Нов факултет на УКЛО-Битола во рамки на проектот за европски стандарди во едукацијата на медицинските сестри - Канал 5

Нов факултет на УКЛО-Битола во рамки на проектот за европски стандарди во едукацијата на медицинските сестри

 Факултет за медицински сестри ќе биде отворен во склоп на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, за кој законот е подготвен од пратеници и Министерството за образование и наука.

Нов факултет на УКЛО-Битола во рамки на проектот за европски стандарди во едукацијата на медицинските сестри

Министерката Весна Јаневска очекува тој да биде многу бргу усвоен, со што за медицинските сестри, акушерки и физиотерапевти ќе има и академски студии и тие потоа ќе може да продолжат на академски студии од втор и од трет циклус.

Отворањето на факултетот во Битола, каде што со долга традиција постои Високата стручна школа, ќе биде дел од втората фаза на проектот „Зајакнување на образованието и професионалната регулатива за медицински сестри и акушерки во Македонија 2026–2028“. Неговата цел е постигнување европски стандарди во едукацијата на медицинските сестри и другит помошен медицински персонал. Министерката очекува дека со новата образовна институција ќе се профилира кадар кој ќе дава подобри здравствени услуги на населението во земјава.

Проектот се спроведува со Република Словенија и со поддршка на странски партнери. Го води Центарот за европска перспектива, официјална институција за имплементација на Словенечката програма за помош, и вклучува експерти од голем број институции, професионални здруженија, факултети за здравствени науки, канцеларијата на Светската здравствена организација во Скопјe, УНФПА и УНИЦЕФ.

-Во првата фаза од проектот беше направена уницифицирана програма на сите школи и универзитети за медицински сестри во Македонија, за стекнување знаења, вештини и компетенции во корист на сите наши граѓани. Во втората фаза Министерството презема регулатива во новиот законот за високо образование и она што досега го немаше - да се дозволи односно да се овозможи студентите од стручните школи да преминат во втор и трет циклус. Пратениците во Собранието заедно со МОН подготвија закон за отворање на првиот Факултет за медицински сестри во Македонија, кој се надевам дека многу бргу ќе биде усвоен. Сметам дека е апсолутно оправдан тој предлог и дека без проблеми ќе биде прифатлив за сите. Мислам дека денес-утре ќе биде поднесен во собраниска процедура, изјави Јаневска пред почетокот на конференцијата со која официјално почна втората фаза од проектот.

Посочи дека во ситуација кога има дефицит на медицински сестри од државата, овој проект е „токму во правец не само да добијат компетенции, туку и да се поткрене свеста и да ја сфатат суштината на нивната исклучително значајна струка за помош на населението, но и за развој на државата“.

За решавањето на проблемот со дефицитот на медицински сестри, Јаневска рече дека Министертството за здравство има многу сериозни планови и програми, со кои планира да го надомести недостигот од медицински сестри, но и на доктори во одредени региони на земјата.

-Општо е познато зошто луѓето бараат подобри услови на друго место. Но, оваа Влада во овие две години ги покажа заложбите и во образованието, и во здравството, колку многу работиме и колку многу сакаме да им овозможиме соодветни услови за работа, но да им овозможиме и соодветно знаење, а со тоа заеднички да ги задржиме во земјата, рече Јаневска.

Државниот секретар во Министерството за здравство на Словенија, Денис Кордеж, изјави дека поддршката со знаење и експертиза од нивната земја ќе биде добредојдена за Македонија. Посочи дека и Словенија, како и другите земји во ЕУ, се соочува со недостиг од медицински сестри и друг кадар од здравствениот сектор.

-Треба да се направи сè за да се подобри состојбата на работните места и да се уредат компетенциите и некои од нив, она што е можно, да се пренесат од докторите на медицнските сестри. Тоа се предвидува со оваа втора фаза од проектот и тоа се искуствата што ги поминавме во образовниот систем во Словенија. Ние сега, во оваа влада, направивме нациоанлна стратегија за работа со здравствените работници за идните десет години. Поради демографијата и зголемата потреба на луѓето, потребни ни се поголем број сестри и доктори и треба да се направи добар и стабилен мултидициплинарен тим, кој ќе им дава помош на луѓето - од превенција до терапија. На тоа треба да се работи, затоа што ако не се вложува во системот, во медицинските сестри и во докторите, тогаш нема ни да ги има, изјави Кордеж.

Претседателката на Здружението на медицински сестри, Гордана Бешлиовска, смета дека со унапредувањето на едукацијата на медицинските сестри тие „конечно ќе добијат факултетско образование и ќе се остварат во кариерниот развој како предавачи“.

-Тоа дополнително треба да го измени членот во Законот за здравствена заштита, во кој ние сме дискредитирани. Таму стои дека може да предавате на факултетите за медицински сестри само ако имате Медицински факултет. И сето ова за да се преслика треба некои нешта координирано да се усогласат за да може сестрите да добијат модел и во образованието, со што ќе се остварат и како предавачи. Новиот закон за високо образование не смее да го ускрати тој модел со кој медицинските сестри во кариерниот развој треба да бидат носители на образовните програми за здравствената нега, бидејќи тие го работат тоа во болниците. До овој момент здравствената нега и сето тоа во тој дел во образовните програми ни го предаваат докторите, изјави Бешлиовска.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити банката на Вучиќ од истрагата во Србија.

СДСМ: Кривични пријави против СДСМ, Мицкоски панично ја штити Алта - банката на Вучиќ

Го натера Славески да ги поднесе кривичните пријави против претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Александар Саша Димитријевиќ, Андреј Жерновски и Александар Трајановски.

Граѓаните знаат дека Мицкоски сè работи по налог на Вучиќ, како што беше внесувањето на Aлта банка во Македонија, неговата лична пералница на пари. Овој пат го презема неговиот модел на кривични пријави, притисок и заплаашување на опозицијата.

Тоа што Вучиќ го правеше сега Мицкоски го прави против опозицијата во Македонија. Copy-paste. Македонија станува заробена држава.

СДСМ 11 месеци предупредува за Алта и дека не смее да се дозволи.

Мицкоски и Славески внесоа во Македонија забранета банка во Европа, под санкции во Австрија, со забранет влез во Црна Гора и под истрага за потекло на имот.

Банкарот на Вучиќ стана банкар на Мицкоски.

По информациите за истрага во Србија, стечај, одземање на лиценцата и апсење на Давор Мацура, стана јасно каква пералница на пари донесоа.

И што направија? Веднаш ја обвинија СДСМ за ширење паника.

Не ширеше СДСМ паника туку Славески и Мицкоски кои велеа дека се е во ред. Тие се виновни што ја донеса оваа криминална банка во земјава.

Сега прават притисок со кривични пријави, сакаат да не замолчат, по рецепт на Вучиќ. Тоа нема да им успее.

Ајде да видиме дали Обвинителот Савески ќе биде дел од ова и ќе стане соучесник на оваа организирана криминална група.

Вчера на надзорната расправа во Собранието Мицкоски лажеше пред македонската јавност за да се оправда со Aлта банка. Изнесе гнуасни лаги дека СДСМ ја внела Алта банка. Затоа ќе одговара.

Мицкоски, доаѓа крај на твоите лаги. Твоето копирање и служење на твојот шеф Вучиќ знаеш каде води. Сега нема назад.

Вистината веќе се гледа. Доаѓа времето на правдата.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении.

Политико: НАТО го ревидира своето воено планирање, се очекува договор во февруари

Сојузниците во НАТО започнале преговори за најголема ревизија на своето воено планирање во последните две децении, при што приоритет е обезбедување доволно капацитети за потенцијален судир со Руската федерација, наместо обезбедување воено присуство во други мисии како што е КФОР во Косово, пренесува светскиот медиум Политико.

Европски претставници во повеќе наврати предупредија на можноста за руски напад на територијата на нато до 2029 година,

А според нацрт-документот, сојузниците до февруари треба да постигнат конечен договор. Оваа промена нема автоматски да влијае на тековните мисии на НАТО, како што е во Косово, тврди Политико, меѓутоа, од сојузниците ќе се бара или да обезбедат доволно сили за водење голема европска војна или присуство во тековните мисии но не и двете истовремено.

Сегашниот фокус на северноатлантската алијанса надвор од својата територија е воглавно на Косово, Ирак и Авганистан, меѓутоа, руската инвазија врз Украина го пренасочи приоритетот кон одбрана на Европа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.

Утре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и Украина

Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата.

Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер