Нов анекс на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, краен рок за завршување мај 2027 година - Канал 5

Нов анекс на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, краен рок за завршување мај 2027 година

Со дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево - Охрид, што ги изгласа синоќа Собранието.

Нов анекс на Договорот за автопатот Кичево-Охрид, краен рок за завршување мај 2027 година

Со нов анекс на Договорот за изградба на автопатот Кичево - Охрид што ќе го потпишат Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) и изведувачот кинески „Синохидро“ треба да се овозможи дозвршување на градежните работи на автопатот во изградба, при што се предвидуваат дополнителни 186 милиони евра, а ревидираниот краен рок за завршување е 31 мај 2027 година, со којшто се обезбедуваат уште 151 ден за добивање употребна дозвола на автопатот.

Дополнителните финансии се за активностите што беа најавени за стабилизација на свлечишта со изградба на 14 галерии, поставување еластична одбојна, изградба на паралелни пристапни патишта што не биле предвидени за поврзување на населените места, како и за контролен центар за тунелите.

Со дополнувањата на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево - Охрид, што ги изгласа синоќа Собранието, се предвидува да се случи Анекс бр. 8, за автопатот во должина од 57 километри што се гради од 2014 година, а од кој досега се пуштени 40-ина километри.

- Интензивно се работи на проектот, задоволен сум со динамиката што ја има и со овој анекс конечно ќе го завршиме автопатот Кичево - Охрид, рече вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, образложувајќи ги законските измени во матичната собраниска комисија.

Тој изнесе три причини за новиот анекс истакнувајќи дека првата е потребно да се дозавршат градежните работи за целосно и квалитено завршување на проектот со работи што не биле предвидени од основниот проект, како што е тоа дека кога се работел проектот во 2013 и 2014 година не се направени ниту геотехнички истражувања. - За таа цел предвидуваме непредвидени работи за стабилизација на свлечишта. Ќе се градат 14 галерии долж автопатот. Ќе се изведат и дополнителни работи за еластична одбојна ограда, со примена на европски стандарди, а која не била предвидена воопшто. Непредвидени дополнителни финансиски средства за изградба на контролен центар за тунелите кој ќе служи и за тунелот што ќе се гради на делницата Кичево-Букојачни, рече Николоски.

Исто така, дополни, дополнителни работи за паралелни пристапни патишта што не биле предвидени во првичниот план, а се предвидени во Анекс бр. 3 (2018 г.) и Анекс бр. 6, (2024) како и укажување од надзорот за потребата од изградба на останатите паралелни патишта, како неопходни за функционалност и сообраќајно поврзување на населените места долж автопатот. Тоа се пристапни патишта од село Арбиново до село Издеглавје, од село Издеглавје до Ново село, од Ново Село до село Ботун, од Мешеиште до Требениште, од Требениште до Подмоље и до Охрид. И останата проектна документација за поврзување на локални патишта со паралелни пристапни патишта.

- Ова е причината зошто се прави овој прв корпус на измени што ќе значи дополнително финансирање на проектот во износ од 186 милиони евра, наведе Николоски, дополнувајќи дека тие средства ќе бидат обезбедени од Јавното претпријатие за државни патишта, инвеститор во име на државата.

Втората причина, како што рече, е употребната дозвола за автопатот за која што се дава рок од 151 ден, а третиот дел се однесува на барањата за надомест а изведувачот се откажува од сите досегашни и сите потенцијално нови кои би биле поднесени до 31.12. 2026 година.

- Со потпишувањето на Анекс бр.8, Инвеститорот и Изведувачот се согласни дека Изведувачот има право на продолжување на Рокот за завршување за дополнителни 151 ден, согласно потточка 8.4 од Општите и Деталните услови на Договорот. Согласно потточка 1.1.3.3 од Детални услови на Договорот Дел А (Договорни податоци) и потточка 8.4 од Деталните услови на Договорот Дел Б -Детални одредби, Рокот за завршување на работите се менува од 4627 во 4778 дена во дел А- Договорни податоци (Додаток кон понудата). Според тоа, ревидираниот краен рок е 31.05.2027 година, се вели во нацрт-анексот на Договорот.

Како што наведува Надзорот за изградбата на автопатот, Градежниот институт Македонија, инвеститорот доставил измени и дополнувања на четири основни проектни целини (поставување на еластична одбојна ограда по МКС EN 1317, примена на технички мерки за заштита на усеци и стабилизација на свлечишта, паралелни пристапни патишта, контролен центар за тунел Пресека).

- Согласно условите на Договорот по FIDIC Red Book, Клаузула 8.4 (а), при промени или значителна промена на квантитетот на работите, Изведувачот има право на продолжување на рокот за завршување. Надзорот смета дека: предложениот рок за завршување до 31.05.2027 година е реално остварлив технички оправдан; условен е со добра организација на работите од страна на Изведувачот, а неопходно е Инвеститорот да обезбеди услови за непречено одвивање на работите и навремено финансиско сервисирање на обврските - се вели во мислењето од Надзорот.

По 11 години изградба на автопатот Кичево-Охрид на 13 јули лани беа пуштени првите 20 километри, на потегот од Врбјани до Ботун, а на 7 септември уште една делница, Климештани-Охрид, во должина од 17 километри. За изградбата заклучно со крајот на минатата година реализирани се 557.985.782 евра или 93,3 проценти од предвиденото.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Светската музичка ѕвезда пејачката Кристина Агилера најави изненадување за Ноќта на вештерките преку провокативни фотографии, но сè уште нема откриено каков костим подготвува.

Фото: Кристина Агилера гола во када: Интимни делови ги покри со еден детаљ

Американската пејачка Кристина Агилера повторно го привлече вниманието на социјалните мрежи. Овој пат, таа објави провокативна фотографија на која позира гола во када, покривајќи ги интимните делови од телото со емоџија во форма на духови.

Покрај објавата, пејачката напиша: „Подготовки за Ноќта на вештерките во последен момент“, наговестувајќи дека подготвува нов костим за претстојниот празник. Сепак, таа не откри во што планира да се маскира оваа година.

Фотографиите брзо предизвикаа бројни реакции кај нејзините следбеници. Додека некои упатија комплименти, други се пошегуваа на сметка на долгото чекање за нова музика.

„Се надевам дека овогодинешниот костим е поп-ѕвезда која наскоро ќе издаде нова музика“, напиша еден корисник на социјалните мрежи.

Агилера, која јавноста ја памети по хитови како „Genie in a Bottle“ и „Ain’t No Other Man“, го издаде својот последен албум со нови песни во 2022 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица.

Советот на ЦБ на Црна Гора и ја одзеде лиценцата на Алта Пеј

На денешната седница, Советот на Централната банка на Црна Гора (CBCG) донесе одлука за одземање на овластувањето за давање платежни услуги на платежната институција „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, откако во спроведената постапка беше утврдено дека законски пропишаните услови за вршење на оваа дејност повеќе не се исполнети.

Одлуката е донесена во согласност со Законот за платен промет, врз основа на сеопфатна проценка за исполнетоста на регулаторните барања, вклучително и критериумите кои се однесуваат на подобноста на квалификуваниот учесник, како и на обезбедувањето стабилно, безбедно и законито работење на платежната институција. Од CBCG нагласуваат дека оваа одлука не претставува ризик за финансиската стабилност на Црна Гора, ниту пак влијае врз редовното функционирање на платниот систем.

„Alta Pay Group“ DOO Подгорица не е банка, не прима депозити од граѓани и правни лица и нема никакво влијание врз стабилноста на финансискиот систем на Црна Гора.

Централната банка навремено ги презеде сите неопходни активности во рамките на својата надлежност, со цел да се обезбеди уредно исполнување на обврските на „Alta Pay Group“ DOO Подгорица, имајќи ги предвид тековните случувања, како и да се заштитат интересите на корисниците.

Советот на ЦБЦГ потврдува дека финансискиот систем на Црна Гора е стабилен, а платниот промет функционира редовно и безбедно. Граѓаните и стопанството можат и понатаму да ги користат платежните услуги на банките и на другите овластени даватели на платежни услуги во Црна Гора.

Централната банка ќе продолжи одговорно, навремено и транспарентно да ја информира јавноста за сите прашања од значење за безбедноста на платниот промет и стабилноста на финансискиот систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Манасиевски: Брвеница заслужува проекти, а не поделби: Волјата на граѓаните ја почитуваме, поддршката од Владата продолжува

Голема благодарност до секој еден жител на општина Брвеница кој го даде својот глас за нашиот кандидат Стојанчо Радичевски, кој во својата програма вети подобра иднина, повеќе инфраструктурни проекти и нови улици, наспроти поделбите по етничка линија од страна на ДУИ, директно и индиректно поддржана во вториот круг од СДС, политичката партија Левица и ВРЕДИ.

Додека ние ја потенциравме силата на единството, за една Брвеница за сите, нашите опоненти максимално го искористија национализмот и повикаа гласањето да биде врз основа на етничка припадност, а не врз основа на програма, визија и проекти.

По овие избори, граѓаните, Македонци и Албанци, ќе очекуваат проекти, а не национализам. Ќе очекуваат резултати, а не демагогија за тоа од која политичка партија доаѓа градоначалникот.

За нас резултатот е повеќе од одличен, затоа што, споредено со последните парламентарни избори, имаме 1.300 гласови повеќе. Иако тоа не беше доволно за победа, ВМРО-ДПМНЕ бележи раст во бројот на освоени гласови.

Почитувани граѓани,

Во првиот круг од овие предвремени локални избори, апсолутно ги декласиравме нашите директни опоненти, СДС и политичката партија Левица, кои беа на четвртото и петтото место на изборите.

Жалиме што ВРЕДИ во Брвеница ја пропушти можноста да биде поразличен од ДУИ, исто како што се покажа и дека кандидатите на СДС и Левица беа тројански коњ во корист на ДУИ, за да ги трошат гласовите на гласачкото тело.

Сами против сите.

Го почитуваме резултатот, а волјата на граѓаните е неприкосновена.

Сепак, Брвеница нема да биде заборавена. Владата, предводена од премиерот Мицкоски, ќе продолжи да го помага и да вложува во развојот на Брвеница.

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер