Нов бран откази во светските технолошки компании- без работа останаа над 100.000 луѓе - Канал 5

Нов бран откази во светските технолошки компании- без работа останаа над 100.000 луѓе

Само неколку недели по почетокот на втората половина од годината, технолошката индустрија е потресена од нов бран отпуштања во најголемите светски компании.

Нов бран откази во светските технолошки компании- без работа останаа над 100.000 луѓе

Според податоците собрани од „The Bridge Chronicle“, повеќе од 100.000 луѓе веќе ги загубиле своите работни места, предводени од „Intel“ со повеќе од 12.000 отпуштања низ целиот свет.

„Microsoft“ продолжува со 10.000 отпуштања во неколку дивизии, вклучувајќи клауд, игри (заедно со студија за развој) и хардвер.

„Meta“ отпушти околу 8.000 работници, и покрај тоа што понуди 100 милиони евра бонуси за нови вработени за вештачка интелигенција и брзо градење центри за податоци со вештачка интелигенција. Меѓу компаниите што исто така имаа големи отпуштања се „Amazon“, „Google“, „Salesforce“ и „Cisco“.

„Intel“ го затвора целиот оддел за автомобилски чипови

Очекувањата дека „Intel“ ќе ги намали работните места продолжуваат уште од катастрофалниот финансиски извештај во август 2024 година. Новиот извршен директор, Лип-Бу Тан, иницираше намалување на работната сила за 20 проценти во април, а целиот оддел за автомобилски чипови наводно е затворен во јуни. Истиот месец, бројот на вработени во фабриката во Орегон е намален, а имало и гласини дека се планирани дополнителни отпуштања.

Вештачката интелигенција и промената на приоритетите го менуваат секторот

За разлика од Интел, другите компании кои отпуштија илјадници луѓе не страдаат од лоши финансиски резултати. Промената на приоритетите и новите технологии, првенствено вештачката интелигенција, ги принудија да го прилагодат својот бизнис.

Најголемата промена досега ја донесе вештачката интелигенција, поради што компаниите воведуваат автоматизација и го намалуваат бројот на вработени. Некои извршни директори, како што се Дарио Амодеи од Антропик и Џим Фарли од Форд, предупредуваат дека вештачката интелигенција ќе ја десеткува американската канцелариска работна сила, додека извршниот директор на Енвидија, Јенсен Хуанг, верува дека сè зависи од човечката креативност.

Отпуштања како последица на вработувањето за време на пандемијата

Според „Бриџ кроникл“, масовното вработување од далечина за време и веднаш по глобалната пандемија, во очекување на раст предизвикан од карантинот, сега се покажува како погрешен потег. Откако светот повторно се отвори, предвидениот раст не се материјализираше, оставајќи ги технолошките компании со вишок вработени и преклопување на работните задачи.

Глобалните предизвици и американските царини дополнително ја влошија ситуацијата

По ова следеа глобални предизвици кои го влошија работењето на бројни компании. Царините воведени од американскиот претседател Доналд Трамп предизвикаа шокови во различни сектори, а технолошките компании се меѓу најтешко погодените. Исто така, тука е и продолжувањето на руската инвазија на Украина, како и трговската војна меѓу Кина и САД. Додека технолошките гиганти продолжуваат да инвестираат милијарди во вештачка интелигенција и центри за податоци, тие исто така ги намалуваат помалку профитабилните проекти, што резултира со илјадници отпуштања низ целата индустрија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нови обвиненија против таткото на Меган Маркл: Му се заканува затворска казна до 40 години

Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл,  – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца. 

Нови обвиненија против таткото на Меган Маркл: Му се заканува затворска казна до 40 години

Меѓу контроверзните фотографии се и оние на кои Томас Маркл е прикажан со малолетни деца .

Сојузна голема порота во Лос Анџелес покрена ново обвинение против Томас Вејн Маркл – контроверзниот татко на војвотката од Сасекс, Меган Маркл, – за поседување материјал што прикажува сексуална злоупотреба на деца.

Според обвинителството, предметните слики вклучуваат фотографии на Маркл со деца кои сè уште не влегле во пубертет. Овој 82-годишник беше уапсен на 6 ноември, откако истражителите открија десетици фотографии, негативи, слајдови и книги што содржат недозволен материјал во еден магацински простор во Лос Анџелес. Доколку биде прогласен за виновен, тој се соочува со можна затворска казна во траење до 40 години.

Во моментов тој се наоѓа во притвор на Флорида, а се очекува да биде префрлен во Лос Анџелес.

Маркл претходно ги негираше наводите, тврдејќи дека не поседува такви фотографии. Во меѓувреме, судот утврди дека тој е ментално способен да му се суди. Тој е исто така под истрага на Филипините, под сомнение дека поседувал и имал намера да дистрибуира недозволени фотографии.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите

Секогаш кога сака да го психоанализира СДСМ, Христијан Мицкоски се повикува на Фројд. На денешната прес-конференција, Андреј Жерновски од СДСМ му порача на премиерот да погледне во сопствениот кабинет. 

Жерновски: Фројд работи кај Мицкоски – од признанието за македонскиот идентитет до нарачаните текстови во медиумите

Доволно е да ги преслуша своите изјави за Преспанскиот договор и за нарачувањето текстови во медиумите.

„Затоа што колку повеќе го споменуваш Фројд, толку појасно станува дека неговите теории најдобро ги објаснуваат токму твоите постапки. Или, ако сакаш попрецизно и подиректно, подобро ќе беше ординацијата да ја побараш во сопствената влада, или поточно, во твојот кабинет“, рече Жерновски.

Тој потсети дека Мицкоски во опозиција со години ги убедуваше граѓаните дека со Преспанскиот договор е изгубен македонскиот идентитет, го обвинуваше СДСМ за предавство и ветуваше дека ќе го поништи договорот. Сега, во странство и на англиски јазик, самиот признава дека македонскиот идентитет е зачуван и дека македонскиот јазик е потврден во Обединетите нации.

„Дома ќе кажеш дека Преспанскиот договор ги зачува македонскиот идентитет и македонскиот јазик“, му порача Жерновски на Мицкоски и го повика да им се извини на граѓаните на кои со години им го тврдеше спротивното.

Како втор пример, Жерновски ја посочи изјавата на Мицкоски од интервјуто за нарачувањето текстови во медиумите. „Можеме да нарачаме текст каде сакаме, во кој било портал“, го цитираше Жерновски премиерот.

„Ех, Мицкоски, да можеше така како што нарачуваш текстови, така да си нарачаш и достоинство, чесност и чист образ“, порача Жерновски.

YouTube video

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хоџа: Заштитата на сливот на Вардар бара одржливо финансирање и меѓуресорска соработка

Заштитата на реката Вардар и одржливото управување со водите мора да бидат долгорочен државен приоритет, а за тоа се потребни координирани институции, меѓусекторска соработка и обезбедено финансирање. 

Хоџа: Заштитата на сливот на Вардар бара одржливо финансирање и меѓуресорска соработка

Ова го истакна министерот за животна средина и просторно планирање Муамет Хоџа на отворањето на „Денови на Вардар 2026“, посветени на иднината на управувањето со сливот на реката Вардар.

Хоџа посочи дека подготовката на Планот за управување со сливот на реката Вардар е важен чекор, но нагласи дека вредноста на еден план се потврдува преку неговата реализација, а не само преку неговото усвојување.

Во своето обраќање тој се осврна на напредокот во мониторингот, класификацијата на водните тела и идентификувањето на притисоците врз водите, што е нотиран и во Извештајот на Европската комисија за 2026 година. Но истакна дека управувањето со водите не може да биде одговорност само на едно министерство, бидејќи одлуките во земјоделството, енергетиката, индустријата и локалната самоуправа директно влијаат врз нивната состојба. „Водата не познава ресорски граници. Затоа, потребен ни е вистински меѓусекторски пристап, во кој институциите ќе дејствуваат координирано и ќе преземаат заедничка одговорност“, рече министерот.

Осврнувајќи се на прекуграничниот карактер на сливот на Вардар, Хоџа ја истакна важноста на континуираната соработка со Косово и Грција, како и поддршката од Швајцарија во областа на животната средина. Тој го поздрави и придонесот на научната заедница и младите професионалци, нагласувајќи дека знаењето, искуството и иновациите се важен дел од решенијата.

„Нашата цел не е само да подготвиме уште еден стратешки документ, туку да изградиме систем во кој одговорностите се јасни, институциите имаат капацитет да дејствуваат, средствата се обезбедени, а резултатите се мерливи и видливи. Тоа е нашата обврска кон граѓаните и идните генерации“, порача Хоџа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер