3Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?
Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
1Над 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации
ЕвропаНорвежаните градат технолошко чудо- тунел на 400 метри под морето, вредно две милијарди евра (ВИДЕО)Норвешка го гради најдолгиот и најдлабок подводен тунел во светот, кој ќе го скрати времето на патување помеѓу големите градови и ќе стане дел од автопат без ферибот по должината на западниот брег на земјата.Тунелот долг 27 километри се нарекува Рогфаст, кратенка од „Rogaland fastforbindelse“, по регионот во кој се наоѓа и норвешкиот збор за „фиксна врска“. На најдлабоката точка, ќе биде 1.260 стапки (392 метри) под нивото на морето, објави Си-Ен-Ен. Проектот беше обновен во 2021 година Работата започна во јануари 2018 година, но беше прекината на крајот на 2019 година поради очекувано пречекорување на трошоците. Проектот беше обновен кон крајот на 2021 година, а се очекува тунелот да биде завршен во 2033 година и ќе чини околу 25 милијарди норвешки круни (околу две милијарди евра). „Тунелот значително ќе ја подобри поврзаноста по должината на западниот брег на Норвешка, создавајќи побрза и посигурна врска помеѓу регионите Ставангер и Хаугесунд“, изјави Ан-Брит Моен, раководител на проектот во Сканска, која го гради северниот и најдлабок дел од тунелот. Со замена на сегашните фериботски врски, Рогфаст ќе го скрати времето на патување помеѓу Берген и Ставагенер за околу 40 минути, олеснувајќи го секојдневното патување до работа. Тимовите се спојуваат на средината Тунелот ќе има два одделни премини со цевки со по две ленти, додека на половина пат низ тунелот ќе има двоен кружен тек длабок 260 метри, поврзан со тунел што води до островот Квитсеј. Изградбата на тунел со оваа должина под морето бара напредни технолошки методи. Работата се изведува истовремено од двата краја, со цел да се поврзат двата градежни тима во средината со маргина на грешка од само пет сантиметри, користејќи ласерски мерни уреди и други софистицирани уреди за следење и креирање дигитален модел на тунелот. Рогфаст ќе биде подлабок од кој било подводен тунел во светот, додека тунелот Сејкан во Јапонија и тунелот под Ла Манш, кои моментално се најдолги, се значително поплитки.Тагови: морето тунел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНад 141.000 лица во Македонија живеат со дијабетес: Раното откривање може да спречи тешки компликации141.891 лице со дијабетес има во Македонија. Во 2025 година биле евидентирани нови 6.614 новодијагностицирани случаи, покажуваат податоците од националниот регистар на Институтот за јавно здравје. По повод 14 ноември, Светскиот ден на дијабетесот годинава се одбележува под мотото „рано дејствување против дијабетесот“. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само растИндустриското производство бележи позитивни движења.Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМПовеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата. Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ - Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ. ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00