Носијата за млада невеста од Струшко првонаградена на фестивал во Нови Сад - Канал 5

Носијата за млада невеста од Струшко првонаградена на фестивал во Нови Сад

Носијата за млада невеста од збирката на стружанецот Љупчо Милошески ја добри првата награда на фестивалот „Бисерна грана“ во Нови Сад, Србија во категоријата „Награди за странски држави“.

Носијата за млада невеста од Струшко првонаградена на фестивал во Нови Сад

Носијата, како што информира за МИА, Милошески, е од етничкиот предел Струшки Дримкол и припаѓала на етничката група Власи „Фашарјоти“, од селото Горна Белица.

На 17. издание на Фестивалот во Нови Сад, учесниците се натпреварувале во две категории, односно за народни носии од Србија и за народни носии од други држави.

- Задоволство ми е што во конкуренција со сериозни колекционери и собирачи на народни носии, меѓу 50-тина ревијалци, токму носијата од мојата колекција го освои првото место, изјави Милошески.

Носии од неговата колекција, трет пат се дел од фестивалот „Бисерна грана“, а втор пат се враќа со награда.

- Се работи за една сериозна манифестација, на која главниот збор го има четири члена жири комисија од етнолози и познавачи на народните носии, позната во Србија и регинот меѓу собирачите на народни носии, истакна Милошески, нагласувајќи дека е убаво чуството кога се вреднува и препознава трудот.

Покрај наградената носија, на Фестивалот во Нови Сад, биле презентирани и презентирав и носии за невести од етничките предели: Дебарско Поле и Голо Брдо - село Дренок од колекцијата на Милошески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Гламурозно порше 911

Славната француска модна куќа  „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Видео: Гламурозно порше 911

Славниот „Louis Vuitton“ и компанијата Singer Vehicle Design од Калифорнија ги здружија силите за да претстават два исклучително ексклузивни модели на Porsche 911 на настанот „Monterey Car Week“.

Овие возила, засновани на генерацијата 964, се изработени како целосно персонализирани автомобили.

Соработката започна со барање за пренослив часовник за на контролната табла, инспириран од колекцијата Tambour на Louis Vuitton, но прерасна во проект што го опфаќа дизајнот на автомобилите, ентериерите, багажот и модните додатоци.

Првиот автомобил, „Porsche 911 Reimagined by Singer – Classic“, се одликува со комбинација на бои во нијанси на шафран, кобалт сина и жолта, каросерија од карбонски влакна и атмосферски 4,0-литарски „flat-six“ мотор со 420 КС, поврзан со шестстепен мануелен менувач.

Вториот е „Classic Turbo Cabriolet“ во светла нијанса „Calcaire Lutétien“; неговиот дизајн е дело на Николас Гескјер, уметнички директор за женски колекции во „Louis Vuitton“, а го придвижува 3,8-литарски „flat-six“ мотор со два турбополначи што испорачува приближно 510 КС.

Француската модна куќа не застана само на логата и тапацирот; автомобилите се придружени со специјално изработен багаж, облека и модни додатоци од Louis Vuitton, додека моделот „Turbo Cabriolet“ се одликува и со елегантни дрвени украсни елементи, часовник „Tambour“ и детали што ги спојуваат световите на луксузните автомобили и високата мода.

Цените за овие два примерока не се обелоденети, но станува збор за исклучително ексклузивни проекти на компанијата „Singer“, каде што секој автомобил се изработува според специфичните барања на сопственикот; самата компанија е специјализирана за реставрација и модерна реинтерпретација на класичните модели на „Porsche 911“ со воздушно ладење, пренесува „Motor1“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Јавно објавени фотографии и видео на кое се гледаат лица во костими за капење како се качуваат по надворешниот ѕид на потонатата црква Свети Никола во Маврово предивикаа бура од реакции на социјалните мрежи.

Туристи во костими за капење се качија на црквата во Мавровско езеро, низа реакции на социјалните мрежи

Авторот на фотографиите вели дека станува збор за претежно странски туристи кои пристигнале организирано со комбиња и се качиле директно на црквата, при тоа облечени несоодветно за црковен простор.

Она што особено загрижува е тоа што ваквото однесување може да доведе до оштетување на самиот објект, се вели во објавата, во која се повикуваат надлижните да реагираат за да се заштити еден од најмаркантните објекти во Маврово и Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Животната приказна на Алекса Зајлер, 26-годишна германска голманка, не е обична спортска приказна.

Фото: Атрактивна фудбалерка добива критики поради шминка и танга: Не се вознемирувам од глупави коментари.

Родена во мало место во близина на Карлсруе, Зајлер ја градела својата кариера на два континента, соочувајќи се со длабоко вкоренети предрасуди покрај вообичаените спортски предизвици.

Нејзината преселба во САД – каде што поминала четири години – ја обликувала и како спортистка и како личност, давајќи ѝ сила да се справи со критиките по враќањето дома и да изгради кариера под сопствени услови.

За млада жена од мирен германски град, одлуката да се пресели во Чикаго била тешка.

Во интервју за еден универзитетски подкаст, таа го опишала тој процес како „мачен“, истакнувајќи дека претходно никогаш не патувала надвор од Европа. Сепак, желбата да се докаже и да ги усоврши своите спортски вештини надвладеала над стравовите.

Таа се запишала на Државниот универзитет во Чикаго, каде што веднаш станала прв голман на тимот „Кугарс“ (Cougars). Овој потег барал не само прилагодување кон нов јазик и култура, туку и градење нов идентитет, далеку од семејството.

Нејзиното искуство во Америка опфаќало многу повеќе од само фудбал. За време на четирите години поминати на универзитетите „Чикаго Стејт“ и подоцна „Индијана Стејт“, Сајлер стекнала самодоверба што се покажала како клучна за нејзината понатамошна кариера.

Таа научила да биде независна, да се справува со притисокот и да ја сфати сопствената вредност надвор од спортскиот терен.

Сега атрактивната Алекса полна со самодоверба е многу активна на социјалните мрежи каде објавува и сексапилни фотки кои ја воодушевуваат нејзината машка публика.

Во интервју за германскиот медиум BNN, таа изјави: „Не се вознемирувам од глупавите коментари за женскиот фудбал и за фудбалерките“.

Критиките не се однесуваа само на нејзината игра, туку и на нејзиниот изглед – вклучително и коментари за тоа дека се шминка за време на натпреварите, додека истовремено често објавува фотографии во оскудни костими за капење на социјалните мрежи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер