Нов „Чет-ГПТ“ за научни истражувања - Канал 5

Нов „Чет-ГПТ“ за научни истражувања

Американската компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) пушти нова верзија на популарниот чет-бот „Чет-ГПТ“ (ChatGPT) со месечна претплата од 200 долари. 

Нов „Чет-ГПТ“ за научни истражувања

Новата алатка е наменета за инженерските области и за истражување. Целта на компанијата е да ја прошири индустриската примена на својата технологија.

Новото ниво наречено „Чет-ГПТ про“ (ChatGPT Pro) е додадено на постоечките претплати, коишто вклучуваат „Чет-ГПТ плус“, „Тим“ и „Ентерпрајз“. Тоа ги нагласува и амбициите на компанијата што го поттикна „Бумот на вештачката интелигенција“, за натамошна комерцијализација на својата технологија.

„Про“ ќе обезбеди пристап до најнапредните „Опен-АИ“ алатки, вклучувајќи неограничен пристап до новите модели „o1“, „o1 мини“, „ГПТ-40“ и напредниот глас. Претплатата вклучува и „01 про мод“ - верзија којашто користи дополнителна компјутерска моќ за решавање посложени прашања. „Опен-АИ“ наведува дека „01 про мод“ има подобро машинско учење во математиката, науката и кодирањето во споредба со верзиите „o1“ и „o1-привју“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

И овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела Вода

Општина Кисела Вода, во соработка со Кинотека на Република Македонија и со “Киноверзум”, и овој викенд ја организира манифестацијата „Кино на отворено“. 

И овој викенд „Кино на отворено“ во паркот „Македонија“ во Кисела Вода

Настанот ќе се одржи на 19 и 20 септември, сабота и недела, во паркот „Македонија“ во близина на Домот на културата „Билјана Беличанец“.

Програмата носи внимателно селектирана филмска содржина за сите генерации. Вечерите почнуваат со детски филмови, по што следуваат култни македонски филмови.

Во сабота, на 19 септември, со почеток во 19:00 часот ќе се прикаже детскиот анимиран филм „Клинци Каубојци“, синхронизиран на македонски јазик.

Во 20:35 часот следува македонскиот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска, која има две номинации за наградата Оскар, а во продукција на Јорданчо Петковски и Ана Хамши. Овој филм е откупен од National Geographic Documentary Films и ја доби Наградата на Музата за најинспиративен филм на Биеналето во Венеција.

Во недела, на 20 септември, од 19:00 часот на програмата е детскиот анимиран филм „Таинствената шума“, исто така синхронизиран на македонски јазик.

Веднаш потоа, во 20:25 часот ќе следи проекција на култниот македонски филм „Пред дождот“ во режија на Милчо Манчевски, еден од најуспешните македонски филмови, кој е добитник на над 30 меѓународни награди, меѓу кои и престижната „Златен лав“ на филмскиот фестивал во Венеција и уште четири номинации од кои најзначајната е секако номинацијата за Оскар за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје во 1995 година.

Ги покануваме сите граѓани овој викенд да присуствуваат и да уживаат во филмската програма во Општина Кисела Вода.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во Лепенец

По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор, информираат од СВР Скопје. 

СВР Скопје ја откри и санкционираше жената која фрлаше отпадоци во Лепенец

Денеска (17.09.2026) во 11:45 часот, во Полициската станица од општа надлежност Карпош е повикана М.И.Б.(38) од Скопје, во врска со претходно објавени видеоснимки на социјалните мрежи на кои се гледа како непознато женско лице со патничко моторно возило „порше“, на улица „Скупи“, кај мостот на реката Лепенец, фрла отпадоци во реката.

По преземените мерки и активности, утврден е идентитетот на лицето, кое е повикано во полициската станица и со него е извршен службен разговор.

По документирање на случајот, на лицето му е изготвен платен налог согласно член 14 став 1 од Законот за јавна чистота, поради фрлање амбалажа надвор од места определени за таа намена, како и записник со платен налог согласно член 63 став 6 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради непрописно паркирано патничко моторно возило на коловозна лента.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик

Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC.

Мицкоски: Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик

Во рамките на посетата на Вашингтон, остварив средба со Каролин Вик, главен директор за политики и вршител на должноста главен директор за развој во Американската корпорација за меѓународен финансиски развој - DFC, институција која располага со инвестициски капацитет од 205 милијарди долари и претставува значаен инструмент на САД за мобилизирање приватен капитал и инвестиции во стратешки сектори.

Разговаравме за можностите за продлабочување на соработката и отворање нови перспективи за инвестиции во Македонија, особено во стратешки области како енергетиката, високите технологии и современата инфраструктура.

Нашата цел е преку силното стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави да создадеме нови можности за економски развој, привлекување инвестиции и подобар стандард за граѓаните, напиша на својот профил на Фејсбук, премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер