Нов црн рекорд: 594 нови случаи на ковид 19, тројца починати

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2617  тестирања, а регистрирани се 594 нови случаи на ковид-19 

Во: Скопје-303, Куманово-22, Дебар-5, Штип-13, Прилеп-19, Тетово-26, Струга-12, Велес-17, Битола-18, Охрид-10, Кавадарци-7, Гостивар-12,Гевгелија-13, Струмица-34, Крива Паланка-7, Радовиш-6, Кочани-18, Пробиштип-3, Демир Хисар-2, Пехчево-1, Берово-2, Валандово-7, Виница-2, Делчево-5, Кратово-1, Свети Николе-2, Кичево-17, Ресен-7, Неготино-3.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 162 оздравени пациенти од: Скопје-79, Штип-8, Прилеп-6, Тетово-5, Струга-1, Велес-2, Битола-3, Кавадарци-2, Гостивар-3, Гевгелија-2, Струмица-12, Крива Паланка-6, Радовиш -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Македонски Брод-1, Берово-8, Валандово-3, Свети Николе-7, Кичево-4.

Во болнички услови починати се 3 лица, пациент од Куманово (70г), од Прилеп (67г) и еден пациент од Богданци (75г).

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23201, бројката на оздравени пациенти е 17111, на починати е 824, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5266. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 9654, активни 2515

• Куманово 1957, активни 214

• Дебар 307, активни 48

• Штип 1433, активни 156

• Прилеп 897, активни 209

• Тетово 1692, активни 271

• Струга 747, активни 80

• Велес 425, активни 94

• Битола 452, активни 142

• Охрид 506, активни 72

• Кавадарци 304, активни 72

• Гостивар 1023, активни 94

• Гевгелија 252, активни 128 (16 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 35 на Богданци и 12 се странски државјани)

• Струмица 569, активни 357

• Крива Паланка 175, активни 60

• Радовиш 164, активни 72

• Крушево 20, активни 0

• Кочани 556, активни 202

• Пробиштип 138, активни 23

• Демир Хисар 66, активни 5

• Македонски Брод 96, активни 2

• Пехчево 52, активни 8

• Берово 159, активни 36

• Валандово 79, активни 48

• Виница 147, активни 46

• Делчево 206, активни 110 (39 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 29, активни 5

• Свети Николе 420, активни 56

• Кичево 404, активни 71

• Ресен 191, активни 28

• Неготино 81, активни 27 (15 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 2617 теста се преку: ИЈЗ-820, ЦЈЗ Скопје-199, Авицена-495, Биотек-327, МАНУ -158, Жан Митрев (Филип Втори) -200, Систина со PCR метода -158, лабораторија Лаор –81, Судска медицина-6, ЦЈЗ Битола-93, Инфективна клиника-10, ГАК-11, Синлаб-59, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 219.158 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 11 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 95 пациенти. На кислородна поддршка се 65 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле хоспитализирани се 9 деца и 9 мајки позитивни на ковид-19, 1 мајка суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември" има 7 приеми, а вкупно хоспитализирани се 46 пациенти. На респиратор се 3 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 34, а во болницата во Штип се 51 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица, Струга и Кочани се хоспитализирани 207, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)

• Чаир – 109

• Гази Баба – 256

• Аеродром - 505

• Карпош – 417

• Центар – 433

• Кисела Вода – 296

• Ѓорче Петров – 198

• Бутел - 97

• Шуто Оризари – 14

• Студеничани – 3

• Сарај – 16

• Арачиново – 7

• Илинден – 35

• Сопиште – 17

• Чучер Сандево – 8

• Петровец –13

• Зелениково - 7

• Странец – 11

• Нераспределен- 73

МФ:Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на цената

Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност одржа седница за зголемување на премијата.

Министерството за финансии (МФ) во врска со донесените одлуки од страна на осигурителните компании за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност, денеска ја свика Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност која одржа седница со цел да ги разгледа сите аспекти од носењето на овие одлуки. Притоа, како што информира, заклучи, в понеделник на нова седница да разгледа Извештај од Националното биро за осигурување за оправданоста и исправноста на донесените одлуки од страна на осигурителните компании и да преземе соодветни чекори во насока на заштита на крајните потрошувачи.

Истовремено, врз основа на добиеното известување од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО), која е регулатор на осигурителниот сектор, Министерството денеска се обрати и до Комисијата за заштита на конкуренцијата, со цел да се испита дали се прекршени правилата на фер и конкурентно однесување согласно oдредбите од Законот за заштита на конкуренцијата.

-Комисијата за автомобилска одговорност која е именувана од страна на Владата на Република Македонија согласно Законот за задолжително осигурување во сообраќајот (Службен Весник на Република Македонија бр. 88/05, 70/06, 81/08, 47/11, 135/11, 112/14 и 145/15) ја сочинуваат членови од Министерството за финансии, Националното биро за осигурување и Агенцијата за супервизија на осигурувањето, е надлежна за утврдување на Тарифата на премии за осигурување на сопствениците на моторни возила од одговорност за штети предизвикани на трети лица. Односно утврдување на премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која се состои од техничка премија, која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата и дел на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци) што гг утврдуваат осигурителните друштва самостојно со посебна одлука на Друштвото за осигурување, наведува МФ.

При тоа посочуваме дека техничката премија којашто е дел од премијата за осигурување која ја плаќа договорувачот на осигурувањето-осигуреникот, a која ја утврдува Владата на предлог на Комисијата, останува непроменета. Со донесените одлуки од страна на осигурителните друштва, кои се доставени до Агенцијата за супервизија на осигурувањето на 23 април 2024 година, а со примена од 25 април 2024 година, е извршена корекција на цената во делот на премија за вршење на дејноста на осигурување (режиски трошоци).

Министерството вчера беше информирано од АСО, како регулатор на осигурителниот пазар во земјата, дека мнозинството друштва за осигурување донеле одлуки и доставиле известување до Агенцијата за зголемување на висината на бруто-премијата за осигурување од автомобилска одговорност на 23 април 2024 година со примена од 25 април 2024 година, а со интервенција во делот на премијата за вршење на дејноста осигурување (режиските трошоци) кои осигурителните друштва самостојно ја утврдуваат.

Зеленски: Светот мора да изврши притисок врз Русија за да избегне катастрофа во Запорожје

 Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека светот треба да изврши притисок врз Русија да ја врати нуклеарната централа Запорожје под целосна украинска контрола за да се избегне катастрофа со радијација во централата.

Зеленски овој апел го упати на социјалните мрежи по повод 38-годишнината од катастрофата во нуклеарната централа Чернобил.

- Радијацијата не познава граници или национални знамиња. Катастрофата во Чернобил покажа колку брзо може да се појават смртоносни закани. Десетици илјади луѓе ја ублажија катастрофата во Чернобил по цена на сопственото здравје и животи, елиминирајќи ги нејзините ужасни последици во 1986 година и годините потоа, истакна тој.

Во исто време, Зеленски потсети дека пред две години нуклеарната централа Чернобил беше под руска окупација 35 дена. „Руските војници ги ограбуваа лабораториите, ги заробија чуварите и го малтретираа персоналот, го искористија за да започнат понатамошни воени операции“, рече Зеленски.

- Веќе 785 дена руските терористи ја држат во заложништво нуклеарната централа Запорожје. Одговорност на целиот свет е да изврши притисок врз Русија за да се осигура дека ЗНПП ќе биде ослободена и вратена под целосна украинска контрола, како и дека сите украински нуклеарни постројки се заштитени од руски напади, нагласи украинскиот претседател.

Според него, тоа е единствениот начин да се спречат нови катастрофи со радијација, кои се закануваат да се случат се додека „руските окупатори се присутни во Запорожје“.

- Се сеќаваме на посветеноста на луѓето кои спасија животи во 1986 година. Ги цениме сите што помагаат да се спасат животи во моментов, рече Зеленски.

Обвинителството во Подгорица отвори предмет против Мило Ѓукановиќ

Вишото државно обвинителство во Подгорица отвори предмет во врска со интервјуто на поранешниот претседател на Црна Гора и ДПС Мило Ѓукановиќ.

Станува збор за интервју за Радио Антена М од Подгорица, во кое Ѓукановиќ последните апсења на неговите најблиски соработници ги нарече политички реваншизам и го спореди со крвна одмазда.

По детална анализа на интервјуто, Вишото државно обвинителство по потреба ќе преземе и други мерки и дејствија со цел да донесе одлука за евентуално сторено кривично дело, информираат за црногорските медиуми од Вишото обвинителство во Подгорица. /МИА

притисни ентер