Нов бојкот на маркетите в петок

Граѓаните со нов бојкот на маркетите в петок, откако почнаа да се шират нови повици по социјалните мрежи насловени како „Црн петок за маркетите“ дел од оние кои ги анкетиравме велат го поддржале минатитот, ќе го поддржат и овој бојкот.

Оценуваат дека само со притисок може да се издејствува намалување на цените, а токму тоа дел од нив велат се случило во одредени маркети по целодневното непазарење минатитот петок. Иако граѓаните се сложни за бојкотот, дел од нив бараат мерки од надлежните за да се стави крај на високите цени на оснонвите прехрмабени производи.

Владата и овој пат го поддржа најавениот бојкот. А инспекторите на пазарен и денеска се на терен. Заменик министерот за економија Марјан Ристевски во изјава за Канал 5 вели анализите од инспекциите и ефектите од досегашните мерки ќе треба да покажат дали и какви чекори ќе се превземат во иднина за заштита на стандардот на граѓаните. Од пазарен вчера посочија дека освен основните прехрамбени производи се проверуваат и бебешката и детската прехрана,како и средствата за хиегиена, но и дека кога имало одредени мерки од надлежните, цените на останатите производи кои биле опфатени неконтролирано растеле.

„Се она што ќе биде утврдено со покаќување на цени а не одговара и се соодејствува со пазарната логика и економската состојба во државава ќе продуцира одредени казни согласно законите, а казните се високи поготово за поголемите правни субјекти. Сите овие анализи, ги зимаме и претходните кошнички така што во иднина ќе се знае што ќе превземе Владата....“-изјави Марјан Ристески – заменик министер за економија.

Дополнително Ристески најави дека ќе биде формирано до крајот на следната ќе се формира телото кое ќе ја пресметува новата потрошувачка кошничка, како што беше договорено на седницата на ЕСС. Правата задача ќе биде да се утврди нова методологија по која ќе се прават пресметките, бидејќи сегашната која ја пресметува ССМ, според заклучокот имала дискутабилни производи и затоа мора да подлежи на измени.

Москва: Американските компании загубија 300 милијарди долари со напуштање на рускиот пазар

 Директорот на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), Кирил Дмитриев, изјави денеска, пред почетокот на руско-американските преговори во Ријад, дека американскиот претседател Доналд Трамп е „човек кој решава проблеми“.

„Навистина гледаме дека претседателот Трамп и неговиот тим - тим кој решава проблеми, луѓе кои многу брзо, многу ефективно и многу успешно се соочија со голем број големи предизвици“, рече Дмитриев.

Тој посочи дека американските компании изгубиле околу 300 милијарди долари со напуштањето на рускиот пазар поради војната во Украина.

„Она што е важно е изнаоѓање заеднички економски патишта и позитивни решенија, пред се за САД и за многу други земји кои почнуваат да сфаќаат дека рускиот пазар е исклучително атрактивен и дека е неопходно да се биде присутен таму“, рече тој.

„Се разбира, денешните разговори со американската делегација се исклучително важни. Сите очи се вперени во тоа дали САД и Русија ќе успеат да ги подобрат своите односи, бидејќи нашите подобри односи ќе ни овозможат да решиме голем број глобални задачи и проблеми со кои се соочува светот во моментов“, им рече тој на новинарите пред руско-американските разговори во Ријад, додавајќи дека тој ќе биде одговорен за разговорите за „економскиот аспект“.

Дмитриев, поранешен банкар на Голдман Сакс, образован во САД, одигра голема улога во првите контакти меѓу Москва и Вашингтон за време на првиот претседателски мандат на Трамп.

СДСМ: Намалување на ДДВ за струја на 5 отсто ќе донесе значително намалување на сметките

Прифаќање на предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ за електрична енергија од 18% на 5%, ќе донесе значително намалување на сметките за струја на над 600.000 домаќинства.

За сметка од 3.000 денари, заштедата за граѓаните ќе изнесува околу 400 денари месечно.

Во услови кога животот станува сè поскап, сè повеќе семејства се соочуваат со финансиски тешкотии мерката на СДСМ за намалување на ДДВ за струја на 5% ќе донесе директно финансиско олеснување за граѓаните.

Евростат измери дека граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја во регионот.

Владата на Мицкоски покажа голема неспособност и незаинтересираност, наместо да им помогне на граѓаните ги остави сами.

Граѓаните се жалат дека јануарските сметки за струја им се зголемени од 20% до 30%, со што им е зададен уште еден сериозен удар врз нивните семејни буџети по серијата поскапувања на цените на производите, на храната но и на парното.

СДСМ ја повикува Владата и сите пратеници во македонското Собрание, да го прифати предлогот на СДСМ за намалување на ДДВ на струја од 18% на 5%, за да им се помогне на граѓаните да го прребородат овој тежок период.

СДСМ - Центар за комуникации со јавноста

Во Ријад почнаа преговорите помеѓу руската и американската делегација

 Во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад почнаа преговорите помеѓу руската и американската делегација за завршување на војната во Украина.

Како што јавија руските медиуми, преговрите се водат во една од палатите на кралското семејство, Дирија во комплексот Албасатин,

Во Ријад допатуваа шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и помошник-претседателот на Русија, Јуриј Ушаков. Американската делегација е предводена од државниот секретар Марко Рубио.

притисни ентер