Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец
2Иран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот Теснец
Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
2 Мала промена може да ја врати страста во врската: Експертите откриваат што најчесто паровите забораваат
НБАНов пораз на Атланта овојпат од ХјустонКошаркарите на Атланта повторно беа поразени во НБА лигата. Тие ноќеска беа совладани од Хјустон со 113:84 (30:19; 26:26; 21:22 и 36:17). Ова е најубедлив пораз на Атланта во оваа сезона од 29 поени разлика. Македонскиот репрезентативец Перо Антиќ не доби шанса да се појави на теренот.Домаќинот Хјустон натпреварот го одигра без најдобриот стрелец Џејмс Харден, а Џереми Лин поради повреда беше приморан да го напушти теренот. Нивното отсуство го надополнија играчите од клупа Арон Брукс и Франциско Гарсија, кои постигнаа по 21 поен. Кај Атланта Пол Милсап со 16 поени беше најефикасен. Следниот натпревар Атланта го игра против Далас на домашен терен на 29 ноември. Во дербито на Западната конференција Оклахома Сити го победи Сан Антонио, додека Феникс славеше победа над Портланд и ја прекина неговата серија од 11 победи. Ова беа порази на водечките две екипи од Западната конференција. Преглед на резултатите на натпреварите одиграни ноќеска: Шарлот – Индијана 74:99, Орландо – Филаделфија 105:94, Бостон – Мемфис 93:100, Бруклин – ЛА Лејкерс 94:99, Кливленд – Мајами 84:95, Детроит – Чикаго 79:99, Хјустон – Атланта 113:84, Милвоки – Вашингтон 92:100 (продолжение), Минесота – Денвер 110:117, Оклахома Сити – Сан Антонио 94:88, Далас – Голден Стејт 103:99, Феникс – Портланд 120:106 и ЛА Клиперс – Њујорк 93:80. Пласман во Источна конференција: Индијана 14-1 (победи-порази), Мајами 12-3, Чикаго 7-7, Атланта 8-8, Вашингтон 7-8, Шарлот 7-9, Торонто 6-9, Детроит 6-9,... Пласман во Западна конференција: Сан Антонио 13-2, Портланд 13-3, Оклахома Сити 10-3, ЛА Клиперс 11-5, Хјустон 11-5, Далас 10-6, Денвер 8-6, Голден Стејт 9-7,...Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Погрешено македонското знаме – нов срам, ново понижување од власта на МицкоскиНа официјална државна прослава за 35 години од независноста, платена со огромни суми пари од граѓаните, власта на Мицкоски го утна македонското знаме.Срамно и понижувачки. Милиони евра народни пари троши владата на Мицкоски а не успеа ниту македонското знаме да го направи како што треба. Тендер патриотите го покажаа своето лице. Повторно. Го погрешија македонското знаме. Тие знаат само за тендери, проценти, провизии, кога е државноста во прашањето, македонските национални симболи, тогаш појма немаат. За тендери и провизии од милионски бизниси – тие се експерти. За македонско знаме – аматери. Неспособни се македонското државно знаме да го направат како треба. Владата сега да излезе пред граѓаните и да каже: Која компанија била ангажирана? Кој бил задолжен за сценографијата и визуелниот идентитет? Колку пари се потрошени? Кој ќе понесе одговорност за ваквото понижување на македонскиот државен симбол? СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветИран се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии преку Ормутскиот ТеснецИран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец.Иран соопшти дека се приближува кон финален договор со Оман со кој ќе се дефинираат нови бродски линии меѓу нив преку Ормутскиот Теснец, но повтори дека САД мора да исполнат други услови, вклучително и компензација и укинување на санкциите и да престанат воените закани, пред повторно да се отвори стратешкиот воден пат. Американски функционер во петокот за Ројтерс изјави дека Иран и Оман се блиску до договор што би можел да го отвори патот за враќање на безбедното минување низ теснецот, главен канал за испорака на нафта и гас пред Иран да го блокира, како одговор на нападите на сад и израел врз техеран што започнаа кон крајот на февруари. Американскиот претседател Трамп во интервју за „Аксиос“ изјави дека САД се „дискретни“ во преговорите со Иран. „Ние само полупреговараме со нив. Само го гледаме иран со неговата огромна инфлација и фактот дека немаат пари“.реќе тој.иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи рече дека повторното отворање на теснецот делумно ќе зависи од тоа дали сад ќе платат компензација за штетата предизвикана во широките напади врз Иран.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВидео: Тајфун ја погоди Кина, откажани илјадници летови, евакуирани повеќе од милион луѓеПовеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во источна Кина, вклучително и во областа на Шангај, откако тајфунот „Долфин“ стигна до копното. Бурата го парализираше сообраќајот, а само во Шангај биле откажани околу 1.400 летови. „Долфин“ најпрво го погоди Јухуан во провинцијата Жеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигна до копното во близина на градот Венџоу, соопшти кинеската метеоролошка служба. Кинеските власти претходно издадоа предупредување од највисоко, црвено ниво за тајфунот. До понеделник наутро, „Долфин“ ослабе во тропска бура, но продолжи да се движи кон внатрешноста на земјата. Закана од обилни дождови, поплави и лизгање на земјиштето. Властите продолжуваат да предупредуваат на обилни дождови, сериозни поплави и ризик од лизгање на земјиштето сè до среда. Обилни дождови се очекуваат во провинциите Шандонг, Хенан, Хубеи, Анхуи, Џиангсу и Жеџијанг, како и во Шангај. Во делови од провинцијата Жеџијанг би можеле да наврнат меѓу 250 и 500 милиметри дожд во текот на неколку дена. Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат престој на отворено, а затворени се и бројни туристички атракции. Затворени се делови од „Дизниленд“ и „Леголенд“, како и неколку платформи за набљудување долж шеталиштето „Бунд“ во Шангај. The 13th typhoon of the season Dolphin hit at 5:30pm on Sunday near Kanmen Subdistrict, Yuhuan City, Taizhou, Zhejiang — as a strong typhoon with maximum winds of 42 m/s (force 14) and a minimum central pressure of 945 hPa, according to China's National Meteorological Center. pic.twitter.com/UKed7vH4Ar — Shanghai Daily (@shanghaidaily) August 9, 2026 Снимки од кинеските државни медиуми прикажуваат поплавени деловни простории во приземјето во поранешната Француска концесија во Шангај – област популарна меѓу туристите. На снимките се гледаат и луѓе кои газат низ вода длабока до глуждовите. Во Венџоу, властите преместија околу 900.000 жители и отворија повеќе од 1.000 прифатилишта за итни случаи. Во Таиџоу, околу 390.000 луѓе беа евакуирани од своите домови.Тагови: тајфуни Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook