Нов мобилен ангеограф - донација од Јапонија за болницата „8 Септември" - Канал 5

Нов мобилен ангеограф - донација од Јапонија за болницата „8 Септември"

Нов мобилен ангеограф за потребите на службата за интервентна кардиологија и радиологија ќе добие Градската општа болница „8 Септември" во Скопје, како донација од Јапонија, во вредност од 100. 886 евра.

Нов мобилен ангеограф - донација од Јапонија за болницата „8 Септември"

Договорот денеска го потпишаа амбасадорот на Јапонија во земјава, Хиронори Савада и директорот на болницата „8 Септември", Христијан Костов.

Според амбасадорот Савада, овој апарат ќе придонесе за зголемување на квалитетот и капацитетот на болницата за да го адресира здравјето на кардио-васкуларниот систем.

-Ова дополнително ќе придонесе за намалување на ризикот од мозочен и срцев удар, кој е една од најчестите причини за морталитет во Македонија, рече денеска амбасадорот Савада пред потпишувањето на договорот.

Инаку, овој грант е во рамки на Јапонската програма ЏЏП, а како што рече јапонскиот амбасадор, Јапонија е силно посветена да ја поддржи Македонија во социјалниот и економскиот развој, што е многу важно за интеграцијата во Европската унија.

-Јапонската програма за мали грантови за основни потреби и човекова безбедност, или ЏЏП, е еден од столбовите на нашата стретегија за соработка со Македонија. Од 1996 година, Јапонија со вкупно 7,8 милиони евра поддржа 158 ЏЏП проекти, од кои 30 во Скопје во секторот здравство, образование и животна средина, рече Савада.

Тој додаде дека во рамки на оваа програма, ќе потпишат уште пет проекти во декември, и најверојатно уште неколку до март.

Директорот на болницата, Христијан Костов напомена дека со овој грант, Јапонија и јапонскиот народ продолжува во континуитет да помага во модернизирањето на болницата.

Тој денеска по потпишувањето на договорот напомена дека станува збор за втор грант, и благодарение на овие грантови се создаваат многу поволни услови во болницата „8 Септември" да се вршат најсоодветните, насофистицираните интервентни и други радиолошки процедури.

Целта е, како што рече, да се намали листата на чекање, пациентите да имаат поквалитетно здравство и сите оние софистицирани медицински интервенции да бидат правовремено згрижени.

-Со набавка на оваа опрема Јапонија помага нашата болница да понуди врвна здравстена заштита, за што искрено се заблагодаруваме, додаде директорот на болницата „8 Септември", Христијан Костов.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали

Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. 

НБА милионер тврди дека едвај врзува крај со крај: Заработил 195.000.000 долари, а сепак се жали

Поранешната НБА ѕвезда Пол Пирс, кој заработи приближно 195 милиони долари во текот на 19 сезони во врвната кошаркарска лига, сега тврди дека едвај врзува крај со крај. Според судските документи, неговите месечни трошоци изнесуваат речиси 96.000 долари, а откако ја загубил својата телевизиска улога на „Фокс спортс“ (Fox Sports), останал без редовни приходи. Тој изјави дека последната исплата ја добил во август 2026 година.

Поранешната партнерка на НБА легендата, Пол Пирс ја оспорува неговата верзија за финансиската состојба и бара независен експерт да ги провери неговите приходи и имот.

Според TMZ, тој плаќа приближно 48.000 долари месечно за издршка на децата и на сопругата, додека остатокот се користи за грижа за децата, храна, јадење во ресторани, сметки, облека и други трошоци.

Пирс тврди дека на своите банкарски сметки има околу 300.000 долари, додека вредноста на неговиот недвижен имот ја проценува на 3 милиони долари.

Неговата поранешна партнерка, Принцес Сантијаго, ги оспорува неговите наводи за финансиската состојба и бара независен експерт да ги разгледа неговите приходи и имот.

Пирс инаку,поголемиот дел од својата кариера го помина во „Бостон Селтикс“, со кои во 2008 година ја освои НБА-титулата. Тој десет пати беше учесник на „Ол-стар“ натпреварите, а во 2021 година беше примен во Кошаркарската куќа на славните.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе

 По лошиот коментар на социјалните мрежи од Килијан Мбапе по церемонијата на доделување на Златната топка неколку кинески компании ги раскинаа своите спонзорски договори со францускиот напаѓач и Реал Мадрид.

Од зборови на дела: Кина ги „избриша“ Реал Мадрид и Мбапе

Кина ги спроведе своите закани во дело. Натпреварите од Ла Лига исчезнаа од програмата на државниот радиодифузер CCTV – потег што директно влијае врз Реал Мадрид и нивната француска ѕвезда, Килијан Мбапе, пренесува „Goal“.

Ситуацијата произлегува од коментар на Мбапе во врска со сатиричен интернет-мем поврзан со кинескиот лидер Мао Цетунг.

Според шпанскиот медиум „Marca“, ниту еден од натпреварите во Ла Лига, закажани за овој викенд, не е емитуван на каналите на државната телевизија.

Сепак, платформата „Migu“ нуди поинаква слика. Како ексклузивен дигитален партнер на Ла Лига во Кина – партнерство што опфаќа период од тековната сезона па сè до 2029/2030 година – „Migu“ го задржа речиси целиот свој викенд-распоред непроменет.

Сепак, постои еден значаен исклучок: натпреварот помеѓу Расинг Сантандер и Реал Мадрид не се појави во распоредот за емитување. Понатаму, „Migu“ не прикажува ниту еден натпревар на Реал Мадрид – детаљ потврден и од шпанска новинска агенција – дури ни оние што биле закажани пред почетокот на оваа криза.

Корисниците на социјалните мрежи, уште на самиот почеток на кризата, укажаа на тоа дека платформата ги избришала снимките од головите на Мбапе од неодамнешниот „Ел Класико“ натпревар помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Сè започна кога Мбапе во едно интервју изјави дека еден од најсмешните сатирични интернет-мемиња што ги видел, бил оној на кој неговото лице е вметнато врз слика од „кинески лидер“ – при што не го именуваше експлицитно Мао Це Тунг, иако токму тој беше прикажан на мемето.

Овие изјави, дадени во вторникот, предизвикаа брза реакција.

Неколку кинески компании ги раскинаа договорите за спонзорство, државната телевизија го прекина емитувањето на натпреварите од „Ла Лига“ и оние на кои настапува францускиот напаѓач, а неговите реклами беа повлечени од програмата. Мбапе упати извинување на француски, кинески и англиски јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на Челик

Дефанзивецот на Борац, Абел Пасквал, истакна кандидатура за фер-плеј потегот на годината за време на дуелот против Челик во Зеница, во 12-тото коло од Премиер лигата на Босна и Херцеговина.

Фер-плеј потег на годината: Фудбалер на Борац му го спаси животот на навивач на Челик

Гостите од Бања Лука ги освоија бодови на „Билино поле“ во Зеница по пресврт (2:4) во фантастичен натпревар, за кој двата тима беа наградени со аплауз.

Сепак, најголемиот аплауз на легендарниот стадион „Билино поле“ го доби фудбалерот од Бања Лука, Абел Пасквал, откако ѝ помогна на медицинската екипа што побрзо да стигне до навивачот на „Челик“ на кој му се слошило на трибините.

Додека лекарите брзаа да му помогнат на навивачот од Зеница, Шпанецот од редовите на „Борац“ зеде опрема за реанимација од еден од медицинските лица и потрча кон трибината каде што се наоѓаше споменатиот постар господин.

Според извештаите на медиумите од Зеница, навивачот на „Челик“ е во добра здравствена состојба по интервенцијата на лекарите.

На крајот, „црвено-сините“ освоија три бода на „Билино поле“ и продолжија во трката зад првопласираниот „Зрињски“ од Мостар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер