Станува збор за ретко откритие , преку кое ќе може да се реконструира брод со кој патувале познатите викиншки поморци. Остатоците биле откриени со современ радар , југоисточно од Осло , а под бродот имало викиншка гробница.
,, Среде горобиштата откривме аномалија , нешто што има јасен облик и димензии на викиншки брод. “ , вели археологот Кнут Пааче од норвешкиот Институт за истражување на културното наследство. ,,За сега не можеме да кажеме во каква состојба се остатоците од бродот.” , додаде археологот.
Според преданијата, Викинзите во бродови ги закопувале истакнатите членови на заедницата , а со нив полагале и се што им треба за задгробниот живот. Бродовите се реткост , зашто биле запалувани заедно со телото на починатиот.