ТехнологијаНов чип: „Google“ го напаѓа лидерот на пазарот„Google“ ја претстави својата осма генерација чипови за вештачка интелигенција, во нов обид да се натпреварува со лидерот на пазарот „Nvidia“.Новите „TPU (Tensor Processing Unit)“ процесори ќе бидат достапни подоцна оваа година, објави „CNBC“. По години развој на чипови кои можат да тренираат модели на вештачка интелигенција и да извршуваат таканаречена инференција (одговарање на прашања), „Google“ сега ги одделува тие задачи во посебни процесори. Компанијата, која е исто така голем купувач на „Nvidia“ чипови, нуди „TPU“ како алтернатива на своите услуги за „cloud computing“, додека повеќето големи технолошки компании развиваат свои процесори за вештачка интелигенција за да ја зголемат ефикасноста и да се прилагодат на специфичните потреби. Според компанијата, новиот чип за обука обезбедува 2,8 пати подобри перформанси од претходната генерација по иста цена, додека процесорот за инференција е 80 проценти поефикасен. „Google“ вели дека употребата на неговите „TPU“ решенија расте, со корисници како што се финансиски институции и научни центри, додека некои компании за вештачка интелигенција веќе најавија значителни инвестиции во оваа технологија. И покрај интензивните инвестиции, аналитичарите проценуваат дека водечките технолошки компании сè уште не успеваат да ја загрозат доминантната позиција на „Nvidia“ на пазарот на чипови за вештачка интелигенција.Тагови: Google чипови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, лишени од слобода се 12 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“.Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: М.Љ.(40), А.Ш.(22) и Ј.Б.(30) сите од Скопје, И.Р.(24) од с.Света Петка, скопско, А.Р.(23) од с.Беловиште, гостиварско, С.А.(35) од с.Мелница, велешко и Н.М.(28) од с.Зрновци, кочанско и 17-годишник од село во Општина Градско. Под дејство на алкохол управувале две лица и тоа: Н.П.(29) од Куманово и М.Н.(19) од Скопје. Додека пак, со забрана за управување со моторно возило управувале С.Н. (37) од Кичево и Р.Х.(37) од с.Рашче, скопско. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишен од слобода бугарски државјанин на Граничниот премин Богородица поради фалсификувана исправаНа 02.10.2026 во 09:50 часот на Граничен премин Богородица, полициски службеници го лишија од слобода И.А.И.(58) од Бугарија поради основано сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“ по член 378 од Кривичниот законик.Известен е јавен обвинител, по што лицето е предадено во полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: бугарски државјанин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОпштина Аеродром го асфалтира паркингот пред детската градинка „Црвенкапа“Градоначалникот на Општина Аеродром Дејан Митески денеска изврши увид во градежните активности за асфалтирање на паркинг-просторот кај детската градинка „Црвенкапа“ во Стар Аеродром.Со уредувањето и обележувањето на паркинг-местата се добива повеќе функционален простор, подобра инфраструктура и поуреден изглед во овој дел од општината. Најважно од сè, со ова обезбедуваме посигурен и полесен пристап до градинката за родителите и за нашите најмлади. Кога инвестираме во инфраструктурата, инвестираме во секојдневието на граѓаните. Општина АеродромТагови: Општина Аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook