Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци
1Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци
ЖивотНов натпис откриен во древниот напуштен град Коба во МексикоДосега се идентификувани 14 владетели на Коба.Археолози открија големо историско богатство длабоко во мексиканската џунгла. Во древниот, одамна напуштен град на Маите наречен Коба, близу пирамидата Нохоц Мул, пронајдена е камена плоча од 11 квадратни метри, со натпис од 123 глифи, поточно идеографи. Според првичната анализа, глифите главно се однесуваат на датумот на основање на градот Кех Виц Нал („Планината на Елените“) - 12 мај 569 година. Тие го спомнуваат и претходно непознатиот владетел на Маите - К'авиил Ч'ак Чен, а некои од зборовите се однесуваат на боговите за кои Маите верувале дека го основале Коба, како што е Болон Цакаб Ајав - „господарот на безброј поколенија“. Некогаш величествениот, а сега разурнат град Коба се наоѓа во сојузната држава Кинтана Ру, на источната страна од полуостровот Јукатан. Најверојатно бил изграден од Маите во 50 г. п.н.е. и бил постојано населен повеќе од 1.500 години. За време на врвниот подем, во градот живееле околу 50.000 луѓе, пишува „Сајенс алерт“ (Science Alert). Наоѓалиштето денес е едно од ретките што сè уште го носат своето мајанско име - Коба. Тоа име во превод значи „немирни води“. Во него се откриени гравури и скулптури што раскажуваат за животот на древните Маи. Досега се идентификувани 14 владетели на Коба, од кои и три жени. Меѓу нив, една владеела дури 40 години. Многу од овие владетели го носеле името К'авиил - по мајанскиот бог на молњите. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноциМинистерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на АлијансатаМинистерот за одбрана Владо Мисајловски вчера (7 јули) во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NATO Flight Training Europe). За време на Самитот министерот Владо Мисајловски учествуваше на Форумот за одбранбена индустрија во чиј фокус беа иновациите и развојот на одбранбената индустрија кои се клучен елемент за колективната безбедност, како и воспоставувањето на соработка за заеднички набавки за опремување на одбранбените сили. На форумот на кој присуствуваа високи претставници од сојузничките и партнерските земји и претставници од воената индустрија беше испратена пораката: „Нема силна одбрана без силна одбранбена индустрија!“ Учеството на овој форум е исклучително важно имајќи ја предвид намерата на македонската Влада за поддршка на развојот на домашните компании во областа на наменската, воена индустрија. На првиот работен ден, се одржа и церемонија за прием на три сојузнички земји – Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe) – стратешки значајна иницијатива за воспоставување на интегриран систем за летачка обука во Европа. Преку NTFE се создава ефикасен, координиран и стандардизиран долгорочен систем за обука на пилоти, техничари и воздухопловен персонал согласно НАТО стандардите и потребите. Нашата земја е дел од основачите на оваа иницијатива. Во текот на вчерашниот ден Мисајловски учествуваше на приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер каде имаше и свое обраќање пред присутните. Тој во оваа прилика ја истакна одличната соработка која ја имаат нашите две земји, дека се пример за градење одлични билатерални односи и му упати честитки на министерот Ѓулер за новиот објект на Министерството за национална одбрана на Република Турција. Активностите продолжија во претседателскиот комплекс во Анкара каде Мисајловски учествуваше на состанокот на Северноатлантскиот совет во формат на министри за одбрана на кој учествуваа и министрите за одбрана на земјите партнери од Индо-пацифичкиот регион. За време на овој настан со своите колеги министерот Мисајловски информираше за инвестициите од македонскиот буџет во развојот на одбраната на земјата и процесот на модернизација на Армијата, со што се јакне борбената готовност на македонската Армија, а се зацврстува и колективната безбедност на НАТО. Тој додаде дека издвојувањата кои македонската влада ги прави во поглед на одбраната, а кои ги вклучува и инвестициите поврзани со одбраната и заштитата на националната безбедност, како што е заштитата на критичната инфраструктура и изградбата на двата суштински коридори надминуваат 4% од предвидените 5% кои е потребно да се достигнат во наредните 10 години. Мисајловски нагласи дека со сите досегашни договори и поддршка која ја добива македонската армија од сојузниците и партнерите меѓу кои и преку Европскиот мировен фонд дополнително се влијае на зајакнување на капацитетите при извршување на задачите во мировните мисии и операции. Во тој контекст министерот Мисајловски нагласи дека од особено значење е двете мисии на ЕУ мисијата во Босна и Херцеговина АЛТЕА и НАТО мисијата КФОР да продолжат и да бидат гарант за стабилноста на овој регион.Тагови: Владо Мисајловски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМарта Кос во посета на Македонија, попладнево средба и прес-конференција со премиерот МицкоскиЕврокомесарката за проширување, Марта Кос, попладнево ќе престојува во посета на Македонија, во чии рамки ќе се сретне и ќе одржи прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.Во пресрет на посетата, таа порача дека доаѓа во Скопјe за да охрабри прогрес во преговорите за пристапување..Тагови: Марта Кос Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
ФудбалВидео: Историски триумф на Швајцарија за мундијалско четвртфинале! Репрезентацијата на Швајцарија е последниот учесник во елитното четвртфинале на 23 Светско фуудбалско првенство. Швајцарската фудбалска репрезентација по понал рулет и триумф со (0-0) 4-3 над Колумбија се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство По регуларниот дел од натпреварот немаше голови, мрежите мируваа и по двете продолженија од по 15 минути по што следуваше пенал рулетот, во кој поконцетрирани и попрецизни беа фудбалерите на Швајцарија кои мја добија серијата со 4-3. Со овој триумф Швајцарија го постигна својот најголем успех на светските првенства (точно е дека играла во четвртфиналето во 1938 и 1954 година, но тогаш имало помалку учесници), а за пласман во полуфиналето ќе игра против бранителот на тронот Аргентина.Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55Пропадна и последниот обид за партиски консензус за Изборниот законик15:00Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Започна Самитот на НАТО во Анкара, министерот Мисајловски како македонски претставник учесник на значајни активности и состаноци08:55
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43