Нов министер за здравство ќе има следната недела, позицијатa останува во „ВРЕДИ“, вели Мицкоски - Канал 5

Нов министер за здравство ќе има следната недела, позицијатa останува во „ВРЕДИ“, вели Мицкоски

До крај на неделата треба да добијам предлог за Министер за здравство, а ако од коалицијата „Вреди“ номинираат човек со кој не може да се соработува имам право да кажам „не“, вели Премиерот Христијан Мицкоски.

Нов министер за здравство ќе има следната недела, позицијатa останува во „ВРЕДИ“, вели Мицкоски

До крај на неделата треба да добијам предлог за Министер за здравство, а ако од коалицијата „Вреди“ номинираат човек со кој не може да се соработува имам право да кажам „не“, вели Премиерот Христијан Мицкоски, кој ја посети Клиниката за гинекологија и акушерство, каде започна реконструкција на некои оддели.

Во однос на неконзистентвноста во здравствениот сектор поради честата промена на Министри и натрупаните проблеми, признавајќи дека е свесен за нив, Премиерот уверува дека лично ќе се фокусира за подобрување на состојбите.

Освен на Клиниката за Гинекологија каде со околу 470 илјади евра ќе се реконструираат амбулантите, чекалните, лабораториите и специјалистичките кабинети, Премиерот очекува кулминација со изградба на конечно посакуваниот голем клинички центар во Скопје, како проект од стратешкото партнерство на Македонија со Велика Британија.

YouTube video

Руте: Мора да направиме повеќе, незамисливо е Русија да нѐ надмине во вооружувањето

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е „незамисливо“ Русија да го надмине западниот воен сојуз во однос на военото производство, објави агенцијата ДПА.

Руте: Мора да направиме повеќе, незамисливо е Русија да нѐ надмине во вооружувањето

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека е „незамисливо“ Русија да го надмине западниот воен сојуз во однос на военото производство, објави агенцијата ДПА, потсетувајќи дека НАТО се подготвува официјално да објави голем скок на трошоците за одбрана.

„Мораме да направиме повеќе. Едноставно е незамисливо Русија, чија економија е 25 пати помала од НАТО, да нè престигне во производството и вооружувањето“, рече шефот на НАТО пред клучниот самит во Хаг.

„Мораме да трошиме повеќе за да спречиме војна. Мора да ја добиеме оваа нова војна во производството“, нагласи Руте, пренесе Гардијан.

Според него, постои целосна посветеност од американскиот претседател Доналд Трамп и од високото американско раководство во НАТО, рече Руте на јавен форум пред формалното отворање на самитот, додавајќи, сепак, дека таквата поддршка доаѓа со очекување европските земји и Канада да трошат повеќе за одбрана, пренесе Гардијан.

Лидерите на 32-те членки на НАТО се собираат денес и утре на историски самит во Хаг, каде што се очекува да потврдат посветеност за зголемување на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година. Членките на алијансата неодамна се согласија за нови цели за зајакнување на одбранбените капацитети, најголемото зголемување на вооружувањето од Студената војна, за да се издржи потенцијален напад од Русија. Русија, која е во војна со Украина повеќе од три години, значително го зголеми своето воено производство, што ги зголемува стравувањата дека би можела да нападне територија на НАТО во рок од неколку години.

Илјадници прославуваат во Техеран (ВИДЕО)

Иранските медиуми емитуваат снимки од голема толпа што се собрала во центарот на Техеран, за кои, според нив, изразува поддршка и благодарност за вооружените сили на земјата.

Илјадници прославуваат во Техеран (ВИДЕО)

Собирот на Плоштадот на револуцијата во Техеран го објавија државните новински агенции ИРНА, Фарс и Мехр.

Според извештаите, насобраните се заколнуваат дека ќе стојат покрај вооружените сили до крај, фалејќи го нивниот „разорен одговор на агресиите“ на Израел и САД.

Видео снимките емитувани од иранските медиуми покажаа луѓе како скандираат во поддршка на Иран, носејќи ирански знамиња и постери на врховниот лидер ајатолахот Али Хамнеи.

Не е јасно дали иранскиот режим го организирал собирот, објави Си-Ен-Ен.

Трамп пристигна во Холандија, ќе учествува на самитот на НАТО

Американскиот претседател Доналд Трамп вечерва пристигна на аеродромот Шипхол во Амстердам во Холандија за да присуствува на самитот на НАТО.

Трамп пристигна во Холандија, ќе учествува на самитот на НАТО

Се очекува Трамп директно да оди во палатата Хаус тен Бош во Хаг, каде што кралот и кралицата на Холандија организираат државна вечера за 32 лидери на НАТО и нивните партнери, пренесе Индекс.

Првата дама на САД не е со него

Сепак, првата дама на САД, Меланија Трамп, не пристигна во Холандија.

Лидери на НАТО се собираат на дводневен самит на кој се очекува да се потврди зголемувањето на трошоците за одбрана на пет проценти од БДП до 2035 година.

Трамп пристигна во Холандија откако објави прекин на огнот меѓу Израел и Иран доцна синоќа.

притисни ентер