Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
1Египет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава
2Првостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров
3Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура
Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
2Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
КултураНов покрив и музејска поставка за 40-тиот роденден на Кинотеката на МакедонијаСо неколку проекти Кинотеката на Македонија годинава ќе одбележи 40 години постоење, кои ќе ги промовира на два значајни датуми - на својот роденден во април, и на 27 октомври кога се одбележува Светскиот ден за заштита на аудиовизуелното наследство. Нив денеска ги најави министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска која ја посети оваа национална установа. Соопшти дека годинава целосно ќе се реконструира покривот на Кинотеката, како и нејзиниот влезен дел каде што ќе биде сместена музејска поставка за „Вардар-филм“ и за светската кинематографија. - Следната недела институцијата ќе објави тендер за избор на фирма која ќе ја врши реконструкцијата на покривот. По завршување на покривот, ќе се пристапи кон проектот што го започнавме претходата година – реновирање и реконципирање на музејската поставка на влезната партија во Кинотеката. Тука ќе има музејска поставка наменета за институцијата „Вардар-филм“, а дел од поставката ќе биде наменета за светската кинематографија. Избрана е фирма за проектот за ентериерното уредување кој до крајот на април треба да биде готов и тогаш Кинотеката ќе треба да објави тендер за избор на фирма што ќе го прави уредувањето на музејската поставка. Се очекува промоцијата на овие проекти да биде на 27 октомври, на Светскиот ден на аудиовизуелното наследство, изјави Канческа-Милевска. Покрај инфраструктурни, во Кинотеката ќе продолжат тековните активности – во завршна фаза е проектот „Сведоци“ – документарен серијал со интервјуа на некогашни деца бегалци од егејскиот дел на Македонија. Досега беа промовирани четири дела (од Македонија, Австралија, Канада и Европа), завршени се снимањата во САД и се очекува на крајот на март да биде промовиран и последниот, петти дел од серијалот. Канческа-Милевска најави можност овие документарци да бидат подлога за снимање на игран филм, кој можеби ќе биде копродукциски проект. Министерката во оваа пригода соопшти за уште еден значаен проект – Хавзи-пашините конаци во скопско Бардовци, каде што се депоата на Кинотеката, за филмови од светската кинематографија. - Го промовиравме идејното решение, избрана е фирма што работи на целиот основен проект. Ова е доста голема инвестиција која е во програмата на Владата на РМ. Проектантската куќа работи на сите проекти за обнова на Хавзи-пашините конаци. Се работи за огромна површина од 2,8 хектари, каде што ќе се зачува нашето вредно културно наследство и ќе се стави во функција и на филмската дејност. Согласно со договорот што ги има потпишано Кинотеката на Македонија, проектите треба да бидат готови до крајот на октомври и од ноември ќе се пристапи кон нивна ревизија. Очекувам на крајот на 2016 и почеток на јануари 2017 да се објави тендер за избор на фирма која следната година ќе почне целосна обнова на Хавзи-пашините конаци, истакна Канческа-Милевска. Оваа година Кинотеката ќе промовира три дигитално реставрирани филма во рамки на проектот за дигитализација на македонското филмско наследство, во кој досега беа објавени ДВД-изданија на филмови од браќата Манаки, Столе Попов, Љубиша Геогриевски, Милчо Манчевски. За роденденот на Кинотеката, на 29 април, ќе бидат прикажани реставрираните: „Хај фај“ на Владимир Блажевски, „Татко“ на Коле Ангеловски и „Жед“ на Димитрие Османли. Директорот на Кинотеката Бошко Грујовски посочи дека во фаза на дигитализација се шест играни филмови на режисерот Бранко Ивановски Гапо: „Денови на искушение“, „Време без војна“, „Истрел“, „Најдолгиот пат“, „Време води“ и „Македонска сага“. ДВД-та се очекува да бидат промовирани на 27 октомври во целосно обновениот и преуреден простор на Кинотеката. - Оваа година е јубилејна за Кинотеката, прославуваме 40 години од постоењето и работата. Роденденот пригодно ќе го одбележиме со неколку награди, покрај традиционалната „Златен објектив“ која секоја година им ја даваме на доајени на македонската кинематографија. Настанот ќе биде надополнет со ревија на македонските филмови кои беа реставрирани во 2015 година. Ќе биде организирана и ретроспективна изложба за постоењето на институцијата од 1976 до денес, рече Грујовски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЕгипет стави 35 европски организации на список за терористички, меѓу нив се најде и здружение од земјава Според дел од информациите што се споделуваат египетските власти оваа и останатите 30-ина организации ја поврзуваат со транснационални исламистички движења како „Муслиманско братство“, кои во Египет се забранети и се сметаат за екстремни. Невладина организација од Скопје се најде на листата од 35 терористички организации кои Египте ги прогласи за закана за државата. Одлуката ја донел Кривичниот суд во Каиро, а Решението е објавено во египетскиот Службен весник. Според листата објавена во медумите и на социјални мрежи, се работи за Здружението „Исламски младински форум – Скопје“, кое фигурира во јавно достапните податоци од Централниот регистар, но нема официјална потврда за тоа. Канал 5 се обиде да стапи во контакт со македонската организација на јавно наведенот телефонски број, но никој не одговори на нашиот повик. Како што дознава „Канал 5“ од свои извори, здружението „Исламски младински форум – Скопје“ веќе неколку години не функционира активно, наводно поради блокирани банкарски сметки и сомнежи поврзани со неговото финансирање. Организацијата функционирача уште од 90-тите години, а пред пандемијата имала простории во близина на Мавровка и во скопската населба Јаја Паша. Нејзините активности главно биле насочени кон едукација на младите, организирање курсеви и програми за нивна интеграција во општеството. Раководството се менувало на секои две години. „Канал 5“ побара одговори од Агенцијата за национална безбедност и МВР дали се запознаени со египетската одлука, за која конкретна организација станува збор и дали таа претходно била предмет на безбедносни проверки за евентуални врски со радикални или екстремистички структури, но до објавувањето на прилогот не добивме одговор. Египетските власти тврдат дека организациите од списокот се дел од европска мрежа поврзана со Муслиманското братство, но не се објавени конкретни докази за секоја од нив поединечно. Братството е забрането во Египет од 2013 година, по воениот удар со кој беше соборен претседателот Мохамед Морси, а на власт дојде Абдел Фатах ал-Сиси. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСлучајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08Учество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
МакедонијаПрвостепена пресуда: : Воспитно-поправен дом за малолетничките кои малтретираа девојче во Ѓорче Петров На четирите малолетнички против кои се водеше постапка за насилство врз 13-годишно девојче во скопско Ѓорче Петров им е изречена мерка упатување во воспитно-поправен дом. Како што потврдија од Основниот кривичен суд за Канал 5, судија за деца, на две од девојките им изрекол мерка во траење од една година, додека за останатите две, во траење од по осум месеци. Од кривичен посочуваат дека се работи за одлука што не е правосилна. Станува збор за случај од март годинава што ја шокираше јавноста поврзано со група деца која се изживува врз девојче, додека дел од присутните го снимаат насилството. По откривањето на случајот, Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против четири малолетнички, една на возраст од 17 години која во меѓувреме стана и полнолетна, како и против три девојчиња на возраст од 14 години, поради основано сомнение за кривичното дело „насилство“.. обвинителството тогаш информираше дека малолетничките учествувале во дејствија на насилство во два одвоени настани.. Во рамките на истиот случај, до обвинителството беа доставени и шест кривични пријави против родители за „запуштање и малтретирање дете“.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор МацураПремиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година.Премиерот Мицкоски во својство на сведок на денешната надзорна расправа за Алта банка во Собранието објави одлука на Владата на СДСМ и ДУИ од 24 октомври 2023 година предводена од тогашниот премиер Димитар Ковачевски, со која како што тврди, по предлог тогашниот министер Фатмир Бесими се барало од владата да го овласти Државното правобранителство да ѝ ги отуѓи на Алта банка - Белград акциите што државата ги има во банката во Србија како резултат на сукцесијата на поранешна Југославија. Лидерот на СДСМ, Филипче, пак, како целосни невистини и манипулации ги отфрли ваквите наводи на прес-конференција која ја одржа на пауза од надзорната расправа. Тој објасни дека, откако Мацура во 2023 година се стекнал со над 90 проценти од акциите во белградската Алта банка, која претходно се викала ЈУБМЕС – односно Југословенска банка за меѓународна економска соработка, преостанатите акции биле преземени без согласност на македонската страна, според механизмот предвиден во српското законодавство. На прес-конференцијата од Филипче реагираше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. И тој покажа документи од записникот од владината седница во 2023 година кои според власта ги демантираат обидите на опозицијата да ги изврти фактите и аргументите, а опозициските пратеници како што рече наместо на пресови надвор од сала сите прашања можеле да ги постават директно до учесниците на надзорната расправа. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter