ЖивотНов автомобил доби Азербејџанецот, кој со стара Лада носеше помош во Турција (ВИДЕО)Азербејџанецот Сервер Беширли кој со својот брат Имамверди Беширли го наполнија својот стар автомобил со работи и од својата трошна куќа во Баку се упатија кон Турција за да им помогне на жителите погодени од земјотресите, ќе добие нов автомобил.Во неговиот случај се оствари изреката дека доброто се враќа со добро. И покрај тоа што и самиот бил сиромашен, Сервер сакал да им помогне на оние кои останале без домови, а денес добил своевидна награда за својата добротворна работа. Турскиот бизнисмен Сабахудин Цивелек му подари нов автомобил, а тој му го предаде на својот татко Расим бидејќи Сервер се уште е во Адијаман. „Ние многу добро знаеме како е да се биде бездомник и да го изгубиш семејството на студ“, рече Сервер додека носеше јоргани, облека и ќебиња за да им помогне на луѓето на улиците. Решил да реагира веднаш штом ги видел сцените од Турција и како на луѓето им е потребна помош. Јорганите ги ставил на возилото и ги однел во центарот за помош за да пристигне во Турција. „Иако нашето возило не е во добра состојба, доволно е добро да ни послужи за транспорт на помош“, рекол Беширли и додал дека неговите роднини и пријатели веќе му кажале дека со својот чин ги „освоил“ социјалните мрежи. Depremin ilk günlerinde varını yoğunu aracına yükleyen yüce gönüllü #ServerBeşirli'yi hatırlıyorsunuz değil mi? Ülkücü büyüğümüz #SebahattinCivelek kendisine yeni bir araç hediye etti. Server, halen Adıyaman'da olduğu için araç babası Rasim amcaya teslim edildi. @ArifogluRauf pic.twitter.com/7DzeD1k5ll — 🇹🇷 Yitik - 𐰘𐰃𐱅𐰚 🇹🇷 (@yitiksevdalar) February 16, 2023 "И ние ја доживеавме оваа катастрофа. Имаше жени без облека и обувки. И ние го доживеавме тој период, го знаеме тоа чувство. Не помогнавме само ние, туку помагаат и другите Азербејџанци, дури и оние кои живеат во други земји. Бев сведок на ситуацијата кога девојка дојде, го соблече капутот и го даде во хуманитарни цели“, изјави Беширли. Dünya kadar sevgi 🇦🇿♥️🇹🇷 Bakü, 8 Şubat 2023. pic.twitter.com/uPtxlB4RKg — Dr. Ahmet Şairoğlu (Seninleyiz 🇹🇷) (@shahidovcom) February 8, 2023 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба на министерот Муцунски со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита ОрбанВо рамките на министерскиот состанок на неформалната група „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, оствари средба со министерката за надворешни работи на Унгарија, Анита Орбан.На средбата беше изразено задоволство од континуираниот развој на односите и одличната соработка меѓу двете земји, како на билатерален план, така и во рамките на регионалните и мултилатералните формати. Соговорниците ја потврдија заедничката заложба за натамошно продлабочување на соработката во областите од заемен интерес. Посебен акцент беше ставен на европската перспектива на Западниот Балкан и на потребата од континуитет и кредибилитет на процесот на проширување на Европската Унија, како важен поттик за реформите, развојот и стабилноста на регионот. Министерот Муцунски ја поздрави силната и континуирана поддршка од Унгарија за европската интеграција на Западниот Балкан. Воедно, беа разменети мислења за актуелните регионални и безбедносни предизвици, при што беше нагласена заедничката определба за зачувување на мирот, стабилноста и натамошно унапредување на регионалната соработка.Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија„Дамата со камелии“ – раскошна балетска приказна за љубовта на 28 ноемвриИзведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев.На 28 ноември со почеток во 19.30 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ – емотивна сценска приказна за љубовта, страста и жртвата, раскажана преку моќта на танцот и музиката на Џузепе Верди. Инспирирана од познатата приказна за Маргарита и Арман, претставата ја пренесува на балетската сцена љубовната судбина на двајцата главни ликови. Музиката на Верди, препознатлива по својата мелодиска убавина и силен емоционален набој, ја надополнува драматургијата и ја продлабочува приказната за љубовта, личните жртви и општествените ограничувања. Изведбата ќе биде под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан од Ерменија, додека кореографијата е на Василиј Медведев, еден од истакнатите руски кореографи, кој соработува со водечките балетски театри, меѓу кои „Бољшој“ во Москва и „Марински“ во Санкт Петербург. Сценографијата и костимографијата се дело на Павол Јураш од Словачка, а концерт-мајстор е Јане Бакевски. Во главните улоги на Маргарита и Арман ќе настапат Марија Кичевска Шокаровска и Франциско Хименес Руиз од Шпанија, заедно со солистите, балетскиот ансамбл и оркестарот на Националната опера и балет. Со раскошна сценографија, впечатливи костими, музиката на Верди и кореографијата на Василиј Медведев, „Дамата со камелии“ ја оживува безвременската љубовна приказна преку елеганцијата на балетскиот израз и силата на сценските емоции. Национална опера и балетТагови: балетска приказна Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМуцунски на министерски состанок на „Пријателите на Западен Балкан“ во АтинаМинистерот за надворешни работи Тимчо Муцунски денеска престојува во Атина, каде ќе учествува на министерскиот состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“. Учеството на Муцунски е на покана на грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, а состанокот ќе биде посветен на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и можностите за забрзување на нивниот пристапен процес кон Европската унија. Во Атина е Афродита Рамос. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook