот пораз од Црна Гора со 3:0.

Нов пораз на одбојкарките на Македонија


Во мечот кој се одигра во Херцег Нови, а траеше околу еден час, нашите одбојкарки не можеа да им се спротивстават на фаворизираните репрезентативки на Хрватска, па во трите сета освоија само 44 поени.

Првиот сет „црвено-жолтите“ го загубија со 25:15, во вториот беше 25:13 и 25:16 за Хрватска.

Со овој пораз нашите одбојкарки ги загубија сите шанси за прогрес понатаму, па останува утре против Босна и Херцеговина да го одиграат дуелот за избегнување на последното место во групата.



Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петмина тркачи повредени на трката со бикови во Памплона

Петмина тркачи беа повредени денес за време на трката со бикови – првата од овогодишниот фестивал „Сан Фермин“ во градот Памплона во северна Шпанија – но никој од нив не се здоби со повреди опасни по живот. 

Петмина тркачи повредени на трката со бикови во Памплона

Тие главно се здобија со модрики. Долгите и остри рогови на биковите не предизвикаа сериозни повреди, извести државниот радиодифузер РТВЕ (RTVE) од овој познат, но контроверзен настан. Три лица беа пренесени во болница.

Фестивалот во чест на заштитникот на градот, Свети Фермин, започна во понеделникот и завршува следниот вторник.

Секое утро, шест бикови за борба – од кои некои тежат над 600 килограми – предводени од неколку питоми волови, се насочуваат да трчаат низ тесните улици на стариот град кон арената, каде што во доцните попладневни часови се одржуваат борбите со бикови.

Секоја година, десетици тркачи - претежно млади мажи - се повредуваат додека ја тестираат својата храброст на патека долга приближно 825 метри.

Од 1924 година, регистрирани се 16 смртни случаи, а последниот се случил во 2009 година. Протести и контроверзии Оваа година, како и во претходните години, групите за заштита на животните протестираат против овој традиционален настан - кој се одржува од 1591 година - кој станува сè поконтроверзен во Шпанија.

Активистите за права на животните долго време се спротивставуваа на трчањето со бикови, опишувајќи го како „средновековна тортура“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Општина Центар воведува нови дигитални решенија со цел побрзо, поефикасно и поедноставно користење на услугите за паркирање, без потреба од чекање на шалтери.

Герасимовски: Нови дигитални услуги за паркирање во Центар , апликации, сензори и помалку чекање на шалтери

Во фокусот на овие реформи е развојот на нови мобилни апликации преку кои граѓаните ќе имаат целосен увид и контрола врз услугите што ги користат.

Апликациите ќе овозможат навремени известувања, поднесување барања, следење на статусот на услугите, како и поедноставена комуникација со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“.

„Дигитализацијата е клучна алатка за подобрување на процесот на паркирање. Работиме на нови мобилни апликации преку кои корисниците ќе бидат целосно информирани и ќе можат брзо и лесно да ги користат услугите“, посочи градоначалникот Горан Герасимовски.

Дополнително, се предвидува воведување на сензорски системи кои во реално време ќе ја покажуваат пополнетоста и расположливоста на паркинг-местата. Овој систем ќе им помогне на возачите побрзо да најдат слободно место и ќе го намали непотребното кружно движење низ општината.

Воведувањето на сензорите ќе се реализира фазно, согласно техничките можности и реалните потреби. Првично, тие ќе бидат поставени во монтажните гаражи, затворените паркиралишта и на најоптоварените локации.

Паралелно со ова, се унапредуваат контакт-центарот и теренската контрола, со цел побрза обработка на пријавите и поефикасна координација на службите, но и поттикнување на корисниците да користат онлајн услуги, вели директорот на ЈП ПОЦ, Душко Коцевски.

Вложуваме во сензорски системи и ќе стимулираме поголемо користење на онлајн аплицирањето. Еднократниот надоместок за склучување договор, кој досега изнесуваше 350 денари, ќе биде бесплатен за сите што ќе аплицираат електронски. Очекуваме значително зголемување на бројот на онлајн корисници и намалување на гужвите на шалтерите“, истакна Коцевски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Клековски: „Клексан“ со уште два лека против згрутчување на крвта може да го земате со рецепт од аптека

„Клексан“ со уште два лека против згрутчување на крвта може да го земате со рецепт од аптека, без рефундација во ФЗОМ како што беше досега.

Клековски: „Клексан“ со уште два лека против згрутчување на крвта може да го земате со рецепт од аптека

Од пред една недела, „клексан“ е на позитивната листа на лекови заедно со уште два лека против згрутчување на крвта и пациентите може да го подигнуваат од аптеките со рецепт од специјалист, и за него повеќе нема да има рефундација од Фондот за здравство.

-Антикоагулансите беа достапни со рефундација. Отсега па натаму ќе бидат достапни на позитивната листа со рецепт. Тие се од 1.100 до 2.700 денари зависно од дозажата, а сега ќе бидат достапни за партиципација од 160 до 240 денари и еден од брендовите ќе биде без доплата. Третиот антикоагуланс „ривоксабан“ е за првпат на позитивната листа. Тој беше меѓу 2.000 и 2.200 денари, а сега ќе е достапен за партиципација од 160 денари. Во почетниот период доплатата за него ќе биде од 105 до 505 денари зависно од дозажата и бројот на таблети. Од 1 јануари 2027 овој лек ќе биде достапен без доплата само со партиципација – информираше Клековски.

Заедно со „клексанот“ (еноксапарин), на позитивната листа друштво ќе му прават и антикоагулансите „надропарин“ и „ривороксабан“. За тие пациенти што купиле „клексан“ после 1 јули (во периодот од 1 до 15 јули), Фондот за здравство ќе врши рефундации на парите само за овој период, за да не бидат оштетени.

Директорот на Фондот за здравство во заминување Сашо Клековски, информираше дека ова ќе значи заштеда на граѓаните и олеснет пристап.

Клековски ги повика сите пациенти што нема да најдат лек од позитивната листа во аптеките веднаш да ја пријават аптеката во Фондот на мејлот.

– Сè што е на позитивна листа мора да се издава на рецепт. Фармацевтските куќи велат дека некои аптеки не порачале доволни количини, но очекувам снабдувањето да се стабилизира. Пациентите не смеат да бидат вратени ако имаат рецепт. Сите три лека мора да ги издаде специјалист или гинеколог, ортопед, невролог, трансфузиолог, нема ограничување додека се држат до индикационите подрачја што се достапни – информираше Клековски.

Директорот на Фондот за здравство во заминување, кој наскоро со реконструкцијата на Владата ќе стане прв човек на Министерството за здравство, вели дека трите антикоагуланси на позитивната листа ќе значат заштеда за граѓаните и олеснет пристап.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер