Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
1Хаос во Реал Мадрид: Жозе Мурињо одби да се појави на прес-конференцијата по понижувањето на Винисиус
3Видео: По ураганот, пристигнува нова закана за жителите на Флорида и Алабама : „Подгответе се за најлошото“
ЗдравјеНов апарат за одредување бакар во урина и серум за пациентите со Вилсонова болестИнститутот за клиничка биохемија набави нов апарат Атом-апсорпциски спектрометар со кој може да се одредува концентрација на тешки метали, посебно на бакар во урина и во серум.Ова испитување е брз метод за утврдување вишок бакар во организмот во процесот на дијагностика, што е посебно значајно за пациентите со Вилсонова болест, кои користат хелаторска терапија, што помага вишокот бакар во организмот да се исфрли преку урина. Токму поради тоа, како што информира Министерството за здравство, следењето на нивото на бакарот во урина е едно од неопходните испитувања за следењето на прогресот на болеста и е директен показател на ефектите од терапијата. -Станува збор за апарат којшто ќе го користат пациентите со ретката болест Вилсон, коишто имаат зголемена количина на бакар во крвта. Над 30 пациенти во нашата земја боледуваат од оваа болест. Овој апарат значително ќе им го олесни пристапот до дијагноза, но и контрола, на тоа како влијае терапијата за оваа ретка болест. Тоа значи дека отсега па натаму, огромните суми на пари над 5 000, 6 000 илјади денари кои тие ги плаќаа во приватните амбуланти, сега само со партиципација од 200 денари ќе ја прават оваа анализа на Клиниката за клиничка биохемија. Буџетот за ретките болести во 2020 година е значајно зголемен и изнесува 527 милиони денари. Двојно повеќе од тоа што беше во 2017 година, рече министерот за здравство Венко Филипче при денешната посета на Институтот за клиничка биохемија. Рутинското извршување на оваа анализа под водство на Клиниката за клиничка биохемија е веќе ставено во шифрарникот на Фондот за здравствено осигурувње и е од огромно значење за веќе дијагностицираните пациенти со Вилсонова болест, во насока на следење на успешноста на терапијата и прогресот на болеста, а особено ќе придонесе во процесот на дијагностика. Вилсоновата болест е фатална доколку не се открие и не се лекува, но навремено откривање на болеста и редовна, соодветна терапија, им овозможува на овие пациенти нормален живот, со минимални диететски рестрикции. Директорката на Институтот, Џемиле Јусуфи посочи дека со новата апаратура може да се работат анализи за присуство на бакар и цинк, а понатаму во зависност од потребите ќе може да се набават и дополнителни лампи за дијагностика на други тешки метали. – Институтот за клиничка биохемија доби нов апарат, еден од најсовремените апарати и од најпознатите производители од брендот Елме кој е многу стабилен и е многу прецизен апарат со кој ќе имаме можност да испитуваме тешки метали. Особено е важно во овој момент што ќе почнеме со испитување на бакар во урина на пациентите кои боледуваат од Вилсонова болест, параметар кој е многу важен за следење на терапијата и за следење на прогресот на болеста. Ова е долгогодишно барање на пациентите кои боледуваат од оваа болест и среќни сме што ќе можеме конечно да работиме со овој апарат и да им бидеме од помош на пациентите кои имаат потреба од ова испитување, потенцираше директорката Јусуфи. Атомската апсорпциска спектометрија е најсигурната метода за извршување на оваа анализа, која резултира со најголема точност и се совпаѓа со резултатите од странските референтни лаборатории. -Главната цел за која го формиравме здружението Вилсон Македонија е да обезбедиме што подобар третман за лицата со Вилсонова болест, како ретка болест. Кога зборуваме за третман, не мислиме само за терапија, туку и за целиот процес, од дијагностика до лекување и следење на болеста. Токму затоа сме многу среќни што успеавме со голема посветеност на Клиниката за клиничка биохемија и поддршка од Министерството за здравство да стигнеме до најдобриот начин за одредување бакар во урина, како главна дијагностичка мерка, како главна мерка со која се следи болеста. Ние како пациенти, но и самата држава направи многу голем чекор со донесување на лековите, но нашата борба не заврши тука и сме среќни што конечно ова стапува во функција и се надеваме дека редовното извршување на оваа анализа ќе им овозможи на пациентите да ја прават оваа анализа, истакна Ања Босилкова Антовска, пациентка со оваа ретка болест и членка на Здружението „Вилсон Македонија".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00
МетеоУХМР: Следува период со променливо време, на планините се очекува и снег Завршија топлите и сончеви денови.. Дождливото и ветровито време ќе продолжи и во следните денови, а според прогнозата од синоптичарите, наскоро на повисоките планини ќе падне и снег. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМакедонија го одбележува 11 ОктомвриМакедонија денеска го слави 11 Октомври е денот кога во 1941 година со нападите во Прилеп и Куманово започна организиранот антифашистичко востание за слобода и сопствена држава.Овој голем празник останува морален компас кој потврдува дека македонскиот народ секогаш ја избрал вистинската страна на историјата. Борбата од 1941 година ги постави темелите на АСНОМ и на современата независна Македонија. Со низа свечености денека се одбележува празникот. Централниот настан е во Куманово... Таму е Михаило Донев, го имаме во живо.. Михаило како помина настанот? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: 11 Октомври Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Македонија „Безбеден град“ се шири во југозападниот регионКамерите од системот на МВР „Безбеден град“ од утре ќе бидат вклучени и на подрачјето во Охрид, Струга, Кичево и Дебар. МВР информира дека по извршените технички проверки и финалните тестирања, камерите на системот ќе бидат ставени во функција. Оттаму апелираат до сите возачи доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со одговорно однесување да придонесат за поголема безбедност во сообраќајот. -По извшените технички проверки и финалните тестирања камерите на системот ќе бидат ставени во функција во подрачјето на СВР Охрид. Со активирањето на системот ќе се овозможи засилена и континуирана сообраќајна контрола навремено откривање на сообраќајните прекршоци, зголемување на сообраќајната дисциплина и унапредување на безбедноста на патиштата. изјави – Гоце Андреевски –портпарол на МВР. Системот „Безбеден град“ во државата е во функција од 1 февруари годинава а од неодамна ја стави во функција веб апликацијата Безбеден град наменета за странските државјани каде според МВР заклучно со 05.10.2026 регистрирани се вкупно 53.437 прекршоци од странци. -23.202 прекршоци биле евидентирани во периодот од 19 до 31 август, во септември нивниот број се искачил на 27.723, додека во првите пет дена од октомври биле регистрирани уште 2.512 прекршоци. МВР. Во меѓувреме, додека МВР најавува проширување на системот „Безбеден град“, кој веќе регистрира и мотоциклисти што ја надминуваат дозволената брзина, на социјалната мрежа ТикТок се појави видео на кое се гледа како мотоциклист со голема брзина се движи по булеварот „Партизански одреди“ во Скопје, претекнува возила непосредно пред пешачки премин и вози на едно тркало. Снимката е направена во близина на Универзалната сала, на истата локација каде што во јануари 2025 година животот го загуби 22-годишната Фросина Кулакова. Од МВР побаравме информации дали мотоциклистот од видеото е идентификуван и дали се преземени мерки против него, но до овој момент од Министерството не добивме одговор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 11 Октомври15:16Собрание: Нека ни е честит 11 Октомври 09:14Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00Царинска управа: на Богородица спречен шверц на заштитени видови змии 12:41Доживотна затворска казна доби серискиот убиец Трајко Бојковски од Старо Нагоричане18:15
Мицкоски: Дијалогот со Бугарија ќе продолжи и очекувам во определена фаза ставовите да се приближат15:00